Промовирани огласи »

Сеопфатно сексуално образование од следната учебна година ќе биде дел од образовниот процес. Целта е младите да бидат соодветно образувани и информирани, што ќе значи унапредување на родовата рамноправност, но и превенција од сексуално вознемирување и насилство.

“Во наставните програми до сега не се зборувало ниту за емоции, ниту за лично прифаќање, ниту за насилство, ниту за градење на релации и емоции со семејството, надвор од семејството, со врсниците и со опкружувањето со кое што живееме. Токму ова се теми што треба да влезат во новата курикула”, вели Мила Царовска, министерка за образование и наука.

“Во последните 10-11 години патот не беше толку едноставен. Не постоеше доволно политичка волја, имавме доста опструкции од страна на училиштата, од различни други институции. Меѓутоа, денес, малку работите се сменети”, вели Бојан Јовановски од невладината организација ХЕРА.

Од денеска започна обука на наставници од четири училишта кои ќе бидат дел од пилот програмата за сеопфатно сексуално образование. Програмата ќе се реализира со учениците од деветто одделение, но не како засебен предмет, туку темите ќе се интегрираат во рамки на другите наставни предмети.

“Да постигнеме да се грижиме за исполнување на стандардите од аспект на социјален и емоционален развој на децата, а исто така да овозможиме да имаме средина, односно да ги исполниме целите на основното образование, а тоа е да се грижиме за целокупниот развој на нашите деца”, вели Ајша Ајрулаи, од Бирото за развој на образованието.

Истражувањата покажуваат дека државите каде сексуалното е дел од формалното образование имаат помала стапка на малолетничка бременост, младите повеќе се грижат за своето здравје и многу повеќе препознаваат и пријавуваат секаков вид на насилство.

Промовирани огласи »

Вработени во јавни претпријатија, агенции и фондови ќе имаат приоритет за вакцините против Ковид 19 пред возрасната популација над 65 години. Ова на својот фејсбук профил го објави Венко Филипче со прецизирање дека препораката е први да бидат вакцинирани здравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, јавниот транспорт, хронично болните. Дополнителен одговор побаравме и од ресорното министерство, барајќи информација дали имаме изготвен протокол и каков ќе биде редоследот за имунизација. Одговорот идентичен како и фејсбук статусот.

Појавувањето на јавните службеници на приоритетната листа наиде на револт кај граѓани кои коментирајќи му на Филипче, го прашаа од кои причини тие се од суштинско значење и зошто ги делат од приватниот сектор.

Пред две недели во интервју за Сител, претседателката на Комитетот за имунизација не ги смести јавните службеници како приоритет, туку меѓу трите најважни групи покрај медицински лица и војска полиција и логистика се и постарите лица над 65 години.

- Здравствените работници, оние кои се грижат за функционирање на општеството – војска, полиција, пожарникари, логистика и секако оние најризичните – постарите над 65 години и хронично болните.

За вакцинацијата против Ковид 19 здравствените власти ќе бараат помош и од други сектори за транспорт, дистрибуција и чување на вакцините бидејќи планираат набавка на 400 000 дози. Но колку вакцини ќе стигнат на почетокот и кога, засега нема конкретен одговор.

Промовирани огласи »

Во статија неодамна објавена во „Трендс ин ендокринолоџи & метаболизм“, Грацијано Пина од Универзитетот Илиноис во Чикаго презентирал докази што посочуваат дека женските репродуктивни хормони може да играат улога во „половата пристрасност“ на новиот коронавирус, што научниците ја забележале уште од избивањето на пандемијата.

Податоците поврзани со пандемијата покажале дека тежината на симптомите на болеста и смртноста по инфекцијата почесто ги погодуваат мажите отколку жените, а новите извештаи покажуваат дека женските репродуктивни хормони играат заштитна улога.

Пина опишал некои ефекти на хормоните естроген и прогестерон кои можат да спречат развој на потешки симптоми и ризик од смрт предизвикана од Ковид-19. Исто така, професорот Пина нуди примери за тоа како овие хормони вршат антиинфламаторно дејство, ги преобликуваат компетенциите на клетките на имунитетот и стимулираат повисоки нивоа на антитела против вирусот.

Тој повикува да се спроведат клинички тестирања за да се испита дали овие хормони може да им бидат од корист и на мажите и на жените во менопауза.

Естрогенот, прогестеронот и прогестеронскиот метаболит алопрегнанолон  играат клучна улога во посредувањето на воспалителните процеси. На пример, прогестеронот стимулира активирање и диференцијација на Т-клетките и ја модулира сигнализацијата на рецепторите на Т-клетките. Исто така, ја потиснува клеточната цитотоксичност.

Прогестеронот се врзува за голем број други имунолошки клетки, вклучувајќи ги и природните клетки-убијци, макрофагите и дендритичките клетки. Исто така, се врзува и за неимунолошките клетки, вклучувајќи ги и епителните и ендотелните клетки лоцирани во дишните патишта, каде што ги модулира клеточните сигнали и активности на начин што ја ублажува инфекцијата.

Во природниот имунолошки систем естрогенот ја регулира неврофилната хемотакса и воведувањето на хемоатрактанти и цитокини како што е факторот на некроза на туморот-α (TNF-α), интерлеукин-6 (IL-6) и Il-1β. Естрогените исто така промовираат диференцијација на дендритичните клетки и го регулираат изразот на хемокините IL-8 и цитокините IL-6 и IL-10.

Како влијае менопаузата врз потенцијалната заштита кај жените

Се покажа дека намалените нивоа на естрадиол за време на менопаузата го намалуваат бројот на Б и Т-клетките додека го зголемуваат производството на проинфламаторниот цитокин.

Интригантно е тоа што жените се изложени на зголемен ризик од заразување со болеста за време на менопаузата, вели Пина. Ниските нивоа на естрадиол, исто така, го зголемуваат изразот на рецепторот на клетките ACE2 во белите дробови, преку кој вирусот САРС-КоВ-2 влегува во човечката клетка. Естрадиолот воведува повисоки нивоа на антитела и клетки вклучени во производството на антитела за време на реакцијата на вирусна инфекција, така што неговото намалено ниво во организмот исто така го намалува овој ефект.

Уште еден заштитен фактор

Дериватот на прогестеронот, алопрегнанолонот, кој може да се најде во изобилство во мозокот, исто така покажува заштитни ефекти кај невропсихијатриските нарушувања, вклучувајќи и посттрауматски стрес, алкохолизам и Алцхајмерова болест. Ова го покажало истражување од 2019 година, каде што било откриено дека тој го спречува ТЛР4-рецепторот да се поврзе со неговиот рецептор липополисахарид, што инаку предизвикува зголемено ниво на проинфламаторни цитокини и хемокини.

Бидејќи Ковид-19 се карактеризира со прекумерни ТЛР4 сигнали во белите дробови,  алопрегнанолонот може да штити од воспаление предизвикано од болеста, вели Пина.

Извор: News-medical.net
 

Промовирани огласи »

Велика Британија е првата земја во светот што ја одобри вакцината на двете фармацевтски компании Фајзер и Бионтек. Имунизацијата против ковид-19 ќе почне за неколку дена, пишува утринава британскиот сервис Би-Би-Си, и како што наведува, вакцината која обезбедува 95-процентна заштита од ковид-19, е безбедна за употреба.

-Имунизацијата би можела да почне за неколку дена и вакцината прво ќе ја примат високоприоритетните групи, односно штитениците во домовите за стари лица, луѓето над 80 години и здравствените работници.

Велика Британија има нарачано 40 милиони дози од оваа вакцина, што е доволно да се вакцинираат 20 милиони луѓе, бидејќи е потребно секој да прими по две дози. Околу 10 милиони дози ќе бидат наскоро на располагање, од кои првите 800.000 стигнуваат во Велика Британија во  наредните неколку дена.

Сепак, како што пишува Би-Би-Си, и покрај тоа што наскоро ќе почне масовната имунизација, британската Влада препорачува граѓаните и понатаму да останат внимателни и да продолжат да ги почитуваат превентивнте мерки на заштита. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »