Промовирани огласи »

Македонија има најевтина храна и пијалоци во Европа, а Швајцарија е најскапа.

Статистиката на Еуростат покажува дека во нашата земја граѓаните купуваат најевтина храна, безалкохолни пијалоци и тутун од сите 37 држави на европско тло.  За  основните потреби, плус цигари, на македонскиот граѓанин му се потребни само 61 отсто од средствата на ЕУ просекот.  Доколку една потрошувачка кошничка со овие производи во европска земја би чинела 100 евра како средна вредност, во Македонија истата би била речиси половина поевтина. На второ место е Романија чии граѓани можат да купуваат храна, безалкохолни пијалоци и тутун за 65 отсто од просекот, а потоа следуваат Полска и Турција.

Убедливо на врвот, како најскапи држави се Швајцарија (163 отсто), Норвешка (157 отсто) и Исланд (140 отсто). 

Од земјите во регионот, БиХ (76 отсто), Србија (78 отсто) и Бугарија (78 отсто) се блиску до дното, но сепак на нивните граѓани им требаат далеку повеќе средства за задоволување на прехранбените потреби.

Но, Евростат неодамна објави и дека Македонија, Албанија и БиХ се најсиромашни во Европа. 

Македонија е трета најсиромашна земја во Европа, а посиромашни од нашата земја се само Албанија и Босна и Херцеговина, со БДП од околу 31 отсто од просекот на ЕУ, објави Евростат.  Нив ќе им требаат децении за да ги достигне економските стандарди на остатокот од ЕУ и имаат слаб економски потенцијал. Земји со најголем БДП во Европа се Луксембург и Ирска, двете со 93 отсто над просекот на ЕУ, како и Швајцарија, Норвешка, Данска и Холандија. Во ЕУ, Бугарија е најлошо пласирана со 47 отсто од просекот на ЕУ. Србија и покрај највисоко ниво на странски инвестиции е на четврто најниско место. 

Промовирани огласи »

Пандемијата ги затвори границите и патувањето ќе беде можно во најдобар случај само доколку патниците се подготвени за карантин. Со доаѓањето на вакцината, работите ќе се променат, но до кој степен? И што ќе значи „вакцина-пасошот“?

Првите вакцини против коронавирусот веќе се примаат во Европа, иако досега само во Велика Британија, и иако се поставува прашањето кога ќе пристигнат во посиромашните земји во Европа, по една година од пандемијата конечно постои трошка надеж дека животот ќе се врати во нормала. меѓутоа, вакцината нема да го избрише вирусот или влијанието на пандемијата врз нашите животи, а вакцината сега станува уште една варијабила што ќе го обликува секојдневниот живот на граѓаните.

Се очекува масовната вакцинација да го олесни преминувањето на границите и на крајот да ги релаксира ограничувањата што ги спречија луѓето да се движат во пандемијата, но тоа неизбежно ќе им наметне избор на граѓаните – да купат билет за слобода со вакцина или да ја продолжи агонијата на блокирање и карантин.

„Имунитетските пасоши“ беа споменати како концепт на почетокот на пандемијата, со образложение дека тие ќе им овозможат на луѓето кои на еден или друг начин стекнаа имунитет кон коронавирусот слободно да се движат. Со се поизвесното доаѓање на вакцината, идејата се модифицира – доказ за вакцинација е најдобриот имунитет.

Проблематична е валидноста на таканаречените „дигитални здравствени пасоши“ или „вакцина пасоши“, како што повеќе луѓе ги нарекуваат, бидејќи се уште не е официјално потврдено дека тие ќе се сметаат за средство за спречување на пренесување на вирусот преку границите.

Еуроњуз ја истражуваше оваа тема и ја контактираше Светската здравствена организација за конечно појаснување, но не доби одговор.

И покрај оваа финта, пасошите за вакцини полека се инфилтрираат во мејнстримот, а на крајот на ноември, една од австралиските авиокомпании објави дека само вакцинираните патници ќе можат да се качуваат на нивните летови.

Етичка дилема

Додека овие пасоши, од една страна, ќе служат за враќање на слободата на движење на граѓаните на кои таа им беше одземено со пандемија, од друга страна, се поставува и прашањето на етичноста поради потенцијална злоупотреба на личните слободи и приватноста.

Истражувачите кои се осврнаа на ова прашање го илустрираат проблемот со хипотетичка ситуација: замислете да ве замолат постојано да го откривате вашиот здравствен статус на јавноста, без разлика дали се работи за резултати од тест за коронавирус или вакцинација, за да можете да влезете во ресторан, црква или возило за јавен превоз.

Некои луѓе сигурно би можеле слободно да се движат, додека оние кои, да речеме, не се заразиле со вирусот, но не се вакцинирани, ќе им биде скратена слободата на движење.

Исто така, постои прашање за споделување лични здравствени податоци со трети лица.

Апликација што решава се

Дигиталниот проект „CommonPass“ до одреден степен може да ги реши проблемите што го попречуваат воведувањето на вакцина пасошите.

Апликацијата „CommonPass“ нуди безбедно споделување на здравствени податоци, а швајцарската непрофитна организација што го создаде „CommonPass“ истакнува дека целта на апликацијата е „да овозможи дигитални алатки за јавно добро“. (Euronews)

Промовирани огласи »

Надлежните објавија ажуриран список на кој граѓаните ќе можат да проверат дали им следува финансиска помош од Владата во висина од 6 000 денари. Станува збор за четвртиот пакет мерки за справување со последиците од Ковид-19. Граѓаните на овој ЛИНК можат да извршат проверка, доколку го внесат матичниот број.

Финансиската поддршка е наменета за граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. 

Промовирани огласи »

Веста за додавањето на Тесла во индексот С & П 500 ги покачи акциите на производителот на автомобили на 17 ноември, помагајќи му на извршниот директор  Илон Маск, да биде еден од најбогатите луѓе во светот, пренесува Бизнис инсајдер. 

Од вторникот, 17 ноември, кога акциите на производителот на електрични автомобили добија дури 12 отсто, богатството на Маск се зголеми за 11,8 милијарди долари и достигна 114 милијарди долари, според индексот на милијардерите на Блумберг. Тој сега го засени основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг кој го заземе третото место на глобалното рангирање на богатството, објави Блумберг.

Добивките не мора да значат дека Маск, чие богатство е главно поврзано со огромни влогови во Тесла и други приватни потфати како SpaceX и Boring Company, има каква било нова потрошувачка моќ. Милијардерот јавно изјави дека води скромен начин на живот и има ставено под хипотека многу од неговите замоци во областа Лос Анџелес. Три од тие замоци беа на списокот на продажба претходно оваа година, бидејќи Маск вети дека ќе ги продаде „скоро сите физички добра“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »