Промовирани огласи »

Клиничките испитувања на оралната вакцина за коронавирус може да започнат наскоро, а прелиминарните податоци ветуваат.
Станува збор за вакцина наречена Оравакс, изработена од израелско-американската компанија Орамед фармацевтикал и индиската компанија Премас биотех. Оваа вакцина се проголта како таблета и луѓето можеа да ја пијат дома.

Студии врз животни покажаа дека оралната вакцина резултираше со производство на антитела кои обезбедуваат имунитет против коронавирус. Ветувачки резултати се постигнати со давање само на една капсула Оравакс, што ја разликува оваа вакцина од другите што треба да се примат во две дози.

Коосновачот на компанијата Премас Биотек за индиските медиуми изјави дека вакцината се зема како витаминска пилула и дека тој е целосно сигурен во неговата ефикасност. Резултатите од тестирање на животни наскоро ќе бидат објавени во научно списание.

Директорот на Орамед, Надав Кидрон, за „Ерусалим пост“ изјави дека оралната вакцина ќе го реши логистичкиот проблем што е присутен во светот во процесот на вакцинирање и посочи дека таблетите може да се земат и од удобноста на домот.

Исто така, вакцината може да се чува во обичен фрижидер, па дури и на собна температура, што исто така го елиминира проблемот со складирање на стандардни вакцини кои мора да се чуваат на екстремно ниски температури. Кидрон рече дека оралната вакцина може да има помалку несакани ефекти.

Оравакс Медикал се подготвува за тестирање на луѓе во неколку земји, вклучувајќи ги САД, Израел, Мексико и Европа. Истражувањата треба да започнат во јули.

Промовирани огласи »

Економскиот институт Finance Think направил истражување за тоа колкави ќе бидат економските последици од блокадата на Собранието.

Како што е познато, на почетокот на март годинава, институтот ја корегираше проекцијата за раст на економијта за годинава на 4,1 отсто, со нагласени ризици за нејзино натамошно влошување. 

„Веќе во текот на март 2021 забележуваме материјализација на овие ризици, односно прво избувнувањето на третиот бран од коронавирусот Ковид-19 и второ, продолжената неизвесност околу пристигнувањето на вакцините и отпочнувањето на процесот на масовна имунизација. На овие два ризици, во моментот интензивно се наметнува политички ризик кој произлегува од блокадата на работата на Собранието на Република Северна Македонија, со исклучителна важност и последици врз економијата и животот на граѓаните. Имено, измина повеќе од еден месец од објавувањето на петтиот пакет мерки, којшто според својот дизајн, на 17 февруари годинава го оценивме како главно позитивен и порамнет со реалните можности и очекувања. За потсетување, со исклучок на првиот пакет, останатите три пакети економски мерки од 2020 година пазарот ги оценуваше со воздржаност, поради бавната реализација и иницијалното преценување на нивната вредност. Во моментов, дополнително на ваквата евентуална воздржаност, петтиот пакет се соочува со парламентарна блокада и целосна неизвесност околу неговото имплементирање“, објаснуваат од Finance Think.

Клучната мерка во овој пакет, според нив, останува финансиската помош на фирмите во износ од најмалку 14.500 денари по работно место. 

„Според нашите проценки, во првиот бран (април-јуни 2020), оваа мерка спаси околу 60.000 работни места од вкупно 75.000 кои беа на раб да бидат изгубени. Дополнително, пакетот содржи мерки кои треба да обезбедат побрза транзиција од санирање на социјалните последици од кризата кон поддршка на развојот во процесот на закрепнување и поддршка на основите на растот.

Во таа смисла, задоцнетата реализација или нереализацијата на економските мерки за справување со последиците од коронакризата носи висок ризик од дополнително забавување на економската активност, што ќе се рефлектира врз остварување раст значајно понизок од проектираниот. Потоа, ваквата блокада носи и ризик спасувањето на работните места постигнато во 2020 година сега да биде изгубено, особено во секторите коишто се и понатаму критични: трговијата, транспортот, угостителството, забавата и рекреацијата, и личните услуги“, потенцираат од институтот.

Finance Think апелира до политичките чинители, првенствено за поголема конструктивност и одговорност на опозицијата, но и за државничка одговорност и респонзивност на власта, со цел итно и неодложно да се изнајде компромисно решение со кое паралементарната блокада ќе биде отстранета. 

„Апелираме политичките чинители да заземат заемно-одговорен однос, со цел да не страда вкупната економија и живеачката на граѓаните, и блокадата да ја разрешат низ транспарентен дијалог во рамки на институциите“, велат оттаму.

Промовирани огласи »

Откриен e нов сој на коронавирусот во Индија. 

Министерство за здравство на Индија денес ја потврди иформацијата. 

„Иако во Индија се откриени други видови кои предизвикуваат загриженост и нов вид мутиран сој, тие не се регистрирани кај доволно луѓе за да воспостават директна врска или да понудат објаснување за брзото зголемување на случаите во некои земји“, се вели во соопштение од Министерството.

Претходно, во Бретања во Франција беше откриен сој на коронавирусот, кој  не го детектираат ПЦР тестовите. Во светот има повеќе различни мутации на коронавирусот, бразилска, британска, јужноафриканска. 

foto freepik

Промовирани огласи »

Доведена е во прашање испораката на вакцините на „Фајзер“ во земјава. 

Европската Комисија ја измени регулативата за извоз на вакцини во трети земји.  Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во гостување во вестите на Телма, говореше за новата регулатива на ЕК која денеска ја објави претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, со што ќе профункционира солидарниот фонд на Унијата, од каде вакцини терба да добие и нашата земја.

Сега за да се подобри механизмот за респределба на вакцини, ЕУ воведува нова регулатива, која опфаќа две промени во постоечкиот механизам. Прават промена значи реципроцитет односно ќе се следи дали државата која ги произведува вакцините, го ограничува сопствениот извоз на вакцини или нивни суровини. Втората воведена измена во посточекиот механизам се однсеува на пропорционалност, што значи дека ЕУ се залага за пропорционална распределба на вакцините, а тоа ќе се утврдува според тоа дали условите што преовладуваат во земјата се подобри или полоши од оние на ЕУ, особено епидемиолошката состојба, стапката на вакцинација и пристапот до вакцините.

„Овие информации се однесуваат исклучиво на механизмот на солидарност односно на вакцините коишто доаѓаат од земјите членки на ЕУ. Ние и на тој механизам, интензивно работиме во изминатиот период. За тоа е веќе потврден грантот, некои детали уште се разработуваат и секако некои детали во однос на одговорностите што се однесуваат на трилатералните договори. Тоа значи дека тој механизам на солидарност на ЕУ дефинитивно ќе профункционира после сите оние надминувања на тие проблематични елементи, а тоа пред се беше тоа што и самите компании не испорачаа доволно дози кон земјите членки на ЕУ. Ова не се однесува никако на нашите билатерални директни разговори со компании, вклучувајќи ги и европските производители. Конкретно со Астра Зенека ние веќе имаме потпишано договор преку Ковакс механизмот, меѓутоа еве ги чекаме и финалните информации од компанијата Фајзер, а се однесува на одговорноста на несаканите ефекти,  односно кој ќе ја преземе, како и на кој начин. Тоа е нешто на што навистина потрошивме доста време. Секодневно разговараме и јас верувам дека овие денови тоа прашање ќе се расчисти“, рече Филипче.

ЕУ за да добие целосна слика за распределбата на вакцини во новата регулатива вклучи 17 држави меѓу кои и Република Северна Македонија.

foto freepik

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »