Промовирани огласи »

Љубителите на Tesla сега можат да си купат автомобил со биткоин, изјави основачот на компанијата, Илон Марс. Маск, кој е познат како ентузијаст за биткоин, таа најава ја направи на Twitter. Но, вредноста на биткоин брзо се намалува или расте, што значи дека и вредноста на автомобилите ќе се менува од ден во ден.

Tesla инвестираше доста пари во оваа дигитална валута – 1,5 милијарди долари. А тоа е доволна потврда за довербата која Маск ја има во биткоин, што пред околу еден месец предизвика огромен скок на вредноста на биткоин.

Вчерашниот твит на Маск исто така предизвика мало покачување на цената на криптовалутата.

Маск напиша дека Tesla ќе направи интерен софтвер кој ќе може да прими плаќање во биктоин. А во обид да ги смири ентузијастите за биткоин кои се плашат дека екосистемот на биткоин нема да напредува, Маск напиша: „Биткоините со кои ќе бидат платени автомобилите ќе останат биткоини, нема да се претворат во валута која ја контролира владата“.

Во САД нарачките за автомобилите на Tesla сега може да се осигураат со депозит од 100 долари во биткоин. Оваа опција ќе биде проширена и во други земји во текот на наредните месеци.

Нестабилната цена на биткоин ја комплицира употребата на валутата за купување предмети од реалниот свет. На пример, условите на Tesla велат дека ако треба да се рефундираат пари, може компанијата да ги врати парите како точната сума на платени биткоин или во долари во зависност од цената на автомобилот.

Промовирани огласи »

Македонците без негативен ПЦР тест ќе можат да влезат во Србија.

Белград ќе донесе одлука освен со негативен ПЦР тест и карантин да биде овозможен и за вакцинираните против Ковид-19. Српскиот Крзен штаб дал ваква препорака, а Владата тоа треба да го прецизира со уредба.

Како што пишува Блиц.рс, ова правило нема да важи за граѓаните на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора и Унгарија, како и на српските граѓани кои доаѓаат од овие шест земји, бидејќи тие во Србија може да влезат без негативен тест.

Сепак, ова допрва ќе треба да биде дефинитивно потврдено од страна на српската Влада.

 Според Кризниот штаб, со указ на Владата на Србија ќе биде наведена опцијата со која влезот во земјата би бил можен со потврда за целосна вакцинација, односно влез би бил можен за граѓани вакцинирани со две дози, кои имаат уверение. Истиот услов би важел и за странците, а во овој случај влезот во Србија би бил можен без тест за ПЦР и без изолација.

Комплетната вакцинација опфаќа две дози вакцини на „Фајзер“, руската „спутник“ и на „Синофарм“. Бидејќи таа на „АстраЗенека“ моментално има само една доза, се претпоставува дека една доза е еднаква на овие три вакцини за кои е потребна двојна имунизација.

Промовирани огласи »

Клиничките испитувања на оралната вакцина за коронавирус може да започнат наскоро, а прелиминарните податоци ветуваат.
Станува збор за вакцина наречена Оравакс, изработена од израелско-американската компанија Орамед фармацевтикал и индиската компанија Премас биотех. Оваа вакцина се проголта како таблета и луѓето можеа да ја пијат дома.

Студии врз животни покажаа дека оралната вакцина резултираше со производство на антитела кои обезбедуваат имунитет против коронавирус. Ветувачки резултати се постигнати со давање само на една капсула Оравакс, што ја разликува оваа вакцина од другите што треба да се примат во две дози.

Коосновачот на компанијата Премас Биотек за индиските медиуми изјави дека вакцината се зема како витаминска пилула и дека тој е целосно сигурен во неговата ефикасност. Резултатите од тестирање на животни наскоро ќе бидат објавени во научно списание.

Директорот на Орамед, Надав Кидрон, за „Ерусалим пост“ изјави дека оралната вакцина ќе го реши логистичкиот проблем што е присутен во светот во процесот на вакцинирање и посочи дека таблетите може да се земат и од удобноста на домот.

Исто така, вакцината може да се чува во обичен фрижидер, па дури и на собна температура, што исто така го елиминира проблемот со складирање на стандардни вакцини кои мора да се чуваат на екстремно ниски температури. Кидрон рече дека оралната вакцина може да има помалку несакани ефекти.

Оравакс Медикал се подготвува за тестирање на луѓе во неколку земји, вклучувајќи ги САД, Израел, Мексико и Европа. Истражувањата треба да започнат во јули.

Промовирани огласи »

Економскиот институт Finance Think направил истражување за тоа колкави ќе бидат економските последици од блокадата на Собранието.

Како што е познато, на почетокот на март годинава, институтот ја корегираше проекцијата за раст на економијта за годинава на 4,1 отсто, со нагласени ризици за нејзино натамошно влошување. 

„Веќе во текот на март 2021 забележуваме материјализација на овие ризици, односно прво избувнувањето на третиот бран од коронавирусот Ковид-19 и второ, продолжената неизвесност околу пристигнувањето на вакцините и отпочнувањето на процесот на масовна имунизација. На овие два ризици, во моментот интензивно се наметнува политички ризик кој произлегува од блокадата на работата на Собранието на Република Северна Македонија, со исклучителна важност и последици врз економијата и животот на граѓаните. Имено, измина повеќе од еден месец од објавувањето на петтиот пакет мерки, којшто според својот дизајн, на 17 февруари годинава го оценивме како главно позитивен и порамнет со реалните можности и очекувања. За потсетување, со исклучок на првиот пакет, останатите три пакети економски мерки од 2020 година пазарот ги оценуваше со воздржаност, поради бавната реализација и иницијалното преценување на нивната вредност. Во моментов, дополнително на ваквата евентуална воздржаност, петтиот пакет се соочува со парламентарна блокада и целосна неизвесност околу неговото имплементирање“, објаснуваат од Finance Think.

Клучната мерка во овој пакет, според нив, останува финансиската помош на фирмите во износ од најмалку 14.500 денари по работно место. 

„Според нашите проценки, во првиот бран (април-јуни 2020), оваа мерка спаси околу 60.000 работни места од вкупно 75.000 кои беа на раб да бидат изгубени. Дополнително, пакетот содржи мерки кои треба да обезбедат побрза транзиција од санирање на социјалните последици од кризата кон поддршка на развојот во процесот на закрепнување и поддршка на основите на растот.

Во таа смисла, задоцнетата реализација или нереализацијата на економските мерки за справување со последиците од коронакризата носи висок ризик од дополнително забавување на економската активност, што ќе се рефлектира врз остварување раст значајно понизок од проектираниот. Потоа, ваквата блокада носи и ризик спасувањето на работните места постигнато во 2020 година сега да биде изгубено, особено во секторите коишто се и понатаму критични: трговијата, транспортот, угостителството, забавата и рекреацијата, и личните услуги“, потенцираат од институтот.

Finance Think апелира до политичките чинители, првенствено за поголема конструктивност и одговорност на опозицијата, но и за државничка одговорност и респонзивност на власта, со цел итно и неодложно да се изнајде компромисно решение со кое паралементарната блокада ќе биде отстранета. 

„Апелираме политичките чинители да заземат заемно-одговорен однос, со цел да не страда вкупната економија и живеачката на граѓаните, и блокадата да ја разрешат низ транспарентен дијалог во рамки на институциите“, велат оттаму.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »