Промовирани огласи »

Доналд Трамп сака да ги трансформира познатите визи H-1B како мерка за борба против измами и злоупотреби. Тоа сепак ќе остане ограничена мерка во отсуство на големата законодавна реформа, сметаат експертите.

Овие работни визи со одреден лимит за престој кои се високо ценети од специјализираните компании во областа на високата технологија  се наменети за научници, инженери и програмери. Токму тие им овозможуваат на многу Индијци да стигнат до Силиконската долина.

Претседателот на САД ќе го потпише подоцна во текот на денот декретот кој ги поттикнува соодветните министерства (на трудот, за правда и за домашна безбедност) да предложат реформи, за да може програмата H-1B да се врати во неговата оригинална намена. Тоа значи да им се даваат визи на најквалификуваните кандидати за највисокоплатените позиции.

„Долго време, наместо да дозволи да доаѓаат само најдобрите, програмата H-1B се применуваше на штета на американските работници“, се вели во соопштението на Белата куќа. Според него оваа програма помогнала во технолошкиот сектор во САД да дојде бран од работници, кои се релативно слабо квалификувани и нископлатени. Потпишувањето на овој декрет треба да обезбеди два основни за претседателот приоритетот - да се купува американското и да се вработат Американци.

Работните визи H-1B за САД му даваат право на носителот да престојува и работи легално во САД. Со таква виза може да се престојува во САД до 3 години, а по желба, работодавачот може да го продолжи рокот на визата до шест години. Оваа виза му дава право на семејството на носителот и да престојува во САД заедно со него.

Промовирани огласи »

OpenSpace преставува мал универзум каде уникатни и креативни професионалци се сретнуваат, и помагаат при создавање на нови успешни приказни.

„Work for yourself, not by yourself“ е мотото на OpenSpace, новиот социјално инклузивен co-working простор во Скопје, со својата локација на Бихаќка 3 (на самиот агол помеѓу Огнен Прица и Бихаќка, во каскадната зграда пред Симпо). ОpenSpace со својот уникатен внатрешен дизајн со дела од млади и урбани уметници, и со својата уникатната, дефинитивно нема да ве остави рамнодушни, а на нашите стартапи, фриленсери, креативци, студенти и дигитални номади им нуди поинаква перспектива на работењето.

- Една од нашите цели е да понудиме алтернативен простор за млади претприемачи и фриленсери, кои се во потрага по релаксирана атмосфера која ќе ги инспирира, а во исто време ќе ги направи да се чувствуваат како дома. Воедно, овој простор му овозможува на секој млад човек да си дозволи сопствен деловен простор по пониска цена, наместо да изнајмува скапа и традиционална канцаларија. Токму затоа, OpenSpace преставува мал универзум каде уникатни и креативни професионалци се сретнуваат, и помагаат при создавање на нови успешни приказни на стартaп сцената во Скопје и Македонија - велат одговорните.

OpenSpace се разликува од постоечките co-working простори во Скопје, со тоа што е единствено социјално инклузивно co-working катче, кое покрај тоа што ги спојува младите претпримачи и фриленсери, им овозможува да бидат општествено одговорни, и да допринесат при креирањето на успешни приказни на младите луѓе кои се од социјално загрозени групи. Овој простор нуди програма за пракси и ангажмани за млади луѓе кои припаѓаат на социјално загрозени групи, и кои никогаш ја немале можноста за професионален ангажман поради своите недостатоци, а имаат талент и огромна желба за напредок. Со овој пристап, OpenSpace сака да придонесе при создавање на општествено одговорни компании во Македонија, кои ќе се погрижат за развој на одржливо општество. 

- OpenSpace има за цел да им понуди на студентите еден поинаков простор каде што ќе можат да работат на своите проекти. Наместо, да се собираат по кафе барови, и по студените библиотеки, OpenSpace им ја отвара вратата на својата конференциска сала по симболична цена, за изработка на своите проектни задачи. Креативниот и уникатен дизајн на нашиот простор ќе се обиде да им вдахне мотивација на нашите идни претприемачи и креативни луѓе. Истовремено, посетувајќи го нашиот простор можеби ќе ја најдат првата работа или пракса - велат од Open space.

Промовирани огласи »

Хрватска бара 40 илјади сезонски работници, чија плата  ќе се движи од 600 до 2,000 евра месечно.

Ќе имаат и обезбедено сместување и храна, а работниците со двојно државјаноство ќе имаат и платени придонеси.

За престојната летна сезона, Хрватка не може да најде кандидати за работа во ресторани, кафетерии, хотели и туристички агенции.

Вообичаено, најмногу сезонски работници има од Босна и Херцеговина.

Промовирани огласи »

Просечната нето плата во земјава на стартот на оваа 2017 година изнесувала 370 евра. Државниот завод за статистика во јануари во споредба со истот месец лани регистрирал раст на републичкиот просек на месечни примања за 2,2 отсто а најголем раст имало на платите во секторите комуникации и информации, јавната управа и одбраната, задолжителното социјално осигурување и рударството, покажува неделната анализа на Portalb.mk.

Додека државните институции бележат раст на просечната нето плата, дел од економисте се уверени дека оваа бројка е само гола статистика која не ја одразува реалната состојба со месечните примања во земјава. Дури 70 % од работниците земаат плата помала од 370 евра.

Статистика и реалност – какви се платите во земјава?

Највисоки плати, над 600 евра земаат вработените во секторите информации, коммуникации, фининасиски дејности и снбдување со електрична енергија, а зад нив со просечни месечни примања повисоки од 400 евра се вработените во јавната управа, одбраната и здравството. На скалилото, според висината на платата се вработените во земјоделството.

Еве во кои сектори колку изнесува просечната плата според податоците од Заводот за статистика: во секторот снабдување со струја и гас 637,6 евра, финансиски дејности 636,6 евра, информации и комуникации 612 евра, во секторот јавна управа и одбрана месечниот просек изнесува 445,3 евра а во здравството 410 евра. Вработените во градежништвото имаат просечна плата од 307,7 евра а во трговијата 354,6 евра, додека во земјоделството просекот изнесува 272 евра.

На ниво на земјата, просечната плата во јануари изнесувала 370 евра. Дел од економистите сметаат дека републичниот просек е само статистичко мерење што не ја одразува реалната состојба, со оглед на тоа што најголемиот дел од вработените земаат плати пониски од просекот а само мал дел имаат високи месечни примања што го зголемува просекот на ниво на целата држава.

Најдобрата илустрација за просечната плата во Македонија е онаа позната фраза – еден јаде ориз, друг зелка, трет месо, во просек јадат сарма. Да, просечната плата изнесува околу 22.000-23.000 денари, што можеби не делува ниска, но многу е побитно како е таа дистрибуирана. А дистрибуцијата е таква што половина од работниците имаат плата која е пониска од 16.000, а дури 70% плата која е пониска од 22.000. Затоа, релативно високиот износ на просечната плата не е репрезентативен за платите на поголем дел од работниците. Тој е висок затоа што има мал број на вработени кои имаат исклучително високи плати. Од податоците на УЈП за 2012 година (последни податоци), може да се види дека највисоката плата таа година изнесувала 80.000 евра месечно. Дополнително, 14000 лица со највисоки примања во таа година имале вкупни приходи од околу 500 милиои евра, односно просечни месечни примања од околу 3000 евра. Тоа се тие кои го креваат просекот за платата, вели вели за Portalb.mk економистот Бранимир Јовановиќ.

Дел од досегашните истражувања покажуваат дека во земјава постои голем јаз во висината на платите, па така една анализа на Народната Банка покажува дека само 1,2 отсто од вработените земале плата повисока од 40 000 денари.

Според висината на просечната нето-плата, околу 60 проценти од вработените лица примаат нето-плата од 8.000 до 20.000 денари, што е под просечната нето-плата за 2015 година. Наспроти ова, само 16,2 проценти од вработените имаат плата еднаква или поголема од просечната месечна нето-плата. Од друга страна, во категоријата највисоки месечни примања (над 40.000 денари) спаѓаат само 1,2 проценти од вкупно вработените лица“, се наведува во еден од извештаите на НБМ.

За ваквата состојба на длабоки разлики упатуваат и економистите.

Другиот проблем со платите во Македонија е што се тие несразмерно ниски во споредба со профитите на компаниите. Македонија е една од ретките земји во Европа во која профитите на компаниите се повисоки од платите на работниците. Профитите во 2014 година (последен податок) изнесувале 190 милијарди денари, а средствата на работниците 176 милијарди. Во Франција, на пример, средствата на вработените се околу 4 пати повисоки од профитите на компаниите. Тоа значи дека дефинитивно постои простор за зголемување на платите, особено на минималната плата“, вели за Portalb.mk Јовановиќ и додава:

Причината за ваквите состојби со платите е што цело време водиме економски политики кои им одат во прилог на сопствениците на капиталот, а не на работниците. Сѐ додека имаме ниски и „рамни“ даноци, оскудна социјална помош, ниски трошења на школство и здравство, кратење на работничките права и примат на про-бизнис политики, состојбите ќе бидат вакви.

Во декември 2016 година, вредноста на синдикалната потрошувачка кошница изнесувала 522 евра, или толку пари му се потребни на едно семејство да го истурка месецот. Ако во едно домаќинство има само еден вработен кој ја зема просечената плата, тоа значи дека на тоа семејството му недостасуваат уште 152 евра за да ги задоволи основните потреби. Најголем дел од месечните трошења или 73,6% завршуваат за исхрана и домување.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »