Филип Морис Интернешнал е мултинационален тутунски гигант, чии производи се продаваат во преку 180 земји, компанија чија долга и успешна традиција има почетоци дури во 1800-тите години. Речиси да нема некој кој не знае за Филип Морис или за ултра популарните брендови на компанијата. Па логично прашање кое следува е зошто би имало потреба ваков голем и успешен интернационален играч да прави радикална промена во своето работење?
Во 2016-та година, Филип Морис Интернешнaл (ФМИ) објави дека се обврзува на голема деловна трансформација – оддалечување од дотогашниот фокус на цигарите и другите согорливи производи од тутун и насочување кон подобри производи без чад кои претставуваат подобра алтернативи за сите возрасни пушачи кои би продолжиле да пушат. Целта до 2025 година, како што објави компанијата, е да се достигне бројка од најмалку 40 милиони нејзини возрасни потрошувачи кои ќе се откажат од докажано штетните традиционални цигари и ќе се префрлат на една од алтернативите, за на крајот, да ја постигнат зацртаната цел наречена „Иднина без чад“.
Денес, во различни фази на развој се 4 т.н. платформи кои работат на создавање бездимни алтернативи кои сосема го елиминираат согорувањето, со цел намалување на изложеноста на штетни и потенцијално штетни материи содржани во чадот од цигарите. Првата платформа, која е веќе достапна во многу земји низ светот, а воедно и кај нас, претставува алтернатива базирана на систем на загревање на тутунот, позната под името IQOS. Самиот уред IQOS претставува водечка технолошка иновација опремена со патентираната Heat Control® технологија која не дозволува температурата на загревање на тутунот да надмине 350°. Зошто токму 350°? Истражувањата на научниот тим кој ги развива алтернативите докажале дека согорувањето започнува на температура од 400°, а производ на тој процес е чадот од тутунот кој содржи огромен број докажано канцерогени, штетни и потенцијално штетни материи. Филип Морис Интернешнал од 2008-та година па наваму има инвестирано повеќе од 8,1 милијарди американски долари во науката и истражувањето за развој на производи без чад и вработува повеќе од 400 светски научници, инженери и техничари кои го водат процесот на трансформација. Воедно е 45-та компанија по број на прифатени патенти во ЕУ, со одобрени 4600 патенти и дополнително 6300 поднесени патенти.
Во својот Извештај за напредокот до 2019 компанијата објави дека испорачала 114 милијарди единици помалку цигари и други согорливи производи и 52 милијарди повеќе единици од нејзините производи без чад, што претставува потврда за нејзините напори да ја испорача ветената цел – Иднина без чад. Дополнително, компанијата се обврзува да се подобрува заедно со неколку димензии на своето eколошко, социјално и корпоративно управување.