Промовирани огласи »

Сојузот на синдикати на Македонија смета дека законските измени кои ги разработува Министерството за труд и социјална политика нема да им овозможи на работниците строго да не работат во недела, затоа што работодавачите ќе имаат можност преку посебни закони и колективни договори да им го ограничат ова право.


„Иако Владата ја поздрави иницијативата и ја прифати истата за утврдување на недела за неработен ден за работниците, предложениот Предлог Закон за измени и дополнување на Законот за работните односи доставен од страна на Министерството за труд и социјална политика, не оди во правец на уредување на ова право недела да биде неработен ден за работниците во Државата.Напротив со Предлог Законот за измени и дополнување на Законот за работните односи се уредени варијанти и можности со посебните Закони и Колективните договори дополнително да се ограничи ова право за работниците“, стои во реакцијата на ССМ откако го разгледале понуденото законско решение.Од таму велат дека законот за работните односи е основен, базичен Закон за правата од работен однос и во истиот треба да се регулира ова право за работниците, а не да се остава можност ова право дополнително да се уредува во секоја дејност и секој работодавач посебно.
„Сметаме дека евентиуалните исклучоци од Законски регулираното право недела да биде неработен ден за сите работниците, треба да се уредат во ЗРО врз основа на анализа за нужните дејности во кој работниот процес мора да се одвива континуирано без прекин во недела, утврдени од страна на трипартитно работно тело формирано од Социјалните партнери членови на ЕСС“, смета синдикатот,Предлог на ССМ е работниците кои по исклучок се ангажирани да работат во недела задолжително да имаат право на зголемување на основната плата на работникот, по час најмалку за дополнителни 50 отсто за работа во недела, како и право на слободен ден во текот на неделата.„Предлогот на МТСП според нас е исклучиво во насока на утврдување на постапка која треба да ја спроведуваат работодавачите за работниците да работат во недела, а не да се утврди право дека недела е неработен ден“, гласи во соопштението на синдикатот.

Промовирани огласи »

Следните неколку месеци ќе бидат тешки, можеби најтешки, но со напредните медицински третмани и со вакцините состојбата ќе се подобри до пролет, вели Бил Гејтс, коосновач на „Мајкрософт“ кој инвестира во развојот на вакцините. 

„Следните четири или пет месеци ќе бидат доста тешки, освен ако не ги удвоиме нашите напори и не станеме сериозни. Треба да се намали бројот на контактите и да се носи заштитна маска, изјави Гејтс за Ен-Би-Си Њуз.

Гејтс смета дека епидемиолошката состојба ќе се подобри со помош на напредни медицински третмани и, како што рече, „неверојатните“ вакцини.

Тој се надева дека луѓето кои се во дилема дали да примат вакцина против коронавирус ќе бидат поохрабрени по податоците за позитивните искуства и дека тоа навистина помага.

Промовирани огласи »

Исклучување од сообраќај и одземање на возилото во рок од три дена доколку истото е неисправно и одземање на возилото во рок од 90 дена доколку предизвика бучава или пак е нерегистирано. Ова го предвидуваат новите законски измени кои ги подготви Министерството за внатрешни работи, а веќе се во собраниска процедура.

Измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, покрај ова предвидуваат и одземање на возачката дозвола и исклучување на возачот од сообраќајот. Во предлот законот кој е доставен до сообрание се вели дека полициски службеник може да одземе возачка дозвола или да исклучи возач од сообраќајот доколку возачот управува со возилото во лоша психофизичка состојба, под дејство на дрога и алкохол или пак доколку има предвидено или впишана забрана за управување со моторно возило.

Со предложените измени и дополнувања на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за првпат се уредува и материјата поврзана со учеството во сообраќај на електричните тротинети, со дефинирање на поимот „електричен тротинет“ и дефинирање на условите за нивно учество во сообраќајот (утврдување на сообраќајните површини на кои може да се движат, брзината на движење, возраста на лицето кое управува со нив, користење на заштитна опрема, употреба на светла.

Промовирани огласи »

Жените ќе одат во пензија на 62 години, но доколку сакаат ќе може да работат до 64, односно до истата старосна граница како и мажите, уверуваат предлагачите на новите измени во Законот за работни односи. Истиот е во Собрание и за него допрва треба да се дискутира, но суштината е во тоа што пензионирањето на соавршени 64 години ќе биде задолжително, односно нема да може да се продолжува до 67 години. Единствената дилема беше дали жените ќе мора задолжително да одат во пензија на 62 години.

Во законските измени единствено пишува дека договорот за вработување работодавачот го прекинува кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку со друг закон поинаку не е уредено. Сепак, Законот за пензиско и инвалидско осигурување пак вели дека оигуреникот стекнува право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот (маж), односно 62 години живот (жена) и најмалку 15 години пензиски стаж.

И претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров, за „Слободен печат“ вели дека во пензискиот закон станува збор за позитивна дискриминација, односно дека жената ако сака може да оди во пензија на 62 години, но ако не сака, таа може да  го извести работодавачот дека сака да работи до 64 години.

– Уставниот суд  одлучуваше за различните години за пензионирање. И според одлуката на Уставниот суд, одењето на жена во пензија на 62 години, а на маж на 64 години значи дискриминација и затоа  мора и на едните и на другите да им се даде еднава можност за одење во пензија. Така, жените што сакат може да одат во пензија на 64 години, но може и да го искористат своето право да одат на 62 години – вели Димитров.

Познавачите нагласуваат дека и Законот за работни односи и Законот за пензиско и инвалидско осигурување се општа рамки, а потоа деталите ќе бидат подобро дефинирани преку правилници како подзаконски акти.

Последните измени на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање, според кој нема да има изедначување на старосната граница за мажите и жените, како што првично најавуваше Владата.

Последно е дека во измените на овој закон се предвидува задолжително пензионирање на 64 години, но, сепак останува можноста жените да се пензионираат и на 62 години, како што е регулирано во Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Пред два и пол месеци вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека нема да има намалување на старосната граница за пензионирање, но во пензиските реформи ќе има изедначување на годините за пензионирање на мажите и жените.

„Ние пензиските реформи ги навестивме и веќе следната недела имаме меѓусекторски состанок. Сакам да потенцирам дека во предвидените измени не е планирано намалување на возрасната граница за пензионирање туку изедначување на возраста за пензионирањето меѓу мажите и жените што е и уставна категорија, рече тогаш Битиќи.

Изедначувањето сепак не беше споменето во програмата на Владата за новиот мандат. Владата планираше да даде можност за предвремено пензионирање, но со намалување на износот за пензија. Дополнително беше најавено и дека мажите и жените ќе се пензионираат задолжително со навршување на годините за пензија односно 62 години за жени и 64 за мажи.

Според новото законско решение, пензионирањето со навршени 64 години ќе биде задолжително во јавниот и приватниот сектор, со исклучок на здравството и образованието, од 2022 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »