Промовирани огласи »

Ако сакате да одберете занимање што повеќето работодавци ќе го бараат во иднина, послушајте го советот на директорите од глобалниот лидер во технологијата.

Во интервју за CNBC, и Ерик Шмит, извршен директор на матичната компанија на Гугл, Alphabet, и Џонатан Розенберг, советник на извршниот директор Лари Пејџ, велат дека аналитичари на податоците ќе станат многу значајни работни места.

Мислам дека основното разбирање на анализата на податоци е неверојатно важно за идната генерација на млади луѓе – рече Шмит за CNBC. „Тоа е светот кон кој што одиме“.

„Анализа на податоци”, вели извршниот претседател , „мислам основно познавање за тоа како работи статистиката, основни познавања за тоа како луѓето носат заклучоци врз основа на многу податоци“.

Поголемото фокусирање на податоците ќе помогне и на бизнисите исто така, велат директори. Ангажирање то од професионалци со соодветни вештини и склоност за храбро, креативно размислување е стратегијата која доведе до иновациите на Гугл, Шмит и Розенберг напишаа во неодамна ажурираната верзија на нивната книга, „How Google Works“
.
Според Бирото за статистика на трудот (BLS), бројот на лицата кои ќе бидат барани со ова знаење се очекува да се зголеми за 30 отсто во текот на следните седум години, што е далеку над просекот.

Аналитичарите на податоците ја покажуваат смислата на големата количина на информации со користење на статистички алатки и техники. Тие се во можност да ги одредат трендовите и корелациите користејќи програми како што се Excel, SAS и SQL и Tableau. Тие обично студираат статистика, наука за податоците или математика.

Шмит вели дека да се биде во можност да се користи математиката ќе биде голема предност за вработените, но разбирањето за тоа како да им се пријде на големиот број податоци, сепак, ќе биде од голема помош во наоѓање на работа.
Розенберг се согласува.

Мојата омилена изјава што ја повторува Ерик“, вели тој, е „податоците се мечот на 21 век, оние што ракуваат добро со нив се, самураи.

Цитатот е од интерен меморандум што Розенберг го испрати на вработените во 2009 година, по инаугурацијата на претседателот Барак Обама.
„Секој треба да биде во состојба да ги брани аргументите со податоци“, напиша тој во меморандумот. „Транспарентноста на информациите им помага на луѓето (…) да утврдат кој ја кажува вистината“.

Промовирани огласи »

Можностите за инвестирање што ги нуди Република Македонија беа презентирани пред инвеститори од повеќе земји кои учествуваа на 7. Годишен инвестициски самит што се одржа во Дубаи.

На самитот присуствуваше македонскиот министер за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф, кој беше лично поканет од министерот за економија Султан Бин Саед Ал Мансури да зборува на самитот.

Министерот Наумоф во своето излагање се осврна на макроекономската стабилност во Македонија, ниските даноци, како и на владината поддршка што им се нуди на странските инвеститори.

Наумоф имаше одвоена средба со султанот Ал Мансури на којашто биле разменети идеи за таргетирани инвестициски можности за соработка на Македонија со Обединетите Арапски Емирати.

Македонскиот министер за странски инвестиции остварил повеќе индивидуални средби и со менаџери на компании од разни земји.

Промовирани огласи »


Македонската Агенција за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) ја претстави туристичката понуда на Македонија пред 73 изложувачи и гости на првиот меѓународен саем за туризам Медитераниан туризам феар ( MTF), што се одржа викендов во Тирана.

На панел дискусијата што се одржала во рамки на саемот „Регионална соработка во туризмот во контекст  на меѓународната година за одржлив туризам и развој: Предизвици и долгорочен поглед“ директорката на АППТ, Лела Крстевска  ја истакнала суштината на меѓународната соработка во регионот и нејзината важност во име на одржливиот туризам.

– Крстевска стави акцент на тоа дека оваа година земјите од Балканот: Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и  Херцеговина заедно ќе се престават на саемот за туризам во Јапонија, како една дестинација за азиските земји, со што се потврдува важноста на регионалната соработка – се вели во соопштението.

Според АППТ, интересот за природата и културата на Македонија на саемот во Тирана бил огромен, особено од помладата публика. Штандот го посетиле  амбасадрот на Македонија во Албанија Стојан Карајанов, албанскиот министер за економски развој, туризам, трговија и претприемништво  Милва Економи и Ардит Чолаку, директор на албанската Агенција за туризам.

Промовирани огласи »

Со помош на парчиња дрво и асистенција  од татко му, Немања Стојановиќ(24) од Медвеѓе ја направи својата прва, невообичаена и еколошка лептир машна. 

Но, ова не би било толку интересно ако не е таа од дрво. 

На оваа идеја дошол разговарајќи пред неколку години со еден пријател, кој правел машни, но од материјали. 

Немања сакал да направи една таква, но од дрво, за себе за роденден. 

Тој завршил медицинско училиште, а со столарскиот занает никогаш не се занимавал. 

Ова беше нешто сосема ново за мене. Му ракажав на татко ми и почнавме да работиме со рачни тестери кои нам ни беа единствен алат. Работевме дел по дел за да на крај добиеме една машна. На тој начин настана и мојата колекција од 40 модели - вели Стојановиќ. 

Вели дека почетокот не бил лесен, но тоа било така заради незнаење. 

Раскажува дека мора да се набави соодветно дрво, да се направи скица, цртеж, и сето тоа оди во компјутер по што продолжува со обработка. 

За машините вели дека секој дел посебно се работи, тие се поврзуваат и се пакуваат во персонализирани кутии. 

Момчето ја проширило работата и сега прави дрвени трегери, манжетни, дрвени нотеси и од оваа работа живее. 

Неговите производи стигнуваат и до Берлин. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »