Промовирани огласи »

За подобрување на квалитетот на учење неопходно е да се подобри квалитетот на учебниците и другите наставни средства. Ова го констатираат голем број наставници, истакна Ајше Ајрулаи, раководител на сектор во Бирото за развој на образованието за време на гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

-Дури 74 проценти од наставниците истакнуваат дека е потребно да се подобри квалитетот на учебниците и другите наставни средства, рече Ајрулаи.

Истовремено нагласи дека пред да почне исцртувањето на новата концепција за основно образование се консултирани други концепции, документи, направено е истражување на ставови на наставници и искуства од други земји, анализирани се најразлични концепти. Истражувањето на ставовите на наставниците покажало дека незадоволството од содржините на учебниците е навистина големо.

Со новата концепција учебникот нема да биде единствен извор за учење.

-Новата концепција за основно образование оди кон иновирање и на материјалите од кои ќе учат учениците. Учебникот е само едно од наставните средства. Се оди кон дигитализација и на учебниците со што наставата ќе стане поинтерактивна, рече Ајрулаи.

Фактот што наставните програми нема да бидат содржински насочени, туку ќе бидат насочени кон резултатите од учење, ќе им овозможи на наставниците слобода на користење различни методи и активности кои ќе поттикнат развивање на сите потенцијали и интереси на учениците. Ајрулаи објасни дека учењето нема да биде врзано само со еден извор и ќе може да користи различни извори за учење.

-Наставните материјали ќе ги изработуваат најискусните наставници и најискусните професори. Тие ќе бидат во електронска форма, а за учениците што немаат можност да ги користат електронски, ќе може да се испечатат, рече Ајрулаи. 

Според проф. Дамовска, новата концепција за основно образование обезбедува суштинска поддршка за наставниците

-Низа индикатори покажуваат дека на образованието во Република Северна Македонија му се потребни драстични промени, а меѓу нив се и постигнувањата на нашите деца кои се исклучително слаби и на дното на табелата во Европа, што е една од причините за креирање на новата концепција за основно образование, истакна проф. д-р Лена Дамовска од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје, во вечерашната емисија „Клик плус“ на ТВ 21.

-Имаме проблем во квалитетот на наставата и во усвојувањето на знаењата. Затоа, неопходно е да се фокусираме на педагошките стратегии, на начинот на кој нашите деца учат и ги стекнуваат знаењата и на амбиентот во кој се стекнуваат тие знаења.  Сметам дека оваа концепција ќе даде системска поддршка на оние кои ја реализираат наставата и ќе биде квалитативен исчекор во однос на промоција на партиципативната педагогија, придонесувајќи кон тоа како децата активно да учествуваат во процесот на стекнување на сопствените знаења“, рече Дамовска, додавајќи дека целиот документ се повикува на меѓународни документи и стандарди, вклучително и на Конвенцијата за правата на децата.

Таа истакна дека основното образование е базично во секоја држава и знаењата кои се стекнуваат во тоа базично образование се најзначајни, нагласувајќи дека новата Концепција ќе значи и вложување во основните училишта, во опремување на лаборатории и во набавка на нови учебници, нагледни средства и материјали.

Промовирани огласи »

Медицинските работници од Министерството за одбрана кои се вклучени во лекувањето на болните од новата болест ќе добијат парична награда која, во зависност од специјалноста, се движи од 20.000 до 30.000 денари.

-Владата го прифати предлогот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за исплата на еднократна парична награда на медицинските работници од Министерството за одбрана кои што се вклучени во лекувањето на болните. Износот на паричната награда за нивната пожртвуваност, во зависност од специјалноста, се движи од 20.000 до 30.000 денари, информираат од Министерството за одбрана.

Оттаму додаваат дека во изминатите месеци голем дел од медицинскиот персонал од Воено медицинскиот центар активно се вклучил во бор бата со новата болест во Центарот за јавно здравје и во ГОБ 8-ми Септември, а во последниот месец дал поддршка на колегите од јавното здравство во Инфективната клиника, Клиниката за пулмофтизиологија и на пренаменетите Клиники за интерни болести.

MИА

Промовирани огласи »

Заводот за статистика ја објавија просечната нето-плата за октомври во Македонија, а може да се забележи дека има пад во петте најплатени професии, одвен во ИТ-секторот, кој бележи пораст од 9,7 процентни поени во однос на истиот месец минатата година. Платата во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности изнесува 66.831 денари. 

Следува производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со 46.575 денари, но тука има пад од 0,3 проценти споредено со истиот период лани. Преостанатите три места во топ-5 се финансиско услужни дејнсоти, односно банкарскиот сектор со 43.800 денари и пад од 1,2 проценти, телекомуникации со 43.110 денари, со пораст на платите од 7,4 отсто, како и останати стручни, научни и технички дејности со 42.816 денари со раст од дури 19,9 отсто на просечната нето плата.

Прросечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2020 година, изнесувала 27.899 денари. 

Промовирани огласи »

Теоретичарите на заговор и антиваксерите ширеа дезинформации за вакцините против коронавирус во последните неколку месеци, а една од најголемите неточни изјави ја даде Бил Гејтс, кој рече дека вакцината содржи имплант за следење на луѓето преку микрочипови. Сепак, ова не е точно, пишува „Бизнис инсајдер“.

„Фајзер“ и „Модерна“ детално ги објавија состојките на нивните вакцини.

Активната состојка кај обете вакцини се модифицирани исечоци од вирусен генетски материјал, попознат како mRNA.

„Бизнис инсајдер“ додава дека mRNA му служи на телото како генетска вреќа за удирање за да научи да се бори против протеините кои му помагаат на коронавирусот да ги нападне нашите клетки.

Истовремено, мешавина од шеќер, маснотии и сол служи за ублажување на влијанието на вакцината врз телото.

Вакцината на „Фајзер“ се состои од модифицирана низа на информациската РНК, потоа липидни соединенија, а има и калиум хлорид, монокалиум фосфат, натриум хлорид (кујнска сол), динатриум фосфат и сахароза, пренесува „Бизнис инсајдер“.

„Модерна“ исто така има модифицирана низа на информациската РНА, а состојките се липиди, трометамин-тимонометан, трометамин-хидрохлорид, ацетатна (оцетна) киселина, натриум ацетат и сахароза (шеќер).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »