Промовирани огласи »

Пробивањето на физичките рамки е главниот мотив во правата ТВ реклама за Galaxy S8 која на најдобар начин го отсликува новиот Infinity дисплеј кој има необичен сразмер од 18:6 и нова висока резолуција од 1440 x 2960 пиксели, како и поддршка за HDR+ содржини.

Во првата реклама се гледа еволуцијата на AMOLED дисплејот кој со Galaxy S8 е целосно усовршен и овозможува најквалитетно визуелно искуство.

Промовирани огласи »

Затоа и не е чудно што се поголем број на млади девојки започнуваат, најпрво преку Фејсбук, да најдат куќа во Германија, за да заработи леб. Ова се однесува на сите земји од Балканот.

Многу куќните помошнички или градинарите во Германија работат на црно. Само 350.000 од 2.7 до 3 милиони куќни помошнички, дадилки или градинари, колку што се проценува дека ги има во Германија, се социјално осигураним пишува во неодамнешното истражување од Институтот за германска економија, а пренесува Факултети.мк.

Според анкетата, работата на црно во домаќинствата чини од 15 до 20 отсто од вкупниот број на вработени на црно. Во споредба со бројот на работници на црно во градежната индустрија, тоа е многу мал удел.

Тешко е да се каже колку губи државниот буџет за непријавена работа во приватните домаќинства, но се проценува дека е околу 10.92 и 28.6 милијарди евра.

Платите на куќните помошнички достигнуваат до 7.000 евра доколку работат во добро ситуирани домаќинства, додека во поскромните домови е од 3.000 до 5.000 евра.

На црно најмногу работат пензионерите, младите и студентите. Мал број е на оние кои признаваат дека не е во ред да работат на црно. Експертот од Институтот за германска економија, Доминик Енште вели дека главната причина за работа на црно се високите трошоци и законските регулативи.

За многу е поатрактивно ако тоа можат сами да го направат или ако ангажираат некого. Граѓаните ги критикуваат политичарите дека премалку делуваат против работата на црно или нудат доста несигурни работни места, а сметаат дека е нормално тоа што во сопственото домаќинство на куќните помошнички не им плаќаат годишен одмор или боледување во случај на болест, вели Енште.

Обемот на работа на црно во Германија осма година по ред се намалува. На меѓународната листа, Германија се наоѓа во средината. Но, кога ќе се спореди со Америка и Швајцарија, тогаш Германија очигледно е многу попривлечна за работа на црно.

Експертите сметаат дека причина за тоа се голем број законски регулативи меѓу кои спаѓа и минималната плата и заштитата од отказ. Експертите од Институтот за германска економија наведуваат дека голем обем на работата на црно во домаќинствата може да се гледа како еден вид на изедначување на данокот на правдата.

Додека некои богаташи својот имот го носат во Луксембург за да заштедат и да не платат данок, малите луѓе се обидуваат тоа да го направат со работа на црно, истакнуваат експертите.

Промовирани огласи »

Лорен Булeн и Џек Морис имаат живот, за кој многумина сонуваат и надеваат дека ќе ја имаат нивната среќа. Лорен и Џек се сретнале на Фиџи минатата година и од тогаш се заедно.
Ги поминуваат деновите посетувајќи ги најегзотичните  места низ светот и од истите објавуваат слики на Instagram. Најважниот детаљ од целава оваа приказна е дека секоја нивна слика им носи и до 9000 американски долари.

Џек има 2 милиони следбеници во Instagram, а Лорен - 1,2 милиони. Различни компании и спонзори гледаат во тоа златна можност да ги промовираат своите производи и му плаќаат на парот, за да ги прикаже во нивните фотографии.

„Ги обработуваме фотографиите сами. Обично ги правиме околу 1 час по изгрејсонце, бидејќи тогаш е сеуште спокојно и светлината е добра“, пишува Џек на нивниот сајт DoYouTravel.

Двајцата со Лорен добиваат најмалку по 3.000 долари за фотографија, но некогаш стигнуваат дури до 9000 долари.

Промовирани огласи »

Маж и жена отишле на одмор на убаво езеро, меѓу останатото, езеро познато и по местото за риболов. Мажот сакал да рибари во екот на зората, а неговата жена тогаш обожавала во мир да чита книги.

Едно утро, мажот после неколку часа риболов се вратил и одлучил малку да отспие, а сопругата се одлучила сама да отплови со чамецот во езерото. 

Го запалила моторот и со чамецот отпловила на едно осамено место, го фрлила сидрото, ја извадила книгата и продолжила да ужива во тишината читајќи ја својата книга.

По некое време наидува риболовен инспектор со својот чамец, застанал до нејзиниот и и рекол:

-Добро утро госпоѓо. Што правите?

-Читам книга, одговорила таа.

-Вие сте на делот од езерото резервирано за спортски риболов!

-Жал ми е господине, но јас не ловам риба. Јас само седам во чамецот  и читам книга.

-Да, но во чамецот го имате целиот прибор потребен за риболов и што се однесува до мене, би можеле со ловење да почнете во секој момент. Ќе бидам приморан да ве понесам со мене до станица и против вас да поднесам пријава, рекол тој.

-Ако вие тоа навистина и го направите, тогаш знајте дека и јас против вас ќе поднесам, пријава, но поради силување!- му одговорила жената.

-Но, јас не ве ни допрев!- рекол инспекторот.

-Да, но вие за сето тоа го имате потребниот алат и што се однесува до мене би можеле да почнете со тоа во секој момент.

-Довидување госпоѓо, и уживајте во овој убав ден ...

Поука:

Не влегувајте во расправа со жена која чита. Многу е веројатно дека таа знае и да мисли.

А ако веќе се расправаш со жена која чита и мисли, тогаш сфати дека не можеш да ја превеслаш!

Споделете ако сте жена која сака да чита книги :) 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »