Промовирани огласи »

Британски научници истакнаа дека е од клучно значење што е можно побрзо да се препознаат симптомите на зараза со новата мутација на коронавирусот, која брзо се шири низ Велика Британија.

Симптомите се слични како кај последната варијанта на коронавирусот: висока температура, постојано кашлање, губење на чувството за мирис, но и црвенило и израстоци на јазикот, пренесува британски „Експрес“.

Симптомите кај заразените со новата мутација на коронавирусот може да варираат од исклучително тешки до речиси незабележливи.
Американскиот експерт Ентони Фаучи истакна дека пациентите можат да чувствуваат отежнато дишење и болка во мускулите и зглобовите дури и откако вирусот ќе го напушти нивното тело.

Во извештај неодамна објавен во Велика Британија се вели дека постојат „реални можности“ кај заразените со новата мутација на коронавирус да е утврдена поголема стапка на смртност.

Иако податоците дефинитивно не потврдија поголема смртност, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека „постојат некои докази дека новата мутација на коронавирусот е поврзана со поголема стапка на смртност“, јави Си-Ен-Ен.

Промовирани огласи »

Граѓаните годинава ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата, преку проектот „Купи куќа, купи стан“. Како што информира Министерството за финансии, барањата можат да се поднесуваат до 31 декември 2021 година.

Субвенцијата се одобрува за станбен кредит до 50.000 евра, чиј рок на отплата не е пократок од 20 години.

Сите граѓани кои ги исполнуваат овие услови и се кредитно способни согласно условите од банката можат да аплицираат во една од осумтте банки кои учествуваат во проектот: НЛБ банка, Стопанска банка Скопје, Шпаркасе банка, Стопанска банка Битола, Силк Роуд банка, ТТК банка, Охридска банка и Прокредит банка.

За проектот може да аплицираат лица кои се или не се во брак, a кои ги исполнуваат следните услови: не смеат да имаат стан или куќа на свое име или на име на брачниот другар, месечните приходи не смеат да надминуваат 900 евра доколку не се во брак или 1.300 евра доколку се во брак, продажната цена на станбениот објект мора да биде до 900 евра за метар квадратен и станот и куќата кои се купуваат или градат мора да бидат новоградба, односно да се купат од инвеститор или изведувач. Исто така станбената површина не смее да надминува 150 м2.

 

Промовирани огласи »

Само од 25 до 31 јануари во сите Нептун продавници има OUTLET акција, голема распродажба на производи од сите категории по неверојатно ниски цени за огромни заштеди!

#АЈДЕ во Нептун продавниците ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите и изберете од најголемиoт избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење и сушење, плотни, фурни, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други.

Акцијата важи за купување во Нептун продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN. Не ја пропуштајте оваа идеална прилика за шопинг по супер OUTLET цени на производи од сите категории, АЈДЕ во Нептун продавниците ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите, изберете од најдобриот избор и уживајте во OUTLET понудите!

Покрај оваа OUTLET акција, активни се и многу други промоции во кои има супер понуди! Може да купите Apple уреди со попусти и до 24 рати без камата, LG производи со големи попусти и до 24 рати без камата, Samsung најнови производи на пред-нарачка и попуст, и акции со премиум уреди за големи заштеди.

„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard

Промовирани огласи »

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се променуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) изнесува 41,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,445 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 31,268 ден/кг.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »