Плата од 50.000 ден.
За компанијата: Брендот b watch 1920 е многу добро познат кај нас. Датира уште во далечната 1920 год, започнувајќи како семејна традиција на продажба, дистрибуција како и сервисирање на висококвалитетни часовници и накит.
повеќе за компанијата » Маркетинг Специјалист
b watch 1920 како ценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба од проширување на својот тим.
Потребни ни се кандидати на возраст од 25 до 35 години кои се докажани ескперти во својата област и ги поседуваат неопходните вештини за успешно продолжување на својата кариера во нашиот искусен тим.
Краток опис на работните задачи и одговорности:
- Предлог и следење на маркетинг буџет и активности на социјални медиуми
- Одговорност за бренд менаџмент и репутација на компанијата
- Координирање со надворешни маркетинг лица и и агенции за дизајн
- Креирање, имплементација и следење на онлајн и офлајн кампањи
- Изработување на креативи кои ќе се промовираат
- Следење на светските трендови во маркетинг сфера
- Активно водење според моделот plan, do, review.
- За координирање и за одговорноста за својата работа одговара пред Топ Менаџментот.
- Развивање на маркетинг стратегија во согласност со целите на компанијата и следење на успешноста
Потребни квалификации:
- Задолжително работно искуство во областа на маркетинг од минимум 2 години.
- Завршено високо образование - Економски Факултет - Маркетинг/ Е- Бизнис
- Посветеност и одговорност кон задачите, одговорностите и работата
- Флексибилност кон работното време за период кога обврските го наложуваат тоа.
- Одлично познавање на Англиски јазик
- Одлично познавање на социјални медиуми
- Одлично познавање на Office пакетот
- Желба за понатамошно учење и развој
- Совесност, одговорност и самомотивираност.
Потребна документација:
- CV не постаро од 6 месеци
- Пријавено соодветно образование во агенцијата за вработување
- Останати сертификати од неформално образование би се сметале за предност
Ние нудиме/ Вие добивате:
- бонуси по остварени таргети
- мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се важни
- можност за работа со искусен тим за продажба и уникатна шанса да се научи од експерти во оваа област
- Средина која овозможува на своите вработени да растат паралелно со растот на b watch 1920
Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во
просториите на b watch 1920 . Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Ве покануваме доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за
позицијата и ги исполнувате сите горенаведени точки испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 15.07.2024 на hr@bwatch.mk со назнака “Маркетинг Специјалист”
Поврзани огласи »