Промовирани огласи »

Можностите за инвестирање што ги нуди Република Македонија беа презентирани пред инвеститори од повеќе земји кои учествуваа на 7. Годишен инвестициски самит што се одржа во Дубаи.

На самитот присуствуваше македонскиот министер за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф, кој беше лично поканет од министерот за економија Султан Бин Саед Ал Мансури да зборува на самитот.

Министерот Наумоф во своето излагање се осврна на макроекономската стабилност во Македонија, ниските даноци, како и на владината поддршка што им се нуди на странските инвеститори.

Наумоф имаше одвоена средба со султанот Ал Мансури на којашто биле разменети идеи за таргетирани инвестициски можности за соработка на Македонија со Обединетите Арапски Емирати.

Македонскиот министер за странски инвестиции остварил повеќе индивидуални средби и со менаџери на компании од разни земји.

Промовирани огласи »


Македонската Агенција за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) ја претстави туристичката понуда на Македонија пред 73 изложувачи и гости на првиот меѓународен саем за туризам Медитераниан туризам феар ( MTF), што се одржа викендов во Тирана.

На панел дискусијата што се одржала во рамки на саемот „Регионална соработка во туризмот во контекст  на меѓународната година за одржлив туризам и развој: Предизвици и долгорочен поглед“ директорката на АППТ, Лела Крстевска  ја истакнала суштината на меѓународната соработка во регионот и нејзината важност во име на одржливиот туризам.

– Крстевска стави акцент на тоа дека оваа година земјите од Балканот: Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и  Херцеговина заедно ќе се престават на саемот за туризам во Јапонија, како една дестинација за азиските земји, со што се потврдува важноста на регионалната соработка – се вели во соопштението.

Според АППТ, интересот за природата и културата на Македонија на саемот во Тирана бил огромен, особено од помладата публика. Штандот го посетиле  амбасадрот на Македонија во Албанија Стојан Карајанов, албанскиот министер за економски развој, туризам, трговија и претприемништво  Милва Економи и Ардит Чолаку, директор на албанската Агенција за туризам.

Промовирани огласи »

Со помош на парчиња дрво и асистенција  од татко му, Немања Стојановиќ(24) од Медвеѓе ја направи својата прва, невообичаена и еколошка лептир машна. 

Но, ова не би било толку интересно ако не е таа од дрво. 

На оваа идеја дошол разговарајќи пред неколку години со еден пријател, кој правел машни, но од материјали. 

Немања сакал да направи една таква, но од дрво, за себе за роденден. 

Тој завршил медицинско училиште, а со столарскиот занает никогаш не се занимавал. 

Ова беше нешто сосема ново за мене. Му ракажав на татко ми и почнавме да работиме со рачни тестери кои нам ни беа единствен алат. Работевме дел по дел за да на крај добиеме една машна. На тој начин настана и мојата колекција од 40 модели - вели Стојановиќ. 

Вели дека почетокот не бил лесен, но тоа било така заради незнаење. 

Раскажува дека мора да се набави соодветно дрво, да се направи скица, цртеж, и сето тоа оди во компјутер по што продолжува со обработка. 

За машините вели дека секој дел посебно се работи, тие се поврзуваат и се пакуваат во персонализирани кутии. 

Момчето ја проширило работата и сега прави дрвени трегери, манжетни, дрвени нотеси и од оваа работа живее. 

Неговите производи стигнуваат и до Берлин. 

Промовирани огласи »

Пробивањето на физичките рамки е главниот мотив во правата ТВ реклама за Galaxy S8 која на најдобар начин го отсликува новиот Infinity дисплеј кој има необичен сразмер од 18:6 и нова висока резолуција од 1440 x 2960 пиксели, како и поддршка за HDR+ содржини.

Во првата реклама се гледа еволуцијата на AMOLED дисплејот кој со Galaxy S8 е целосно усовршен и овозможува најквалитетно визуелно искуство.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »