Промовирани огласи »

Швајцарија и скандинавските земји најмногу ги ценат работниците. 

Земја која нуди најмногу можности за работниците е Швајцарија. Таа е пофалена за нејзиниот висококвалитетен образовен систем и фокусот кон таленти. Швајцарија е земја која привлекува професионалци од странство со висок животен стандард и високи плати.

Зад неа се Данска, Луксембург, Исланд и Шведска на светската ранг листа за таленти на IMD. Зад нив се најдоа Австрија, Норвешка, Канада, Сингапур и Холандија. 

Последните 10 години најпопуларна земја за Германците е Швајцарија. И тие се селат во држави кои нудат повисоки плати. 

Промовирани огласи »

Месецов работниците ќе треба да добијат К-15. 

Работниците очекуваат да им биде исплатен регрес за годишен одмор до крајот на годинава. Минималниот изос на регресот е 10.884 денари. Но, фирмите кои не оствариле добивка годинава не се обврзани да исплатат К-15. Сепак, за ваквата состојба тие треба да ги информираат работниците. Синдикатите најавуваат тужби како за приватниот, така и за институциите кои нема да ја реализираат обврската.

Сумата е утврдена врз основа на податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен. 

Основен услов кој треба да се исполни одреден вработен за да добие К-15 е најмалку 6 месеци да работи во годината кај ист работодавач.

За работодавцачите кои нема да дадат К-15 или пак ќе го побараат назад од вработените, се пропишани парични казни до 4.000 евра.

Промовирани огласи »

Со обука на наставници денеска официјално ќе почне пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование (ССО) во земјава, кое го најави Министерството за образование и наука.

Воведувањето сеопфатно сексуално образование во основните училишта, според МОН, ќе значи унапредување на родовата рамноправност, но и превенција од сексуалното вознемирување и насилството. Ова образование значи знаења за начините за заштита, однесување и предизвиците коишто ги носат пубертетот и развојот до адолесценција.

Министерката Мила Царовска неодамна соопшти дека пилот-програката ќе опфати четири училишта – две урбани и две рурални со настава на македонски и на албански јазик, за потоа ова образование да се интегрира во наставните курикулуми.

Во процесот е вклучено Бирото за развој на образованието, невладината ХЕРА, како и меѓународни организациии – УНЕСКО, УНДП, СЗО, УНФПА – Фонд за население на ООН.

Како што најави ХЕРА, првиот дел од обуката за наставници ќе се одржува од денеска до 4 декември во хотелот „Александар палас“, а вториот дел ќе биде онлајн.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 8 декември, вторник, „Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Свети Климент Охридски (роден во околу 840 година – починал на 27 јули 916 година во Охрид) — еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените.

Свети Климент Охридски бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3.500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.

Денеска Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »