Промовирани огласи »

Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, денеска појасни дека вчера на владината седница било договорено субвенциите за правична застапеност на вработувањата по етнички критериум во приватните компании всушност да се распределуваат процентуално онолку колку што изнесуваат етничките заедници во земјата.

Во оперативниот план за 2021 на Агенцијата за вработување се предвидени 25 милиони евра за стимулирање на вработувања во приватниот сектор и тие, според она што го вели министерката, треба да се распределат според етничката структура во земјата и според принципот на рамномерен развој, односно да се дадат повеќе субвенции во оние региони кои се помалку развиени.

Ова е потврда на принципот на инклузивност и диверзитет согласно меѓународни стандарди  Со вицепремиерот Артан груби сакавме да го пресликаме општеството во овие мерки. Значи, рамноправно учествои, меѓутоа во услови кога имате припадници од различни етнички групи, нивната репрезентативност да биде на ист начин како што тие се застапени во општеството, појасни Шахпаска.

  

Промовирани огласи »

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов присуствува на погребната церемонија на загребскиот градоначалник Милан Бандиќ.

Денеска во Загреб е прогласен ден на жалост по повод смртта на загребскиот градоначалник.

Утрото, заменичката на градоначалникот на Загреб Јелена Павичиќ Вукичевиќ ги прими градоначалниците на Скопје - Петре Шилегов, на Сараево - Абдулах Скака, на Белград - Зоран Радојичиќ, на Сплит - Андро Крстуловиќ - Опара, и на Љубљана - Зоран Јанковиќ, кои се запишаа во книгата на жалост во градската управа.

Промовирани огласи »


„Лагите добиваат повеќе внимание на Интернет отколку вистината“, вели поранешниот аналитичар на ЦИА, дипломат и вработена во Фејсбук, Јаел Ајзенстат. „Сè додека целите на алгоритмите [на социјалните мрежи] не одржуваат ангажирани, тие ќе не хранат со отровот што одговара на нашите најлоши инстинкти и човечки слабости.“ Во овој смел говор, Ајзенстат истражува како компаниите за социјални медиуми како Фејсбук ја поттикнуваат разгорувачката содржина, придонесувајќи за култура на политичка поларизација и недоверба и ги повикува владите да ги повикаат на одговорност овие платформи за да ги заштитат граѓанскиот дискурс и демократијата.

Видеото е кратко, но ефективно. Погледнете што има да каже Јаел. 


 

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре 4 март (четврток) 2021 година започнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец февруари 2021 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 4 март 2021 година.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на здравствена криза, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа: 04.03.2021 (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ и 05.03.2021 (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »