Промовирани огласи »

Поскапуваат бензините од ноќеска на полноќ, утврди Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за половина денар за литар. Цената на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат. Според одлуката, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,446 денари за килограм. 

Од вечерва моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе чини 66 денари за литар а бензинот од 98 октани ќе се продава за 68 денари за литар . Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) чини 56 денари за литар а Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 45 денари. 

Промовирани огласи »

Министерстeрот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска предложи воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава.

Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да започне полицискиот час и до кога да трае истиот.

-Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект, информира Министерството за здравство.

Владата на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Промовирани огласи »

Непрофитната организација „Спаси ја Софија“ (Спаси София) како пример го зема Скопје кога се во прашање велосипедските патеки. Тие наведуваат дека Скопје, за разлика од Софија, инвестира во вело-патеки, додека во главниот град на Бугарија, во центарот, се паркираат и камиони. 

Софија не прави апсолутно ништо за да ја развие велосипедската мрежа и да ја поттикне најеколошката опција за транспорт. Скопје, на пример, има петпати подолга вело-патека од Софија, што покажува дека оправдувањата како немање капацитет, простор, климатски услови и капацитет се неосновани, се вели во објавата на организацијата. 

Тие нагласуваат и дека во последните три години се градат по околу 15 километри вело-патеки во Скопје, а и општините субвенционираат купување велосипеди, како и нивно изнајмување на привремено користење. 

Промовирани огласи »

Одлична вест за акционерите на „Алкалоид“ и за пазарот на капитал во земјава. Компанијата која е една од најуспешните во земјава ќе дели дивиденда од 400 денари по акција во бруто износ или 360 денари нето. Оваа сума е за дури 11 отсто повисока од дивидендата која друштвото ја подели лани. Имено, минатата година нето дивидендата по акција изнесуваше 324 денари или 360 денари во бруто износ.

Поделбата на дивидендата е предлог одлука на закажаното акционерско собрание кое ќе се одржи на 5 април годинава.

Во дивидендниот календар стои дека последен датум на тргување со право на дивиденда за 2020 година е 20.04.2021 година. Прв датум на тргување без право на дивиденда за 2020 година е 21.04.2021 година.

Исплатата на дивидендата за 2020 година ќе започне од 19 мај годинава.

Компанијата лани оствари добивка од близу 19 милиони евра, што е раст од 15 отсто во однос на лани, Во текот на минатата година реализирани се и 210 нови вработувања.

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-декември 2020 година, продажбите достигнуваат 9.188.259.186 денари, што е за 9 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 12.132.328.349 денари, што е исто така за 9 проценти повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Извор Фактор.мк

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »