Промовирани огласи »

На оваа планета има три милијарди работници, а само 40 проценти од нив изјавуваат дека се среќни на работа. Мајкл Ц. Буш ги споделува своите согледувања за тоа што ги прави работниците несреќни - и како компаниите може да го променат тоа.


Промовирани огласи »

Ќе водиме исклучиво јавна кампања за да ја подигнеме свесноста за вакцинацијата заради тоа што само на тој начин побрзо ќе ја истераме пандемијата од нашата земја. Ќе бидам личен пример и ќе ја примам вакцината против Ковид-19, откако ќе бидат запазени сите протоколарни активности и препораки, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Вакцинирањето на граѓаните, како што рече во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата, ќе биде платено од страна на Буџетот, еден дел од регуларните средства во Фондот кои се исплаќаат кон сите здравствени институции, а еден дел се грантови и донација како што се фрижидерите кои ги очекуваме. Очекувам, додаде тој, вакцинацијата веднаш да почне откако ќе стигнат првите количини и по протокол да бидат вакцинирани сите онака како што треба.

Сега за сега се најсигурни нешто под шест илјади вакцини од „Фајзер“, а додека тие се имплементираат и се користат веќе ќе стигаат вторите, па третите пакети. Очекуваме регуларна и регулирана постапка на испораки – прва, втора, трета, четврта испорака затоа што ако стигнат само 5.800 тогаш тоа не стига ниту за сите здравствени работници кои што директно работат на Ковид кои се 7.700 вкупно, што ги наградивме по сите здравствени институции во државата. Вкупно имаме преку 24.000 здравствени работници во државата, а каде се хронично болните граѓани, пензионерите, граѓаните кои изгубиле член од семејството од Ковид, кои треба да бидат во приоритетните групи за вакцинација, потенцира Заев.

Очекувам, посочи премиерот, овие денови да ја видиме и солидарноста на Европската Унија заради тоа што, како што рече, тоа е еден од најизвесните начини уште во јануари да ја добиеме вакцината, нагласувајќи дека секој ден порано е добредојден.

Првите испораки на вакцини во земјите-членки на ЕУ веќе стигнаа и некаде се по 10, 15, 7 или 20 илјади во зависност од големината на земјите. Тие стартуваат со давање на вакцината на граѓаните и додека трае процесот ќе стигнат и вторите испораки, а се уште првите не се испорачани. Ние затоа баравме барем пет проценти од целото тоа што го имаат земјите членки да го споделат со Западен Балкан и да може непречено да продолжи вакцинацијата кај нив и да им стигне и втората испорака, а при тоа да имаат солидарност со земјите од Западен Балкан, појасни Заев.

Промовирани огласи »

Директорот на Националното здружение на туристички агенции на Србија (YUTA), Александар Сеничиќ, вели дека вакцинацијата нема да биде единствениот услов за добивање на Ковид пасош, туку дека ќе биде потребен и негативен тест. Сеничиќ вели  и дека овие „пасоши“ најверојатно ќе бидат во електронска форма, така што граѓаните нема да мора да добиваат нови пасоши.

Прашан да ја коментира можноста за воведување на ковид пасоши во Србија, со оглед на тоа што многу земји се занимаваат со оваа тема, но и авиокомпаниите ширум светот, Сеничиќ очекува дека добивањето на Ковид пасош ќе биде можно врз основа на тест за ПЦР, серолошки, брз тест

Во изјава за Танјуг, Сеничиќ проценува дека со ПЦР тест или вакцинација, податоците би биле зачувани на одреден персонализиран QR-код кој патниците би го носеле на својот телефон, таблет, компјутер и со проверка на QR-кодот, царината или некоја друга контрола би му овозможиле на лицето да влезе до одредена дестинација.

Сеничиќ потсетува дека идејата за ковид пасоши потекнува од Меѓународната асоцијација на авиопревозници (ИАТА), така што авиопревозниците може да сметаат на поголем број патници, што ќе овозможи постепено закрепнување на туристичката индустрија. ИАТА неодамна воведе „Travel dog“, мобилна апликација која треба да им помогне на патниците лесно и безбедно да го организираат своето патување, почитувајќи ги барањата на одредена земја за влез.

Сеничиќ исто така очекува дека одлуката за употреба на Ковид пасоши ќе биде донесена на светско ниво, а да биде иницирана од авиопревозниците и развиените земји од светот, пред се од Северна Америка и ЕУ.

Патниците кои сакаат да патуваат на овие дестинации ќе мора да имаат таков вид пасош, што овозможува туристичкиот сектор да продолжи да работи. Условите во туризмот се катастрофални, но, сепак, се надевам на подобри денови во туристичката индустрија. Ковид пасошите треба да содржат информации за тоа дали некој имал прележано корона вирус, дали и кога направил ПЦР тест и дали ја примил вакцината – вели Сеничиќ.

Некои авиокомпании веќе најавија воведување на Ковид пасош како услов за лет во наредниот период, како што е австралиската авиокомпанија „Квантас“.

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека сѐ уште е во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и електронската адреса  [email protected], на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано одбележување на претстојните празници.

Граѓаните можат да се јават и анонимно да пријават (локација) на која забележале недозволено собирање на луѓе, спротивно на мерките пропишани за справување со пандемијата.

-Полицијата, исто како и за време на новогодишните празници, ќе постапи по пријавите и ќе преземе мерки во координација со Јавното обвинителство за санкционирање на непочитувањето на мерките и препораките кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести, односно одлуките кои ги носи Владата на Република Северна Македонија, стои во соопштението од МВР.

Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира до населението да се воздржи од групни собирања и да ги почитува мерките на Владата, а сѐ со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »