Промовирани огласи »

Kако дел од претходно објавените планови за преструктуирање кои беа забрзани од пандемијата на коронавирусот, Кока Кола ќе отпушти 2.200 вработени од својата глобална работна сила.

Портпаролот на компанијата изјави дека намалувањето на работните места ќе се случи преку комбинација на доброволно откупување и присилно отпуштање.

Овој потег ќе ја чини оваа компанија меѓу 350 и 550 милиони долари.

Портпаролот не прецизирал колку вработени би биле погодени во одделни оперативни единици и не открил за бројот на вработени кои ја прифатиле програмата за доброволно раздвојување на компанијата.
Овој потег следи откако Кока Кола во октомври донесе одлука да го преполови бројот на своите брендови. Оваа година исфрли повеќе брендови со послаба продажба, вклучувајќи ги Tab, Zico coconut water, Diet Coke Fiesty Cherry и Odwalla.

Компанијата соопшти дека ќе ги искористи заштедите за да инвестира во растечки брендови како сокови Minute Maid и Simply и да финансира лансирање на нови производи како Топо Чико Хард Селцер, Кока-Кола Енерџи и газирана вода Аха. Кока Кола, исто така, ги намалува деловните сегменти од 17 на девет.

 Вкупниот глобален биланс на компанијата до крајот на 2019 година беше 86.200.

Промовирани огласи »

Според податоците на Еуростат, Македонија е трета најсиромашна земја во Европа. Посиромашни од нас се само Албанија и БИХ се најсиромашните земја во Европа со БДП што е околу 31% од просекот на ЕУ.

Ова значи дека на овие земји ќе им требаат децении за да ги достигне економските стандарди на остатокот од ЕУ и имаат слаб економски потенцијал.

Земји со најголем БДП во Европа се Луксембург и Ирска, двете со 93% над просекот на ЕУ. Другите врвни резултати се на Швајцарија, Норвешка, Данска и Холандија.

Во однос на земјите-членки на ЕУ, Бугарија е најлошо пласирана со 47% од просекот на ЕУ.

Земјите од Западен Балкан според Еуростат котираат слабо со тоа што Босна и Херцеговина тесно ја надминува Албанија, а Македонија има трет најнизок БДП. Србија и покрај највисоко ниво на странски инвестиции е на четврто најниско место.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, при денешната посета на Клиничката болница во Штип, во изјава за медиумите информираше дека 7.600 вработени во јавното здравство кои работат со ковид пациенти ќе добијат еднократна награда од 30 илјади денари.

„Инвестираме во инфраструктура, медицинска опрема, во здравствените работници со зголемувањето на платите. По имплементирањето на таа политика, сега за новогодишните празници сите вработени во јавно-здравствените установи кои работат со ковид пациенти, а тоа се лекари, медицински сестри, помошно-технички персонал, болничарите, транспортерите, техничките лица кои работат во тие одделенија каде се лекуваат пациенти со ковид-19, ќе добијат еднократна награда. Станува збор за 7.600 вработени во јавното здравство кои ќе добијат по 30 илјади денари“, потенцираше Филипче.

Промовирани огласи »

Кривично дело е издавањето на викендици на групи на луѓе кои не се од исто семејство, посочи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој кажа дека веќе има оперативна акција од полицијата и се проверува издавањето на викенд куќи. Според него, за време на новогдишните празници, полицајците ќе прават увид и ќе поднесуваат пријави онаму каде ќе има групирања, што е спротивно на одлуките од Владата.

„Владата донесе сет на мерки кои ќе допринесат за спречување на ширењето на коронавирусот. Тоа се мерки кои не се популарни, но се неизбежни затоа што од една страна имаме ширење на болеста и ставање во опасност на животот и здравјето на граѓаните, а од друга страна е нормалното живеење на граѓаните. Секој од нас треба да допринесе да го спречиме ширењето на вирусот. Еден од заклучоците беше и во однос на издавањето на викендици за луѓе кои се групираат во групи. Нема забрана за издавање на викенд куќи за семејства, но кривично дело е издавање на викендици на групи на луѓе. Ние како МВР сериозно работиме, имаме оперативна акција за издавање на вакви викендици, веќе постапуваат колегите, превентивно реагираме уште сега до издавачите на викендиците за да знаат што може да ги очекува ако го прават тоа. Плановите за контрола се прават, а ќе почнат од наредната недела“, рече Спасовски.

Тој упати апел до издавачите на викенд куќи да внимаваат при издавањето на викенд куќи, а полицијата ќе постапува врз основа на законот.

„МВР ќе постапува врз основа врз основа на законот. Таму каде имаме сознанија дека има групирања на лица, во издадени викенд куќи, ќе се направи увид и ќе се поднесе пријава. Тоа е кривично дело. Апел до издавачите, колку и да пари добивате за таа вика или викендица за новогодишната вечер, не се доволно за чувството дека ќе допринесете за здравјето на граѓаните. Да помогнеме на лекарите, државата, системот. Сите заедно да ги почитуваме мерките, ќе дојдат моменти на запирање на вирусот и организирање на прослави“, додаде Спасовски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »