Промовирани огласи »

Граѓаните со бурни реакции ги примија вестите дека оние најзагрозените граѓани со блокирани сметки мораат до утре, петок 25ти декември, да ги подигнат парите од банките за тие да не им бидат земени од страна на извршителите. Поради тоа денес сведоци сме на ужасни слики од гужви пред експозитурите на банките иако се наоѓаме на сред панде*ија. За да се среди ваквата ситуација Комората на извршители вчера издаде препорака до своите членови времено да деблокираат сметките на граѓани кои добиле помош од 6 000 денари од четвртиот пакет економски мерки за справување со последиците од болеста, а по подигнувањето на помошта, се препорачува сметките повторно да бидат блокирани.

„На Комората на извршители ѝ е познато дека се јавуваат проблеми со неможноста за подигнување на паричниот износ од 6.000 денари од четвртиот пакет економски мерки, бидејќи на дел од граѓаните им се веќе блокирани сметките. Според наши сознанија, трансакциските сметки на граѓаните, освен од страна на извршители, се блокирани и од други правни субјекти кои за тоа се овластени по закон. Некои банки за вакви случаи отвораат по службена должност наменски сметки врз кои не влијае блокадата на редовната трнаксакциска сметка, а заради исплата на помошта, додека други банки за жал не отвораат наменски сметки за граѓаните“, велат од Комората.

Препораката, како што посочуваат, ја дале бидејќи нема решение како да се подигнат парите од блокираните сметки во оние банки каде не се отвора наменска сметка.

„Таквата препорака од Комората до своите членови се однесува само на постапки кои се водат според Законот за извршување. Исто така, Комората им препорача на своите членови за евентуално наплатени средства од должници приматели на ваква помош од страна на извршителите, истиот износ да им биде вратен со приложување на соодветен доказ од страна на должникот до извршителот“, појаснуваат од Комората на извршители.

Со ваквото предложено решение, додаваат, постои можност должникот да подигне од сметката и пари кои се вон државната помош, но друго решение нема.

„Се надеваме дека граѓаните – доверители ќе имаат разбирање за ваквото постапување“, потенцираат од Комората на извршители.

Промовирани огласи »

Собранието го изгласа Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици. Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Северна Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи.

Законот кој стапува на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник, по усвојување од Собранието, возилата, за кои е поднесено барањето за регистрација задолжително треба да ги исполнуваат следните услови:

сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилото да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон;

да влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.

Од владата веќе информираа дека постојат и други услови за да се регистрираат возилата, па така останува да важи критериумот за увоз во земјава на стари возила со стандард најмалку ЕУРО 4. Воедно, лицата кои ќе сакаат да ги регистрираат возилата со македонски таблички ќе мора да ги имаат регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето на законот на сила и да поседуваат важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон.

Извор: Центар

Промовирани огласи »

Аналитика тинк-тенк денеска преку платформата Zoom ќе ги презентира резултатите од регионалното истражување на тема „Потрошувачка на тутун и тутунски производи во Северна Македонија, пушачките навики на граѓаните и даночната евазија во трговијата со тутун во РС Македонија“.

Како што најавија од Аналитика, ќе се презентираат податоците од првото спроведено истражување за употреба на тутун во земјата и регионот и ќе се дадат препораки за креаторите на политики за усвојување на поефикасни политики за контрола на тутунот.

Во соопштението од Аналитика се наведува дека се работи за една од првите студии во Северна Македонија што дава сеопфатни информации и проценки за употребата на тутун, а е дел од меѓународниот научно-истражувачки проект „Унапредување на даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход” финансиран од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) и Bloomberg Philanthropies.

– Република С Македонија е меѓу првите десет земји во светот со највисока стапка на пушење, а истражувањето покажува дека има најниска цена на цигари во регионот. Овие и други релевантни наоди ќе бидат презентирани од страна на истражувачкиот тим на Аналитика, стои во соопштението.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 1 јануари 2021 година (петок), Нова Година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните им ја честита Новата Година.


Први јануари неработен ден за сите граѓани 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »