Промовирани огласи »

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите, малку корегирани цени на горивата.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.34%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 0.50 денари и еден литар дизел гориво од вечерва на полноќ ќе чини 53.00 денари.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 0.50 денари за литар, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 60.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 62.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Промовирани огласи »

Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок препорачува нова мерка, односно 14 дена самоизолација за сите граѓани кои во Македонија со директни летови ќе дојдат од Велика Британија. 

Новата рестриктивна мерка за влез во земјава, Комисијата за заразни болести ќе ја предложи на владиниот кризен штаб, а членовите на Комисијата ја препорачуваат превентивно, откако има информации дека нова мутација на корона вирусот, се шири во Англија и според првичните епидемиолошки анализи е позарзана.

-Комисијата за заразни болести засега не ја разгледува опцијата да предложи дополнителна мерка - како задолжителен ПЦР тест за влез во нашата земја, односно да предложи рестриктивна мерка за влез или излез од земјава.Министерството за здравство апелира до сите граѓани кои патуваат да ги почитуваат здравствените протоколи, како задолжително носење заштитна маска во автомобил или друго превозно средство, а превозниците да ја почитуваат мерката за бројот на патници се со цел заштита на здравјето на граѓаните, информира Министерството за здравство.

ФОТО Фејсбук

Промовирани огласи »

Македонија има најевтина храна и пијалоци во Европа, а Швајцарија е најскапа.

Статистиката на Еуростат покажува дека во нашата земја граѓаните купуваат најевтина храна, безалкохолни пијалоци и тутун од сите 37 држави на европско тло.  За  основните потреби, плус цигари, на македонскиот граѓанин му се потребни само 61 отсто од средствата на ЕУ просекот.  Доколку една потрошувачка кошничка со овие производи во европска земја би чинела 100 евра како средна вредност, во Македонија истата би била речиси половина поевтина. На второ место е Романија чии граѓани можат да купуваат храна, безалкохолни пијалоци и тутун за 65 отсто од просекот, а потоа следуваат Полска и Турција.

Убедливо на врвот, како најскапи држави се Швајцарија (163 отсто), Норвешка (157 отсто) и Исланд (140 отсто). 

Од земјите во регионот, БиХ (76 отсто), Србија (78 отсто) и Бугарија (78 отсто) се блиску до дното, но сепак на нивните граѓани им требаат далеку повеќе средства за задоволување на прехранбените потреби.

Но, Евростат неодамна објави и дека Македонија, Албанија и БиХ се најсиромашни во Европа. 

Македонија е трета најсиромашна земја во Европа, а посиромашни од нашата земја се само Албанија и Босна и Херцеговина, со БДП од околу 31 отсто од просекот на ЕУ, објави Евростат.  Нив ќе им требаат децении за да ги достигне економските стандарди на остатокот од ЕУ и имаат слаб економски потенцијал. Земји со најголем БДП во Европа се Луксембург и Ирска, двете со 93 отсто над просекот на ЕУ, како и Швајцарија, Норвешка, Данска и Холандија. Во ЕУ, Бугарија е најлошо пласирана со 47 отсто од просекот на ЕУ. Србија и покрај највисоко ниво на странски инвестиции е на четврто најниско место. 

Промовирани огласи »

Да се ​​открие следниот чекор во кариерата е тешко. Постојат многу работи кои што треба да се земат во предвид. 

 

Еден од начините да го одредите вистинскиот следен чекор во кариерата е со одговарање на следните две прашања:

1. Размислете за време кога сте биле најпродуктивни. Како изгледаше тоа во однос на работата што ја работевте, тимот во кој бевте дел, како ве препознаа и наградија, вашиот шеф итн.

2. Потоа направете го спротивното. Размислете за времето кога сте биле најмалку продуктивни. Присетете се како изгледало тоа време во однос на вашата работа, тимот, вашиот шеф, работната средина итн.

Одговорите на овие две прашања се од голема помош бидејќи можат да ве упатат во вистинскиот правец за тоа каде треба да се движи Вашата кариера, бидејќи тие даваат одговор на тоа што сакате и што не сакате работејќи одредена работа. Друга активност што можете да ја направите, а ќе Ви помогне да се фокусирате на Вашиот следен чекор во кариерата е да одредите што ве тера и возбудува од работна перспектива.

 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »