Промовирани огласи »

Владата да обезбеди финансиска помош и поддршка за компаниите кои нема да можат да ги обавуваат деловните потфати заради болеста или ќе ги обавуваат со значително намален обем, првенствено и исклучиво за обезбедување средства за плата на работниците, е еден од предлозите на Сојузот на синдикатите на Македонија за најавениот петти пакет антикризни мерки.

-ССМ бара субвенционирањето на плата како мерка да продолжи онаму каде што производството е намалено како што тоа е утврдено и со четвртиот пакет на мерки, но да се исплаќа директно на сметките на работниците што се покажа како повеќе од потребно поради повторната злоупотреба на средствата од финансиската поддршка за исплата на платите на работниците обезбедена од Владата, со оглед на тоа што и по 5-ти пат, газди, оставија работници без никаква егзистенција, а за тоа земаа средства од државата, соопшти денеска ССМ.

Дополнително, бараат еден од главните услови за добивање на финансиска поддршка да биде враќање на работниците кои биле испуштени од работа, а исто така и задолжително да биде по користењето на мерката работодавачите кои добиле финансиска поддршка за исплата на плати да ги задржат односно да нема отпуштање на работниците најмалку три месеци по завршување на мерката.

Од ССМ сметаат дека работниците кои користеа мерки како хронично болните, бремени жени, чување на дете до 10 години, треба да бидат исплатени во висина нивната плата, без нејзино намалување, а истовремено да се води грижа и за мајките кои користеле породилно отсуство, а им престанал договорот за вработување по било кој основ и истите да имаат право на платено на породилно отсуство.

ССМ повторно предлага надоместокот на плата за отсуството од работа поради зараза од болеста, изолација и само изолација поради изложеност на новата болеста да изнесува 100 проценти од основицата утврдена со закон.

-Нагласуваме дека Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека во Правилникот за листа на професионалните болести како професионална болест треба да се смета заразата со оваа болест, не само за здравствените работници, туку и за работниците од други дејности и вработени во институции на работни места каде е можен контакт и изложеност на истата.“, а Министерството за труд и социјална политика да предложи предлог законско решение или предлог решение во Правилникот во најскоро време, велат од ССМ.

Целата содржина на Сител со клик ТУКА.

Промовирани огласи »

Досега многу пати сме пишувале за кредитите, што претставуваат, какви видови има… Овој пат ќе се задржиме на битните работи што треба да ги имате предвид пред да го пополните кредитното барање во банка. Затоа, треба да го знаете точниот одговор на прашањата подолу:

Дали имам доволно пари или ќе морам со кредит?

Парите во денешно време претставуваат сериозен проблем, а секојдневните потреби тешко се задоволуваат само од тековните примања. Од таа причина, многумина одлучуваат да затворат некоја “дупка“ во семејниот буџет со помош на кредит. Но, пред да заминете во банка, добро проверете дали имате доволно сопствени средства, дали намената за којашто би го земале кредитот е економски оправдана и итна.

Колкава рата ќе отплаќам?

Добро размислете и направете калкулација за тоа колкава рата ќе треба да плаќате. Нејзината висина зависи од повеќе фактори: големината на кредитот, рокот на отплата, каматна стапка, учество (ако се работи за станбен кредит), хипотека… Со информативната пресметка ќе знаете колку од месечните примања ќе останат за преостанатите потреби на месечно ниво.

Каква и колкава ќе биде каматата?

Добро знаеме дека каматата е цената што банката ја наплаќа за позајмените средства што ги одобрува во форма на кредит. Фиксна или променлива? Тоа значи дали во текот на целиот период на отплата на кредитот, каматната стапка ќе биде идентична или ќе се менува во зависност од рокот и политиката на банката. Многу е важно да се утврди ефективната каматна стапка, бидејќи таа ја претставува реалната цена на кредитот и им помага на потенцијалните кредитобаратели полесно да ја согледаат цената на кредитите во повеќе банки и да ги споредат условите што ги нудат.

Кредит во денари или со валутна клаузула?

Кај првите кредити, вкупниот износ на долгот и месечната рата се изразени во денари и при промена на девизниот курс на денарот во однос на некоја странска валута нема да влијае врз висината на месечната рата, што е најголема предност во однос на кредитите со валутна клаузула. Кај нив, пак, целиот износ на кредитот и износот на ратата се изразува во странска валута, најчесто евра, а при исплата на кредитот и плаќањето на секоја рата се врши во денари.

Колкави се трошоците?

Банките при одобрување на кредитот, пресметуваат и одредени трошоци, како што се: нотарски, трошоци за упис на заложното право, трошоци за осигурување, за администрирање на кредитот и слично.

Кои документи се потребни?

Првиот контакт меѓу банката и кредитобарателот е преку барањето за кредит што ги содржи неговите лични податоци, податоци за вработување, за неговата имотно – финансиска состојба како и податоци за кредитот, потоа банките бараат и декларација за прием од Управата за јавни приходи за последните три месеци, М1/М2 образец и други документи во зависност од видот и висината на кредитот.

Услови за предвремено враќање на кредитот?

Иако можеби кога имате потреба од кредит, прво размислувате како ќе ги потрошите парите и како ќе го враќате долгот, сепак важно е да се информирате и за тоа дали ќе плаќате пенали или провизија ако имате можност пред време делумно или целосно да го отплатите кредитот.

Промовирани огласи »

Укинувањето на задолжителниот ПЦР тест за сите што доаѓаат во Србија од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Бугарија е уште една добра одлука за економска соработка во регионот, изјави денеска претседателот на Српската стопанска комора (ПКС), Марко Чадез.

Регионот е наш заеднички дом. Затоа оваа одлука на министерот за здравство на Србија за укинување на задолжителниот ПЦР тест за сите што ќе дојдат кај нас од регионот е уште еден показател за подготвеноста да ги отстраниме бариерите меѓу нас – рече Чадез.

Во соопштението на ПКС се наведува дека тој додал дека оваа одлука секако ќе придонесе за уште подобро економско поврзување на нивните компании.

Промовирани огласи »

За подобро информирање на учесниците во сообраќајот, од РСБСП пристигна појаснување за најновите измени во Законот за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата, кои се веќе стапени на сила.

Во прв план, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се усогласува со Законот за прекршоци со што во голем дел се намалува висината на предвидените парични санкции за сторен сообраќаен прекршок.

Притоа, важно е да се потенцира дека за оние сообраќајни прекршоци кои спаѓаат во групата на животозагрозувачки, (возење под дејство на алкохол, непочитување на правилата за ограничување на брзината, итн.) висината на предвидените парични санкции за сторен прекршок останува непроменета. Согласно тоа, освен наведените прекршоци дефинирани како животозагрозувачи, за останатите прекршоци, највисока парична санкција за физичко лице, за сторен сообраќаен прекршок, изнесува 250 евра во денарска противвредност.

Новина во делот на санкционирањето е и тоа што се укинуваат таканаречените „негативни поени“ кои досега се впишуваа како замена за изречена парична санкција за сторен сообраќаен прекршок.

Покрај тоа, измените на ЗБСП предвидуваат и низа други новини од кои посебно се издвојува тоа што се регулира учеството во сообраќај со електричен тротинет. Како поважни одредби со кои се регулира учеството во сообраќај со електричен тротинет се издвојуваат:

  • Возачот на електричен тротинет е должен да го управува тротинетот по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци. Се забранува возење на електричен тротинет на коловозна лента.
  • Возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 km/h., додека по тротоар, пешачка патека или друга површина наменета за движење на пешаци, не смее да се движи со брзина поголема од 6 km/h.
  • Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст.
  • Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото. За неносење не е предвидена санкција.
  • Возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото.
  • На електричниот тротинет задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна и светло со црвена боја на задната страна.
  • Друга новина во ЗБСП е тоа што возрасната граница за издавање на возачи дозволи изнесува 75 години, наместо 70 како што беше досега со тоа што возач на моторно возило кој наполнил 75 години возраст, задолжително подлежи на контролен здравствен преглед во временски интервали кои не можат да бидат подолги од пет години.
  • Исто така, Законот предвидува и можност за одземање на возилото до 90 дена. Според измените на ЗБСП, полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото, до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена. Доколку биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена.
  • Друга важна новина е тоа што според измените на ЗБСП, доколку возачот во период од една година, откако му е изречена санкција – забрана за управување на моторно возило од определена категорија, стори друг сообраќаен прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција – забрана на управување со моторно возило, тогаш ќе му биде изречена прекршочна санкција – престанок на важење на возачката дозвола за истата категоријата за која му била изречена прекршочната санкција – забрана за управување.
  • Со други зборови доколку еден возач за иста категорија на возачка дозвола, за период од една година од изречувањето на првата санкција, стори друг прекршок за кој е предвидена санкција забрана за управување на моторно возило, тогаш на тој возач трајно му се одзема возачката дозвола за таа категорија. Санкцијата забрана за управување на моторно возило се однесува за сторени потешки сообраќајни прекршоци – возење под дејство на алкохол и психотропни супстанции, возење во населено место со брзина поголема од 30 километри на час над дозволената, итн.

Извор: Републички Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »