Промовирани огласи »

Сојузот на здруженија на пензионери упатуваат апел пензионерите да бидат ставени како приоритет при вакцинирањето против новата болест, како најранлива категорија лица со хронични болести и намален имунитет.

-Во име на над 300.000 возрасни луѓе во нашата земја апелираме пензионерите да имаат приоритет за вакцина против болеста, како што е во сите земји во опкружувањето и пошироко во целиот свет, се вели во денешното соопштение од Сојузот.

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикати на Македонија смета дека законските измени кои ги разработува Министерството за труд и социјална политика нема да им овозможи на работниците строго да не работат во недела, затоа што работодавачите ќе имаат можност преку посебни закони и колективни договори да им го ограничат ова право.


„Иако Владата ја поздрави иницијативата и ја прифати истата за утврдување на недела за неработен ден за работниците, предложениот Предлог Закон за измени и дополнување на Законот за работните односи доставен од страна на Министерството за труд и социјална политика, не оди во правец на уредување на ова право недела да биде неработен ден за работниците во Државата.Напротив со Предлог Законот за измени и дополнување на Законот за работните односи се уредени варијанти и можности со посебните Закони и Колективните договори дополнително да се ограничи ова право за работниците“, стои во реакцијата на ССМ откако го разгледале понуденото законско решение.Од таму велат дека законот за работните односи е основен, базичен Закон за правата од работен однос и во истиот треба да се регулира ова право за работниците, а не да се остава можност ова право дополнително да се уредува во секоја дејност и секој работодавач посебно.
„Сметаме дека евентиуалните исклучоци од Законски регулираното право недела да биде неработен ден за сите работниците, треба да се уредат во ЗРО врз основа на анализа за нужните дејности во кој работниот процес мора да се одвива континуирано без прекин во недела, утврдени од страна на трипартитно работно тело формирано од Социјалните партнери членови на ЕСС“, смета синдикатот,Предлог на ССМ е работниците кои по исклучок се ангажирани да работат во недела задолжително да имаат право на зголемување на основната плата на работникот, по час најмалку за дополнителни 50 отсто за работа во недела, како и право на слободен ден во текот на неделата.„Предлогот на МТСП според нас е исклучиво во насока на утврдување на постапка која треба да ја спроведуваат работодавачите за работниците да работат во недела, а не да се утврди право дека недела е неработен ден“, гласи во соопштението на синдикатот.

Промовирани огласи »

Следните неколку месеци ќе бидат тешки, можеби најтешки, но со напредните медицински третмани и со вакцините состојбата ќе се подобри до пролет, вели Бил Гејтс, коосновач на „Мајкрософт“ кој инвестира во развојот на вакцините. 

„Следните четири или пет месеци ќе бидат доста тешки, освен ако не ги удвоиме нашите напори и не станеме сериозни. Треба да се намали бројот на контактите и да се носи заштитна маска, изјави Гејтс за Ен-Би-Си Њуз.

Гејтс смета дека епидемиолошката состојба ќе се подобри со помош на напредни медицински третмани и, како што рече, „неверојатните“ вакцини.

Тој се надева дека луѓето кои се во дилема дали да примат вакцина против коронавирус ќе бидат поохрабрени по податоците за позитивните искуства и дека тоа навистина помага.

Промовирани огласи »

Исклучување од сообраќај и одземање на возилото во рок од три дена доколку истото е неисправно и одземање на возилото во рок од 90 дена доколку предизвика бучава или пак е нерегистирано. Ова го предвидуваат новите законски измени кои ги подготви Министерството за внатрешни работи, а веќе се во собраниска процедура.

Измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, покрај ова предвидуваат и одземање на возачката дозвола и исклучување на возачот од сообраќајот. Во предлот законот кој е доставен до сообрание се вели дека полициски службеник може да одземе возачка дозвола или да исклучи возач од сообраќајот доколку возачот управува со возилото во лоша психофизичка состојба, под дејство на дрога и алкохол или пак доколку има предвидено или впишана забрана за управување со моторно возило.

Со предложените измени и дополнувања на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за првпат се уредува и материјата поврзана со учеството во сообраќај на електричните тротинети, со дефинирање на поимот „електричен тротинет“ и дефинирање на условите за нивно учество во сообраќајот (утврдување на сообраќајните површини на кои може да се движат, брзината на движење, возраста на лицето кое управува со нив, користење на заштитна опрема, употреба на светла.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »