Сајтот Inc наведува неколку причини поради кои добриот работник може да си замине од некоја компанија иако тоа не се очекува.
1. Потполно сте „изгореле“ на работа
Обично на оној што работи му даваат повеќе работа. Но, само еден вработен не може да ја носи тежината на целиот тим.
2. Немаат добра опрема за работа
Тоа може да биде стар компјутер, луѓе кои не сакаат да помогнат, нема напредок во компанијата и слично.
3. Се чувствуваат дека не ги ценат доволно
Платата не е доволна. Кога некој работи, сака тоа и да го чуе од претпоставените.
4. Работната средина не е инспиративна
Најголем дел од денот поминуваме на работа и важно е да се чувствуваме мотивирано и исполнето. Ѕидовите не мора да бидат стерилно бели, а секој детал влијае на расположението на вработените.
5. Не напредуваат
Добрите работници тежнеат кон тоа да бидат што подобри и да напредуваат во кариерата. Тие работат на својот развој. Ако немаат шанса да се докажат, тогаш ќе бараат ново работно место.
6. Сакаат да заработат повеќе пари
Оние кои навистина се добри работници треба постојано да бидат наградувани. Често пати ако бараат покачување сами веќе е доцна.
7. Не гледаат иднина
Талентот на работникот мора да се развива во рамки на компанијата.
8. Нивниот глас не се слуша
Сите сакаат да бидат дел од промените. Ако не добиваат известувања за напредок на компанијата, работниците нема да се чувствуваат како дел од компанијата.