Промовирани огласи »

Иако електричните возила испуштаат до 9 проценти помалку ПМ10 честички, кај ПМ 2,5, кои се поопасни за здравјето, ситуацијата се менува.

Употребата на електрични автомобили ги намалува емисиите на СО2 и азотни оксиди, поради што многумина ги сметаат за спасители на нашата планета.

Можеби се навистина корисни за планетата, но според објавената студија на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), тие предизвикуваат уште еден проблем - тие се поопасни за здравјето на луѓето.

Електричните автомобили со поголема автономија испуштаат ситни суспендирани честички кои се формираат како резултат на абење на гумите и сопирачките или ерозија на материјалот од кој се направени сопирачките.

Оваа ситна прашина (PM2.5) е опасна за респираторниот систем кај луѓето.

Зошто е тоа така? Масата на електрични автомобили е многу поголема од оние со дизел или бензински мотори.

На пример, Volkswagen Golf 8 тежи околу 1.300 kg во основната верзија, а електричниот Volkswagen ID.3 (слична големина) дури 1.600 kg.

Иако електричните автомобили го користат самиот електромотор за да забават, таа маса треба да се запре, така што има повеќе триење помеѓу гумите и патот, поради што растат емисиите на мали честички, може да се најде во регионалните медиуми.

Од една страна, електричните возила испуштаат до 9 проценти помалку ПМ10 честички, но со ПМ2,5, што е поопасно за здравјето, ситуацијата се менува.

Електричните возила со автономија при возење до 160 км (што е релативно мало) испуштаат до 13 проценти помалку честички од бензинот и дизелот, но возилата со автономија од околу 480 км испуштаат осум проценти повеќе бидејќи нивната тежина, како резултат на поголемите батерии, значително се зголемува.

Сето ова е придружено со зголемено абење на гумите.

Промовирани огласи »

Според пишувањето на американскиот весник “Вашингтон пост”, ова е концепт што се споменува уште од самиот почеток на пандемијата како решение за нормализирање на туристичката индустрија. Концептот овие денови (додека во Велика Британија, на пример, се одвива првата вакцинација) забрзано станува реалност.

Според „Вашингтон пост“, „ковид-пасошот“ првенствено е наменет за меѓународните патници. Се работи за апликации.

Едната од нив е веќе во пробна употреба, а другата е во финална фаза на развој. Корисниците на апликацијата ќе можат да ги постават своите верификувани резултати од тестовите.

Апликацијата која веќе се тестира се нарекува CommonPass. Таа се тестира од овој месец на летови на некои авиокомпании помеѓу Њујорк, Лондон, Сингапур и Хонг Конг (иако некои работи по ова прашање се веќе направени во октомври). Програмата работи преку Health апликацијата на Apple на iOS или CommonHealth на Android. Поврзана е со 230 здравствени системи во САД и функционира со скенирање на кодот кој содржи информации за корисникот – резултати од тестови или сертификати за вакцинација, како и планови за патувањето.

Апликацијата, според сегашните реакции, и се допаѓа и на Star Alliance, која веќе повика на воспоставување глобален систем за верификација за тестирања и вакцинација. Многу авиокомпании размислуваат за вакцинирање како услов за идно патување.

Промовирани огласи »

Авиокомпанијата „Визер“ соопшти дека воведе специјални летови за Скопје - Букурешт за македонските навивачи по повод Европското првенство во фудбал, авионските билети веќе се ставени на продажба. 


Два од трите натпревари на Европското првенство, Македонија ќе ги одигра во Букурешт, по тој повод авиокомпанијата „Визер“ пушта осум дополнтелни летови за романската престолнина.
 
„Визер закажа и пушти во продажба осум летови меѓу Скопје и Букурешт за следното лето за фудбалските фанови кои ќе се упатат кон романскиот главен град за ЕУРО 2020 фудбалското натпреварување, кое се одложи за една година поради пандемијата од коронавирус. Македонија се квалификуваше за големиот фудбалски настан по прв пат и ќе игра групни натпревари во Букурешт и Амстердам. Визер ќе има летови од Скопје до главниот романски град на 13 јуни, 14 јуни и 17 јуни. Вкупно три лета ќе има на 13 јуни меѓу двата града, еден ќе има на 14 јуни и четири на 17 јуни. Македонија своите натпревари во Букурешт ги игра на 13 и 17 јуни. Билетите се достапни за купување преку нашата веб страница“, стои во соопштението на „Визер“.

Промовирани огласи »

Бугарскиот весник „Дневник“ денеска објави дека во последните десет години речиси 66 илјади Македонци добиле бугарско државјанство, пренесувајќи ја изјавата на бугарската министерка за правда Десислава Ахладова во бугарскиот парламент. Во сите случаи, основата за доделување на државјанство е доказ за бугарско потекло, додала министерката.

Од 1 јануари 2020 година до 22 октомври 2020 година, барање за добивање бугарско државјанство поднеле 77.829 македонски граѓани, а од нив 77.726 врз основ на бугарско потекло. За истиот период, со претседателски указ бугарско државјанство добиле 65.675 Македонци.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »