Промовирани огласи »

Во новата 2021 година граѓаните повторно ќе можат да ги плаќаат сметките во пошта. 

Од први март плаќањата ќе се реализираат со пониски провизии, а договорот со Халкбанк се очекува да биде потпишан до крајот на годината. Директорот на Пошта, Јани Макрадули изјави дека враќањето на репутацијата која порано ја имаше Пошта е приоритет. 

Владата ја прифати како најповолна понудата на Халкбанк АД Скопје во согласност со двата усвоени критериуми за евалуација на понудата, и тоа во однос на рокот за почеток на имплементација на договорот од 2 месеци, како и во однос на процент на поделба на остварениот заеднички приход во висина од 71 отсто за Пошта на Македонија со 29 отсто за Халкбанк АД Скопје.

Во август пропадна Еуростандард банка, по што граѓаните не можеа да ги плаќаат сметките во пошта. 

Промовирани огласи »

Главниот мозок кој стои зад SpaceX, Tesla и The Boring Company е познат по тоа дека е напорен работник. Маск има немирна потрага по знаење и талент и постојано сака да стекнува  знаење од низа различни дисциплини.

Маск го нуди својот клуч за учење и задржување на нови информации.

„Важно е да се гледа на знаењето како вид на семантичко дрво - проверете дали ги разбирате основните принципи, односно стеблото и големите гранки пред да почнете од лисјата / деталите затоа што ако го прескокнете стеблото и гранките, лисјата нема да има каде да висат. "

Изјавата на Маск е спротивна на многу традиционални совети кои што тврдат дека за да станете успешни, мора да се специјализирате и да станете вешти во едно поле. „Познавачот на сите занаети не е господар на ништо“ вели една стара поговорка. А сепак, Маск многу пати докажал дека не само што е можно, туку е и профитабилно да се има пошироко познавање.

„Стручен генералист“ по дефиниција е некој со капацитет да има многу добро познавање од различни дисциплини, индустрии, вештини и теми. Полиматите низ историјата, како што се Леонардо Да Винчи, Томас Едисон и Никола Тесла, користеа иновативно широко знаење од различни области.

Концептот на „Семантичко Дрво“ на Маск

Концептот „семантичко дрво“ се однесува на темелно разбирање на основните принципи за да можете да го изградите своето учење врз солидна основа. Маск широко читал уште од адолесценцијата за да ја задоволи својата жед за знаење, а воспоставувањето разновидна и методична навика за читање е корисна техника на учење за секој оној кој сака да стекне пошироко знаење.

Еве едноставен процес во 4 чекори кои ќе ве приближат до ова учење:

  1. Идентификувајте го предмет кој ве интересира. Пронајдете неколку воведни лекции или извор на неколку основни текстови како што се додипломски учебници или реномирани написи за списанија за да добиете солидно знаење на основите.
  2. Пишувајте белешки. Сумирајте ги клучните факти и идеи со свои зборови за да бидете сигурни дека сте разбрале што сте прочитале. Препрочитајте ги белешките сè додека не ви прават смисла.
  3. Проширете го вашиот опсег. Откако ќе ги добиете основите од еден текст, побарајте дополнителни ресурси преку препораките и наводите на вашиот оригинален извор за учење.
  4. Тестирај се. Ако информациите што сте ги научиле се практични, испробајте ги во реалниот живот. Ако е теоретски, обидете се да му објасните со едноставни зборови на пријател или колега за да го проверите вашето разбирање.

Проширувањето на вашето разбирање за различни области може да биде корисно и за личен и за професионален план. Можеби ќе откриете дека, всушност, уживате да бидете познавач на различни теми.

Промовирани огласи »

Иако електричните возила испуштаат до 9 проценти помалку ПМ10 честички, кај ПМ 2,5, кои се поопасни за здравјето, ситуацијата се менува.

Употребата на електрични автомобили ги намалува емисиите на СО2 и азотни оксиди, поради што многумина ги сметаат за спасители на нашата планета.

Можеби се навистина корисни за планетата, но според објавената студија на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), тие предизвикуваат уште еден проблем - тие се поопасни за здравјето на луѓето.

Електричните автомобили со поголема автономија испуштаат ситни суспендирани честички кои се формираат како резултат на абење на гумите и сопирачките или ерозија на материјалот од кој се направени сопирачките.

Оваа ситна прашина (PM2.5) е опасна за респираторниот систем кај луѓето.

Зошто е тоа така? Масата на електрични автомобили е многу поголема од оние со дизел или бензински мотори.

На пример, Volkswagen Golf 8 тежи околу 1.300 kg во основната верзија, а електричниот Volkswagen ID.3 (слична големина) дури 1.600 kg.

Иако електричните автомобили го користат самиот електромотор за да забават, таа маса треба да се запре, така што има повеќе триење помеѓу гумите и патот, поради што растат емисиите на мали честички, може да се најде во регионалните медиуми.

Од една страна, електричните возила испуштаат до 9 проценти помалку ПМ10 честички, но со ПМ2,5, што е поопасно за здравјето, ситуацијата се менува.

Електричните возила со автономија при возење до 160 км (што е релативно мало) испуштаат до 13 проценти помалку честички од бензинот и дизелот, но возилата со автономија од околу 480 км испуштаат осум проценти повеќе бидејќи нивната тежина, како резултат на поголемите батерии, значително се зголемува.

Сето ова е придружено со зголемено абење на гумите.

Промовирани огласи »

Според пишувањето на американскиот весник “Вашингтон пост”, ова е концепт што се споменува уште од самиот почеток на пандемијата како решение за нормализирање на туристичката индустрија. Концептот овие денови (додека во Велика Британија, на пример, се одвива првата вакцинација) забрзано станува реалност.

Според „Вашингтон пост“, „ковид-пасошот“ првенствено е наменет за меѓународните патници. Се работи за апликации.

Едната од нив е веќе во пробна употреба, а другата е во финална фаза на развој. Корисниците на апликацијата ќе можат да ги постават своите верификувани резултати од тестовите.

Апликацијата која веќе се тестира се нарекува CommonPass. Таа се тестира од овој месец на летови на некои авиокомпании помеѓу Њујорк, Лондон, Сингапур и Хонг Конг (иако некои работи по ова прашање се веќе направени во октомври). Програмата работи преку Health апликацијата на Apple на iOS или CommonHealth на Android. Поврзана е со 230 здравствени системи во САД и функционира со скенирање на кодот кој содржи информации за корисникот – резултати од тестови или сертификати за вакцинација, како и планови за патувањето.

Апликацијата, според сегашните реакции, и се допаѓа и на Star Alliance, која веќе повика на воспоставување глобален систем за верификација за тестирања и вакцинација. Многу авиокомпании размислуваат за вакцинирање како услов за идно патување.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »