Промовирани огласи »

Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50% намалени давачки, од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, информираше на својот ФБ профил премиерот Зоран Заев.

Оние кои имаат поднесено барање за регистрација, задолжително треба да ги исполнуваат следните услови:

[➡️]  да ги имаат регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседуваат важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон;
[➡️]  да влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.

Со ова, законски создадовме можност за регистрација на возилата кои се со странски таблички, со цел регистрацијата да биде дома, а средства да одат за патишта, за општините, како и за важни фондови за државата – посочи Заев.

Промовирани огласи »

Владата да обезбеди финансиска помош и поддршка за компаниите кои нема да можат да ги обавуваат деловните потфати заради болеста или ќе ги обавуваат со значително намален обем, првенствено и исклучиво за обезбедување средства за плата на работниците, е еден од предлозите на Сојузот на синдикатите на Македонија за најавениот петти пакет антикризни мерки.

-ССМ бара субвенционирањето на плата како мерка да продолжи онаму каде што производството е намалено како што тоа е утврдено и со четвртиот пакет на мерки, но да се исплаќа директно на сметките на работниците што се покажа како повеќе од потребно поради повторната злоупотреба на средствата од финансиската поддршка за исплата на платите на работниците обезбедена од Владата, со оглед на тоа што и по 5-ти пат, газди, оставија работници без никаква егзистенција, а за тоа земаа средства од државата, соопшти денеска ССМ.

Дополнително, бараат еден од главните услови за добивање на финансиска поддршка да биде враќање на работниците кои биле испуштени од работа, а исто така и задолжително да биде по користењето на мерката работодавачите кои добиле финансиска поддршка за исплата на плати да ги задржат односно да нема отпуштање на работниците најмалку три месеци по завршување на мерката.

Од ССМ сметаат дека работниците кои користеа мерки како хронично болните, бремени жени, чување на дете до 10 години, треба да бидат исплатени во висина нивната плата, без нејзино намалување, а истовремено да се води грижа и за мајките кои користеле породилно отсуство, а им престанал договорот за вработување по било кој основ и истите да имаат право на платено на породилно отсуство.

ССМ повторно предлага надоместокот на плата за отсуството од работа поради зараза од болеста, изолација и само изолација поради изложеност на новата болеста да изнесува 100 проценти од основицата утврдена со закон.

-Нагласуваме дека Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека во Правилникот за листа на професионалните болести како професионална болест треба да се смета заразата со оваа болест, не само за здравствените работници, туку и за работниците од други дејности и вработени во институции на работни места каде е можен контакт и изложеност на истата.“, а Министерството за труд и социјална политика да предложи предлог законско решение или предлог решение во Правилникот во најскоро време, велат од ССМ.

Целата содржина на Сител со клик ТУКА.

Промовирани огласи »

Досега многу пати сме пишувале за кредитите, што претставуваат, какви видови има… Овој пат ќе се задржиме на битните работи што треба да ги имате предвид пред да го пополните кредитното барање во банка. Затоа, треба да го знаете точниот одговор на прашањата подолу:

Дали имам доволно пари или ќе морам со кредит?

Парите во денешно време претставуваат сериозен проблем, а секојдневните потреби тешко се задоволуваат само од тековните примања. Од таа причина, многумина одлучуваат да затворат некоја “дупка“ во семејниот буџет со помош на кредит. Но, пред да заминете во банка, добро проверете дали имате доволно сопствени средства, дали намената за којашто би го земале кредитот е економски оправдана и итна.

Колкава рата ќе отплаќам?

Добро размислете и направете калкулација за тоа колкава рата ќе треба да плаќате. Нејзината висина зависи од повеќе фактори: големината на кредитот, рокот на отплата, каматна стапка, учество (ако се работи за станбен кредит), хипотека… Со информативната пресметка ќе знаете колку од месечните примања ќе останат за преостанатите потреби на месечно ниво.

Каква и колкава ќе биде каматата?

Добро знаеме дека каматата е цената што банката ја наплаќа за позајмените средства што ги одобрува во форма на кредит. Фиксна или променлива? Тоа значи дали во текот на целиот период на отплата на кредитот, каматната стапка ќе биде идентична или ќе се менува во зависност од рокот и политиката на банката. Многу е важно да се утврди ефективната каматна стапка, бидејќи таа ја претставува реалната цена на кредитот и им помага на потенцијалните кредитобаратели полесно да ја согледаат цената на кредитите во повеќе банки и да ги споредат условите што ги нудат.

Кредит во денари или со валутна клаузула?

Кај првите кредити, вкупниот износ на долгот и месечната рата се изразени во денари и при промена на девизниот курс на денарот во однос на некоја странска валута нема да влијае врз висината на месечната рата, што е најголема предност во однос на кредитите со валутна клаузула. Кај нив, пак, целиот износ на кредитот и износот на ратата се изразува во странска валута, најчесто евра, а при исплата на кредитот и плаќањето на секоја рата се врши во денари.

Колкави се трошоците?

Банките при одобрување на кредитот, пресметуваат и одредени трошоци, како што се: нотарски, трошоци за упис на заложното право, трошоци за осигурување, за администрирање на кредитот и слично.

Кои документи се потребни?

Првиот контакт меѓу банката и кредитобарателот е преку барањето за кредит што ги содржи неговите лични податоци, податоци за вработување, за неговата имотно – финансиска состојба како и податоци за кредитот, потоа банките бараат и декларација за прием од Управата за јавни приходи за последните три месеци, М1/М2 образец и други документи во зависност од видот и висината на кредитот.

Услови за предвремено враќање на кредитот?

Иако можеби кога имате потреба од кредит, прво размислувате како ќе ги потрошите парите и како ќе го враќате долгот, сепак важно е да се информирате и за тоа дали ќе плаќате пенали или провизија ако имате можност пред време делумно или целосно да го отплатите кредитот.

Промовирани огласи »

Укинувањето на задолжителниот ПЦР тест за сите што доаѓаат во Србија од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Бугарија е уште една добра одлука за економска соработка во регионот, изјави денеска претседателот на Српската стопанска комора (ПКС), Марко Чадез.

Регионот е наш заеднички дом. Затоа оваа одлука на министерот за здравство на Србија за укинување на задолжителниот ПЦР тест за сите што ќе дојдат кај нас од регионот е уште еден показател за подготвеноста да ги отстраниме бариерите меѓу нас – рече Чадез.

Во соопштението на ПКС се наведува дека тој додал дека оваа одлука секако ќе придонесе за уште подобро економско поврзување на нивните компании.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »