Промовирани огласи »

По повод претстојните новогодишни празници Ве известуваме дека на 31.12.2020 година (четврток) отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15:00 часот, катната гаража до 17:00 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работи до 15:00 часот.

На 01.01.2021 година (петок) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2021 година (сабота) со вообичаено работно време.

За време на Божиќните празници на 06.01. (среда) и 07.01.2021 година (четврток) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 08.01.2021 година (петок) со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека 6 јануари 2021, ден пред Божиќ, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Неработниот ден е прогласен согласно Законот за празници.

Во продолжение прочитајте и кои се сите неработни денови кои ќе ги имаме во новата 2021 година:

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07), Министерството за труд и социјлана политика го објави календарот на неработни денови за 2021 година.

За сите граѓани на РМ: 1 јануари (петок), Нова Година, 7 јануари (четврток), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар, 1 мај (сабота), Ден на трудот, 3 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители, 2 август (понеделник), Ден на Републиката, 8 септември (среда), Ден на независноста, 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание, 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември (среда), „Св. Климент Охридски“

За граѓаните од православна вероисповед: 6 јануари (среда), Бадник, ден пред Божиќ, 19 јануари (вторник), Богојавление (Водици), 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед: 5 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември (понеделник), Празникот на сите светци, 25 декември (сабота), првиот ден на Божиќ. За граѓаните од муслиманска вероисповед: 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука. За граѓаните припадници на српската заедница во РМ: 27 јануари (среда), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ: 08 април (четврток), Меѓународен ден на Ромите. За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ: 23 мај (недела), Национален ден на Власите. За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

До 2035 година Халк Банка ќе го врши платниот промет преку Македонски Пошти. Денеска првите луѓе на компаниите ставија потпис на 15 годишниот договор, со кој граѓаните и компаниите од 1 март наредната година, пак ќе можат да плаќаат сметки и да вршат трансакции и во пошта. Ова доаѓа во време кога Владата на големо ја турка идејата за приватизација на државното претпријатие, кое со години трупа загуби. Но првиот човек на Пошти, Јани Макрадули потврдува дека во договорот има заштитни клаузули, но детали не открива. Не кажува колкави пенали би плаќале доколку дојде до негово раскинување во текот на 15 годишниот период.

ПА ИМАМЕ ЗАШТИТНИ КЛАУЗУЛИ, ЗА ИНФОРМИРАЊЕ КОГА БИ СЕ СЛУЧИЛО СЕТО ТОА, ВЛОЖУВАЊЕТО ВО ХАРДВЕРСКАТА СТРУКТУРА, ИНФРАСТРУКТУРАТА ИМА СВОЈА ЦЕНА. ТОА СЕ ПРЕДМЕТ НА ДОГОВАРАЊЕ ПОНАТАМУ, КОГА ЌЕ СЕ НАПРАВИ, БИЛО КОЈ КОГА ЌЕ НАПРАВИ ЕДНА СТУДИЈА – ВЕЛИ МАКРАДУЛИ.

Пред два и пол месеци Владата наложи да се изготви физибилити студија на кој начин да започне постапката за приватизација на државната компанија.Опциите се јавно-приватно партнерство или целосна приватизација. Но според Макрадули, денешниот договор со Халк Банка ќе биде предност и мотив за идниот потенцијален инвеститор

СЕ РАЗБИРА ИМА ЗАШТИТНА КЛАУЗУЛА НА ДВЕТЕ СТРАНИ, БИДЕЈЌИ Е ТАКОВ ДОГОВОРОТ.ПРЕДНОСТ ДА ИМАТЕ БАНКА И ПЛАТЕН ПРОМЕТ ВО 300 ТОЧКИ Е ПРЕДИЗВИК ЗА БИЛО КОЈ ПОТЕНЦИЈАЛЕН ИНВЕСТИТОР. НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА НЕКОЈ ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ВАРИЈАНТА ЕДНОСТРАНО ДА ГО РАСКИНЕ.

Според првиот човек на Халк банка, условите на банката се утврдени во договорот.

НИЕ ПРИ ПОДГОТОВКА НА НАШАТА ПОНУДА ГИ УТВРДИВМЕ НАШИТЕ УСЛОВИ ВО КОНСУЛТАЦИЈА СО МЕНАЏМЕНТОТ НА МАКЕДОСНКИ ПОШТИ. ИМАЈЌИ ЈА ПРЕДВИД НАШАТА ИНФРАСТРУКТУРА И МОЖНОСТА ДА СЕ ПРИЛАГОДИМЕ НА ТОА ДЕЈСТВУВАЊЕ, ЗАТОА ГО ДАДОВВМЕ И ТОЈ ПЕРИОД ОД 2 МЕСЕЦА.

Ова доаѓа по пропаѓањето на Еуростандард банката преку која се вршеше платниот промет на Пошти. Според договорот со Халк Банка заедничкиот приход ќе го делат двете компании. Кај државната Пошта ќе легнуваат 71, а кај Халк Банка 29 проценти од приходите од платниот промет.

Промовирани огласи »

Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината. Веста попладнево на својот фејсбук профил ја објави Министерот за здравство, Венко Филипче. 

Денеска попладне постигнавме директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини, напиша Филипче на фејсбук. 

Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата. Во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата, додаде тој. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »