Промовирани огласи »

Од своето објавување во ноември 2020 година, автобиографската книга „Своја“ на авторката Ирена Чаушевска Даниловска постави мисија да ги едуцира своите читатели, да поттикне превенција и да ја поддржи работата на Националната мрежа и нејзините членки за борба против насилство врз жените и семејно насилство преку низа волонтерски активности и издвојување на посебен фонд од секој продаден примерок.

Нептун Македонија, како општествено одговорна компанија која со децении несебично помага и поддржува различни иницијативи и проекти, ја препозна важноста на мисијата на „Своја“ и за 135 свои вработени, по повод 8 март, обезбеди специјален сет подарок директно помагајќи и збогатувајќи го фондот за донација.

Укажувајќи им почит на своите вработени од понежниот пол, Нептун Македонија воедно директно преку својата донација покажа почит и кон сите девојки и жени кои се борат со табуата, предрасудите и општествените осуди кога станува збор за насилството врз жените и семејното насилство.

Оваа година одлучивме да им оддадеме признание на нашите колешки со симболично внимание со кое воедно ги подржуваме напорите сите жени во нашето општество да просперираат во безбедно опкружување исполнето со почит и радост. Почитувани дами, дозволете лично да ви се заблагодарам за сите ваши заложби во општеството. Вашата улога како мајки, сопруги, сестри, пријателки, колешки е неизмерно важна во секој сегмент од нашето постоење. Среќен 8 Март!, изјави Горан Цветинов – Генерален директор на Нептун Македонија.

Ваквиот тип на соработки, поврзувањето на компаниите со невладиниот сектор и индивидуалните иницијативи се најдобрите примери за воспоставување на редовна практика на дарување, зголемување на филантропијата и директен придонес кон креирање промени во заедницата и во општеството воопшто.

Со поддршката од Нептун, како и други организации и секако многу поединци, од досега продадените над 500 примероци, обезбедени се средства кои во оваа фаза ќе бидат искористени за набавка на нова техничка опрема: компјутер и телевизор за потребите на Кризниот центар „Надеж“, граѓанска организација која има 24-часовна поддршка и СОС телефон за жртвите.

Мисијата на „Своја“ продолжува и секако сите нови издвоени средства од продажбата на книгата ќе бидат одново плански насочени кон потребите на Националната мрежа, односно кон нивните директни корисници.

Промовирани огласи »

Поскапуваат бензините од ноќеска на полноќ, утврди Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за половина денар за литар. Цената на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат. Според одлуката, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,446 денари за килограм. 

Од вечерва моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе чини 66 денари за литар а бензинот од 98 октани ќе се продава за 68 денари за литар . Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) чини 56 денари за литар а Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 45 денари. 

Промовирани огласи »

Министерстeрот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска предложи воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава.

Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да започне полицискиот час и до кога да трае истиот.

-Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект, информира Министерството за здравство.

Владата на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Промовирани огласи »

Непрофитната организација „Спаси ја Софија“ (Спаси София) како пример го зема Скопје кога се во прашање велосипедските патеки. Тие наведуваат дека Скопје, за разлика од Софија, инвестира во вело-патеки, додека во главниот град на Бугарија, во центарот, се паркираат и камиони. 

Софија не прави апсолутно ништо за да ја развие велосипедската мрежа и да ја поттикне најеколошката опција за транспорт. Скопје, на пример, има петпати подолга вело-патека од Софија, што покажува дека оправдувањата како немање капацитет, простор, климатски услови и капацитет се неосновани, се вели во објавата на организацијата. 

Тие нагласуваат и дека во последните три години се градат по околу 15 километри вело-патеки во Скопје, а и општините субвенционираат купување велосипеди, како и нивно изнајмување на привремено користење. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »