Промовирани огласи »

Европските лидери денеска ќе одржат состанок на кој ќе се договорат за сертификат за граѓаните на Европската унија кои биле вакцинирани против Ковид-19, но извесно е дека членките на ЕУ не се согласуваат по ова прашање.

Сега кога вакцинацијата се зголеми низ цела Европа, некои европски влади, како што се Грција и Шпанија, бараат брзо усвојување на ЕУ-сертификат за оние кои веќе се вакцинирале, за да можат слободно да патуваат, јави Гардијан.

Сепак, како што се наведува, некои земји, како Франција и Германија, не се за таа идеја, бидејќи одлуката за сертификатот ќе ја направи вакцинацијата задолжителна и би значела дискриминација на луѓе на кои од одредени причини не им е дозволено или не сакаат се вакцинираат.

Франција, каде има силно движење против вакцинација, вети дека нема да ги принудува своите граѓани да се вакцинираат и смета дека идејата за пасоши за вакцинација е прерана.

Промовирани огласи »

И додека компјутерските програмери дефинитивно се на врвот на листата по износот на плати, на другата страна од оваа листа, на дното се вработените во заштитните и истражните дејности.

Во тој сектор платите во Македонија во декември 2020 биле најмали и изнесуваат во просек 15.933 денари .

Во листата со најниски примања се редат вработени во производство на кожа и слични производи од кожа каде просечната плата е 16.777 денари.

Следуваат туристичките агенции и туроператори и вработени во таа дејност со плати во просек од 17.189 денари.

Помали од просечните плати земаат и вработени во секторот подготовка на оброци и служење на храна, Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата , работници во производство на облека, мебел како и рибарство и аквакултура.

На оваа листа место си најдоа и работниците од производство на мебел и други.

28.294 денари е просечната исплатена плата во декември 2020.

Промовирани огласи »

Исплатата на февруарските пензии во етапи заради заштита на пензионерите од новата болест ќе почне утре, 25 февруари, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата.

За пензии до 11.000 денари, исплатата ќе се извршува утре, в петок (26 февруари) ќе се исплаќаат пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари. За пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари, исплатата ќе биде в понеделник, 1 март, а наредниот ден (вторник, 2 март) и ќе бидат исплатени и пензиите од над 18.001 денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите може да располагаат од утре, 25 февруари. Тие може да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје, соопшти МТСП.

Промовирани огласи »

Купувањето преку Интернет во Европската Унија е во пораст, пред се поради поради промените во навиките на клиентите, а пандемијата на коронавируси веројатно ќе го забрза овој тренд, објави европскиот завод за статистика Евростат.

Според последните податоци, повеќе од 70 проценти од луѓето порачале нешто преку Интернет во последната година.

89 проценти од граѓаните на ЕУ на возраст од 16 до 74 години користеле Интернет, а 72 проценти од нив купиле или нарачале стоки или услуги за приватна употреба, стои во истражувањето на Евростат за 2020 година.

За споредба, во 2019 година, 68 проценти од корисниците користеле Интернет за купување, а во 2015 година, 62 проценти.

Според Евростат, најголем број на набавки преку Интернет имало во Холандија и Данска – дури 91 и 90 проценти.

Во непосредна близина е и Германија, каде 87 проценти од корисниците одлучиле да купуваат преку Интернет.

Во Хрватска, 69 проценти од корисниците користеле Интернет за да купуваат.

Хрватска, заедно со Чешка, Унгарија и Романија, е група на земји каде што купувањето преку Интернет се проширило најмногу кај корисниците последните пет години.

Според Евростат, најмногу се купувала облека, а следна е испораката на храна и пијалоци.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »