По примерот на своите конкуренти и Google денес ја претстави својата нова програма Аpp Maker за лесно и брзо креирање на едноставни базични апликации. Овој нов сервис претставува “drag and drop” или “повлечи и постави” средина во која лесно можете да креирате и едитирате кориснички интерфејс.
Подоцна истиот ќе можете лесно да го пополните со податоци само со еден клик од вашите G Suite апликации како Google maps, Contacts, Groups и други. Исто така апликацијата содржи функции за поставување на веќе изградени шаблони, што во голема мера го олеснува процесот на изработка. Веќе креираната апликација работи на иста инфраструктура и е менаџирана од нејзините админи на ист начин како апликациите G Suite на Google.
Потребата за креирање на ваков вид на апликации се јавува поради настанувањето на проблеми во опкружувањето на една компанија. Проблемите како следење на решенија, следење на наредби, следење на евиденција, можат да бидат решени со нивно едноставно дигитализирање и сместување во едноставна апликација.
Oд Google потецнираат дека со едноставноста на Аpp Maker секој почетник со многу малку познавања ќе биде во можност да креира апликација без да треба истата самиот да ја кодира и програмира. За корисницте кои што ги поседуваат соодветните познавања и кои сакаат да се впуштат во подлабока авантура со апликацијата ќе биде достапен и уредник за скриптирање.
Покрај претставувањето на својата нова програма, Google најави и зголемување на бројот на апликации во G Suite програмата. Нови партнери кои се приклучуваат во оваа програма се Virtru, LumApps, DocuSign, Freshdisc, Zoho Invoice, Xerox и Asana.