Промовирани огласи »

Најбезбеден начин да се утврди дали сте имале коронавирус е да направите тест за антитела, дури и ако тие тестови понекогаш не се точни 100 проценти. Тестирањето на антитела не ја дијагностицира ковид 19, но овие тестови можат да утврдат дали нашето тело веќе се изборило со вирусот.

Друг начин да препознаете дека сте биле заразени е доколку забележите некој од симптомите на синдромот „пост ковид“.

Ова се петте најчести последици што ги остава ковид 19 врз нашето здравје.

Активноста лесно ве заморува

Оние кои имаат пост-ковид синдром може да имаат лузни на белите дробови или срцето, што вежбањето го прави невозможно или опасно. Многумина исто така доживуваат исцрпувачки замор или малаксаност по напор – можеби ќе можете да се движите во текот на денот, но плаќате за тоа – со мигрена, замор или болки во мускулите – ден потоа.

Тешко е да се концентрирате

Овој феномен е познат како мозочна магла. Бидејќи влијае на белите дробови и респираторните органи, вирусот влегува во некои центри на мозокот и исто така таму создава проблеми.

Имате отежнато дишење

Дури и по благи симптоми, некои луѓе имаат потешкотии со дишењето или постојана кашлица која трае со недели или месеци. Овие симптоми исто така можат да бидат резултат на недијагностицирана инфекција. Може да имате проблеми со качување по скали или да се уморат за време на обични активности како што се миење садови.

Ве болат мускулите

Мијалгијата е честа последица на ковид 19 – и всушност е најчестиот симптом. Мускулна болка може да се појави на еден дел од телото или насекаде, почнувајќи од лесна до неподнослива. Иако повеќето болки во мускулите поминуваат сами по себе за кратко време, понекогаш болките можат да траат со месеци. Мускулната болка може да се развие скоро на кое било место во вашето тело, вклучувајќи ги вратот, грбот, нозете, па дури и рацете.

Постојано сте уморни

Друг чест симптом. Не можете да ги исполните своите обврски дома или на работа: нема енергија. Дури и рутинските активности ве прават многу уморни. Оние кои имале ковид 19 може да имаат воспаление што влијае и на мозокот или намален проток на крв во мозокот, што е објаснување за оваа последица.

Промовирани огласи »

Слободно патување ова лето само за вакцинираните. Грчкиот министер за туризам вели дека во координација со неговите колеги веќе се разговара за тоа како да се отворат границите за туристите. Објаснува дека вакцинираните не треба да бидат подложени на тестирање ниту пак да одат во карантин. 

„Секое вакцинирано лице од надлежните во Грција ќе добие дигитален сертификат кој ќе може да го покаже на властите, сеедно дали во земјата или во странство. Слични процедури ќе има во повеќето земји во Европа и пошироко. Во моментов имаме отворена дебата на ниво на ЕУ за тоа како вакциналните сертификати ќе се делат на туристите меѓу земјите од кои се тргнува“, вели Харис Теохарис, грчки министер за туризам.  

За невакцинираните ќе важи друга политика која ќе зависи од епидемиолошката состојба во земјата од која доаѓаат. За побезбедно патување се размислува и за опцијата за брз тест кој истовремено е и евтин. 

Според досегашните најави, во земјава тешко дека ќе има поголем број вакцинирани лица пред стартот на новата сезона. Домашните туристички работници кои ја изгубија минатата година, бараат Владата да најде начин да не биде изгубена и оваа сезона. Ова се однесува и на понудата за домашни гости, но пред се за странските. 

Првите вакцини во земјава ќе стигнат најдоцна на почетокот на следниот месец, а имунизацијата, според најавите, ќе трае со месеци.

Промовирани огласи »

Одлучувањето е процес за избор на најдобар метод меѓу многу опции. Да се има брза, а сепак добра способност за одлука е неопходна за сите животни ситуации. Во свет на бесконечни опции, лесно е да стоите во место поради неодлучноста. Инвеститорот и писател Патрик Мекгинис ги споделува опасностите од „ФОБО“ - стравот од подобри опции - како да се надмине. 

Промовирани огласи »

Најбогатиот човек на светот, Елон Маск, често спие во своите фабрики. Главната причина е да заштеди време и повеќе да биде посветен на својата работа. Понекогаш условите за спиење и не се баш така добри како што мислите. Погледнете:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »