Промовирани огласи »

Електронската трговија придонесува за зголемување на продуктивноста, намалување на неефикасноста и претставува двигател на економскиот раст во една земја.

Македонците се повеќе купуваат од електронските  продавници. Електронската трговија бележи раст од 36 % во 2016-та година. На оваа тема во студиото на ТВ НОВА зборуваше сопственичката на „Групер“ Нина Ангеловска.

Е-трговијата е во подем од 2011-та година. Ние бевме големи двигатели на е-трговијата, кога се појави Групер. Практично не постоеше дотогаш е-трговија, меѓутоа откако започнавме да работиме значајно се променија работите. Далеку сме од развиените земји, но сме на добар пат. Ја анализираме е-трговијата и според последните податоци 19,3 посто од интернет корисниците купиле нешто онлајн во последните 12 месеци, изјави Ангеловска.

Промовирани огласи »

Во февруари 2016-та година, сопствениците кои имаа проблем со Touch ID модулот и го имаа променето на други место покрај Apple продавницата, потоа добиваа “error 53” порака. Сега, iPhone 7 го има истиот проблем…

Пред некое време, Australian Competition and Consumer Commission (ACCC) поднесе тужба против Apple, поради фактот што корисниците неможеа да ги поправаат своите уреди во други продавници освен Apple продавнците.

И покрај тужбите и критиките, Apple продолжи со истиот концепт со iPhone 7. Доколку корисниците имаат проблем со Touch ID модулот, тој мора да биде променет стриктно во Apple продавница, како што можете да видите на видеото:

Иако Apple најверојатно ќе изјави дека ваквиот концепт е поради сигуронста дека уредите ќе бидат добијат проверени делови и нема да имаат проблеми, според голем број од аналитичарите, тоа е само начин компанијата да ги “исцеди” сите пари што може од фановите. Кое е вашето мислење?

Промовирани огласи »

Многу луѓе го сметаат Дубаи за еден од најлуксузните градови на светот, но има и факти кои не се толку познати за пошироката јавност. 

Дубаи има и своја мрачна страна. 

1. Работниците работат по 14 часа дневно на 40 степени

Дубаи забрзано се развива, а богатите газди работниците не ги третираат соодветно. 

2. Затвор за бакнување во јавност

Мнозинството во Дубаи се муслимани, а правилата посебно за интимност строго се почитуваат. 

3. Имаат строги закони за алкохол и дрога 

Во државата има трговија со бело робје. 

4. Се фрлаат огромни колични на вода за пиење

5. Кога ќе снемаат нафта ќе пропаднат 

6. Расизмот е присутен во земјата 

7. На работниците им ги земаат пасошите и ги претвораат во робови 

8. Ја уништуваат природата 

9. Дивите животни не се диви затоа што ги чуваат како миленици

10. Слободата на говор е мит, а тие се во диктатура

Промовирани огласи »

Американското Министерството за труд ја обвини компанијата Гугл дека жените ги плаќа помалку од мажите. 

Гугл ги негира овие тврдења. Гардијан пишува дека нееднаквост има на сите нивоа, а и директорите не се поштедени. 

Од Гугл тврдат дека секоја година имаат анализа на платите и тие не се разликуваат од полот на вработениот. 

Истражување кое е направено во 2016 година покажува дека во секторот компјутерско програмирање платите се неправедни во однос на половите. 

И многу технолошки фирми не го решиле ова прашање. 

Во Мајкрософт жените сочинуваат 25.8% од работната сила или по овој параметар се зад Епл, Фејсбук и Гугл, но жените и понатаму примаат за 30% помали плати. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »