Промовирани огласи »

Познатиот ликстер Еван Блас ја објави првата протечена слика од претстојниот супер иновативен смартфон HTC U (Ocean). Од неа се гледа дека ќе биде задржано физичкото копче под самиот екран што непотребно одзема простор и не го следи трендот на LG G6 и Samsung Galaxy S8.

Сепак, предноста на HTC U (Ocean) ќе биде неговата метална рамка осетлива на притисок при што ќе може да се внесуваат различни команди, како и самиот екран кој исто така ќе има Edge Sense технологија со примена на различни гестови.

HTC U (Ocean) ќе има 5.5 инчен Quad HD дисплеј, ќе работи со најмоќниот осум-јадрен Snapdragon 835 процесор, 4 GB RAM со 128 GB вградена меморија, 12 мегапикселна главна камера со напреден сензор, 16 мегапикселна селфи камера и  Android 7.1 Nougat оперативен систем.

Промовирани огласи »

Доналд Трамп сака да ги трансформира познатите визи H-1B како мерка за борба против измами и злоупотреби. Тоа сепак ќе остане ограничена мерка во отсуство на големата законодавна реформа, сметаат експертите.

Овие работни визи со одреден лимит за престој кои се високо ценети од специјализираните компании во областа на високата технологија  се наменети за научници, инженери и програмери. Токму тие им овозможуваат на многу Индијци да стигнат до Силиконската долина.

Претседателот на САД ќе го потпише подоцна во текот на денот декретот кој ги поттикнува соодветните министерства (на трудот, за правда и за домашна безбедност) да предложат реформи, за да може програмата H-1B да се врати во неговата оригинална намена. Тоа значи да им се даваат визи на најквалификуваните кандидати за највисокоплатените позиции.

„Долго време, наместо да дозволи да доаѓаат само најдобрите, програмата H-1B се применуваше на штета на американските работници“, се вели во соопштението на Белата куќа. Според него оваа програма помогнала во технолошкиот сектор во САД да дојде бран од работници, кои се релативно слабо квалификувани и нископлатени. Потпишувањето на овој декрет треба да обезбеди два основни за претседателот приоритетот - да се купува американското и да се вработат Американци.

Работните визи H-1B за САД му даваат право на носителот да престојува и работи легално во САД. Со таква виза може да се престојува во САД до 3 години, а по желба, работодавачот може да го продолжи рокот на визата до шест години. Оваа виза му дава право на семејството на носителот и да престојува во САД заедно со него.

Промовирани огласи »

OpenSpace преставува мал универзум каде уникатни и креативни професионалци се сретнуваат, и помагаат при создавање на нови успешни приказни.

„Work for yourself, not by yourself“ е мотото на OpenSpace, новиот социјално инклузивен co-working простор во Скопје, со својата локација на Бихаќка 3 (на самиот агол помеѓу Огнен Прица и Бихаќка, во каскадната зграда пред Симпо). ОpenSpace со својот уникатен внатрешен дизајн со дела од млади и урбани уметници, и со својата уникатната, дефинитивно нема да ве остави рамнодушни, а на нашите стартапи, фриленсери, креативци, студенти и дигитални номади им нуди поинаква перспектива на работењето.

- Една од нашите цели е да понудиме алтернативен простор за млади претприемачи и фриленсери, кои се во потрага по релаксирана атмосфера која ќе ги инспирира, а во исто време ќе ги направи да се чувствуваат како дома. Воедно, овој простор му овозможува на секој млад човек да си дозволи сопствен деловен простор по пониска цена, наместо да изнајмува скапа и традиционална канцаларија. Токму затоа, OpenSpace преставува мал универзум каде уникатни и креативни професионалци се сретнуваат, и помагаат при создавање на нови успешни приказни на стартaп сцената во Скопје и Македонија - велат одговорните.

OpenSpace се разликува од постоечките co-working простори во Скопје, со тоа што е единствено социјално инклузивно co-working катче, кое покрај тоа што ги спојува младите претпримачи и фриленсери, им овозможува да бидат општествено одговорни, и да допринесат при креирањето на успешни приказни на младите луѓе кои се од социјално загрозени групи. Овој простор нуди програма за пракси и ангажмани за млади луѓе кои припаѓаат на социјално загрозени групи, и кои никогаш ја немале можноста за професионален ангажман поради своите недостатоци, а имаат талент и огромна желба за напредок. Со овој пристап, OpenSpace сака да придонесе при создавање на општествено одговорни компании во Македонија, кои ќе се погрижат за развој на одржливо општество. 

- OpenSpace има за цел да им понуди на студентите еден поинаков простор каде што ќе можат да работат на своите проекти. Наместо, да се собираат по кафе барови, и по студените библиотеки, OpenSpace им ја отвара вратата на својата конференциска сала по симболична цена, за изработка на своите проектни задачи. Креативниот и уникатен дизајн на нашиот простор ќе се обиде да им вдахне мотивација на нашите идни претприемачи и креативни луѓе. Истовремено, посетувајќи го нашиот простор можеби ќе ја најдат првата работа или пракса - велат од Open space.

Промовирани огласи »

Хрватска бара 40 илјади сезонски работници, чија плата  ќе се движи од 600 до 2,000 евра месечно.

Ќе имаат и обезбедено сместување и храна, а работниците со двојно државјаноство ќе имаат и платени придонеси.

За престојната летна сезона, Хрватка не може да најде кандидати за работа во ресторани, кафетерии, хотели и туристички агенции.

Вообичаено, најмногу сезонски работници има од Босна и Херцеговина.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »