Промовирани огласи »

Македонците во се поголем број ја бараат надвор своја среќа кога се работи за кариерата, а некои од најчестите земји се Германија, Малта, Австрија и Швајцарија. Четврта година по ред, токму Швајцарија е прогласена за најдобро место во светот кога станува збор за привлекување и грижа за квалификувани работници.

Швајцарија доби пофалби за својот висококвалитетен образовен систем и фокусот на таленти, како и за можноста да привлече професионалци од странство со висок животен стандард и солидни плати. Во Швајцарија се цени секоја работа и работник без разлика од каде доаѓа и при тоа е материјално се мотивираат за уште поголема ангажираност. Ова се причините што се повеќе Македонци се обидуваат да се населат во Швајцарија и таму да ја продолжат својата кариера.

На второ место се најде Данска благодарение на еднаквите можности кои ги нуди данското општество, а третото место му припадна на Луксембург поради постојаните инвестиции во работната сила во последниве години, пренесува Bankar.me.

Еве ги првите 10 земји на листата која опфати 63 различни пазари: Швајцарија, Данска, Луксембург, Исланд, Шведска, Австрија, Норвешка, Канада, Сингапур и Холандија. САД е рангирана на 15-то место, веднаш позади Германија (11), Австралија (13) и Хонг Конг (14). Ирска е на 18-то место, Тајван е на 20-то, а Велика Британија на 23-тата позиција.

На дното се Русија, Бугарија, Мексико, Романија, Колумбија, Бразил, Венецуела, Словачка, додека Индија и Монголија се последни на листата

Промовирани огласи »

Биткоинот денеска падна на најниско ниво во последните 10 дена, поради распродажбата што се прошири на други помали дигитални монети.

Биткоинот, најголемата крипто валута во светот, падна за дури 13 проценти на 16.317 американски долари, од највисоките 19.521 долари во средата.

Според последните податоци, тргувањето во моментов е во пад од 8 проценти.

Во текот на годинава, биткоинот зајакна за околу 150 проценти, достигнувајќи ниво малку под својот рекорд на сите времиња, од 19.666 долари.

Неговиот раст е поттикнат од побарувачката за поризични средства, но оние што се сметаат за отпорни на инфлацијата, како и очекувањата дека крипто-валутите ќе бидат широко прифатени како платежно средство.

Дванаесетгодишната историја на биткоинот е проследена со огромни подеми и подеднакво остри падови.

Промовирани огласи »

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов потврди дека Град Скопје нема намера да се откаже од новогодишното украсување, иако некои општини до сега објавија дека нема да трошат пари за оваа намена во период на корона-криза.

Градот од вчера почна со новогодишно украсување, а планот е до 5 декември Плоштадот Македонија и улиците во центарот на градот да светнат со новогодишни украси и светилки. Според Шилегов, празничната атмосфера не треба да биде жртва на пандемијата.

„Оваа година на нашите дечиња им е одземено многу, детството, училишната година, играта со другарчињата, радоста. Сметам дека во оваа тешка година и мрачно време во коешто живееме, не треба на светол момент како што е Нова година, да останеме неми. Немаме право да го направиме тоа, немаме право да им ја одземе надежта и радоста на граѓаните и децата“, изјави градоначалникот за СДК.

Годинава градот само ќе биде украсен, нема да се организира новогодишната манифестација „Винтерленд“, ниту ќе има прослава за дочек на Нова година.

Тендерот за новогодишно украсување на градот чини 200.000 евра.

Промовирани огласи »

Од денеска па до вторник банките ќе ги исплатуваат пензиите за месец ноември. И овој месец, а поради пандемијата примањата на пензионерите се исплатуваат предвреме, а банките вршат исплата во готовина на граѓаните кои немаат картички. 

Пензиите се исплатуваат според утврдена динамика, по денови во зависоност од висината на пензијата. 

Пензиите до 11.000 денари се исплатуваат денеска. 

Пензиите од 11.001 до 14.000 денари утре, петок. 

Исплататата на пензиите од 14.001 до 18.000 денари ќе се изврши во понеделник

А пензиите над 18.001 ќе се исплатуваат во вторник.


  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »