Промовирани огласи »

Бугарскиот весник „Дневник“ денеска објави дека во последните десет години речиси 66 илјади Македонци добиле бугарско државјанство, пренесувајќи ја изјавата на бугарската министерка за правда Десислава Ахладова во бугарскиот парламент. Во сите случаи, основата за доделување на државјанство е доказ за бугарско потекло, додала министерката.

Од 1 јануари 2020 година до 22 октомври 2020 година, барање за добивање бугарско државјанство поднеле 77.829 македонски граѓани, а од нив 77.726 врз основ на бугарско потекло. За истиот период, со претседателски указ бугарско државјанство добиле 65.675 Македонци.

Промовирани огласи »

Министерството за култура објави јавен повик за поддршка за уметници и лица од културата.

Предмет на овој јавен повик е изготвување Листа на уметници и други лица кои самостојно вршат дејност или друг вид активност од областа на културата, или преку авторски или друг вид договор, заклучно со 27.09.2020 година, се ангажирани во правно лице за вршење дејност од областа на културата, врз чија основа уметниците и другите лица кои вршат дејност во културата ќе можат да се стекнат со право на финансиска поддршка во висина од 6.000,00 денари, која може да се користи исклучиво за купување македонски производи и услуги во периодот од денот на приемот на средствата на трансакциска сметка до 25.12.2020 година.

Образецот на Барањето и образецот на Изјавата задолжително се преземаат од веб-страницата на Министерството за култура kultura.gov.mk и се пополнуваат во електронска форма со впишување податоци на означеното место и се доставуваат во електронска форма на електронската адреса [email protected]

Крајниот рок за доставување на барањата е 12.12.2020 година (сабота). Линкот за аплицирање има на официјалната страна на Министерството за култура. Листата Министерството за култура ќе ја достави до Управата за јавни приходи.

Промовирани огласи »

Дали дополнително ќе се намали работното време на угостителските објекти за Новогодишните празници ќе се одлучува идната недела. За да нема собири и прослави од Инспекцискиот совет велат дека ќе бидат засилени контролите овој период.

- Апсолутно дека ќе има засилени контроли, но ќе зависи од тоа како ќе биде решението. Инспекциските служби не учествуваат во  процесот на донесување одлуки дали ќе работат, нема да работат, дали ќе има некакви промени во однос на  работењето на угостителските објкети. Во зависност од тоа што ќе се одлучи, така и ќе се организираме, рече Магдалена Филиповска Грашкоска, претседател на Инспекциски совет, за Сител.

Минатата недела пазарниот инспекторат затворил четири угостителски објекти, три во Скопје и еден во Гостивар поради непочитување на протоколите за заштита од коронавирусот.

Промовирани огласи »

Данокот на имот за недвижен имот кој не се користи подолго од шест месеци во текот на една година, ќе се зголеми за трипати, предвидуваат измените на Законот за даноци на имот, кој денеска е усвоен на владина седница.

Измените ќе важат од 1 јануари 2022 година, а законот ќе оди во редовна постапка. Целта е, како што информира владината прес- служба,  да се обезбеди прогресивно, праведно одданочување.
– Со Предлог-законот се предвидува позитивно влијание врз буџетот на Единиците на локалната самоуправа бидејќи со повеќе пропишаните стапки се зголемуваат и се утврдуваат состојби во кои  данокот на имот за другиот недвижен имот опишан во поимникот, кој е во сопственост на државата или на општините, општините во Градот Скопје и на Градот Скопје како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи, подолго од шест месеци во текот на една година, да се зголеми за три пати во однос на стапките пропишана со законот, се наведува во соопштението од Владата.
Доколку државата, општините, Градот Скопје и општините во него, како и физичките и правните лица не го пријават недвижниот имот, кој не го користат, ќе платат данок за петпати повисок од пропишаниот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »