Промовирани огласи »

Македонските возачи со просечната плата тешко може да си дозволат да купат нов автомобил. 

Најевтините модели чинат нешто помалку до 10.000 евра и тоа со доста сиромашен пакет дополнителна опрама, без клима и радио. 
Тоа е вообичаено мал автомобил без многу простор за патници и багаж и со ниска кубикажа. За возило од средна класа треба да се одвојат од 15.000 до 18.000 евра или да се земе кредит чија месечна рата нема да биде под 200 евра, сума која тешко кој може да ја исплаќа со просечна плата.

Токму ова покажува зошто кај нас се најпопуларни половните возила по цена од 3.000 до 5.000 евра, кои најчесто се увезуваат од Германија, Италија, но и од други европски земји. 

Статистиката покажува дека од странство во нашата земја во последниве неколку години влегуваат и до 30.000 користени возила, додека во исто време се увезуваат едвај 4.000 нови автомобили. Драстичниот пад во продажбата најдобро го илустрира споредбата со рекордната 2008 година кога авто- дилерите истргувале 17.744 нови возила.

Промовирани огласи »

Претседателот Стево Пендаровски во синоќешната емисија „Тема на денот“ во рамки на дневникот на ТВ Сител рече дека анкетитите покажуваат дека помал дел од населението е подготвено да ја прими вакцината против Ковид-19, па според тоа, тој сака да биде првиот граѓанин на земјата кој ќе го направи тоа за да биде позитивен пример.

Јас би сакал да бидам прв што ќе ја прими вакцината кај нас. Не затоа што сакам прв да се заштитам, бидејќи кај мене се влегува со строги протоколи, туку само за да ја кренеме свеста. Бидејќи видов процент дека мал дел од граѓаните се спремни да ја примат вакцината. Ако е тоа возмонжно, па и да се направи некој спот. Станува збор не само за мене, туку и за моето семејство, предложи шефот на државата.

Со таквиот пример, Пендаровски верува дека ќе даде придонес во кревањето на свеста кај граѓаните.

Промовирани огласи »

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија денеска преку хибридна презентација ќе го претстави јубилејното 10-то издание на ТОП 100 најуспешни компании.

Покрај промоцијата на каталогот на најмоќните 100 компании, ќе бидат доделени неколку награди на компании со посебно достигнување во одредената област, како и придонес и влијание на економијата на државата.

Наградите ќе бидат врачени од страна на претставници на Комората, како и од претставници од Владата на Северна Македонија.

Промовирани огласи »

Плаќањето и купувањето на интернет се безбедни, ризикот е при нарачка од небезбедна веб страница. Потрошувачите нема да бидат злоупотребени доколку купуваат од е-трговци што ги исполнуваат сите норми, а знакот кој укажува и по кој може да се препознае безбедна веб страница е https://. Законот ги штити потрошувачите и е-купувачот има свои права, но само од легална веб продавница. Дека е безбедно купувањето и плаќањето уверуваат и од банките и од Асоцијацијата за е-трговија.

Од Асоцијацијата е-трговија за МИА велат дека безбедноста во е-трговијата е навистина на високо ниво.

Ако земеме од аспект на е-плќање, платежните процесори посветуваат големо внимание на безбедноста. Се користат енкритпирани податоци, како и 3D Secure code (MasterCard Secure Code и Verified by Visa). Работата на платежните процесори е контролирана од меѓународните картични организации и тоа е еден од условите за да се добие, но и задржи лиценцата на процесорот. При воспоставување интероперабилност на софтверот за нарачки на интернет трговецот и софверот за плаќање на платежниот процесор се внимава на стандардите за размена на податоци и безбедноста на истите, односно е-трговецот нема пристап до податоците од картичката со која се врши плаќање, истакнува за МИА Виктор Стојкоски, генерален секретар на АЕТМ.

Прочитајте ја целата вест на Bankarstvo.mk.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »