Промовирани огласи »

Министерството за финансии демантира дека се планира зголемување на стапките на ДДВ и на персонален данок, туку уделот кој општините го добиваат од наплатата на овие даноци. Информацијата дека се зголемува стапката на ДДВ и персонален данок беше погрешно интерпретирана по гостувањето на министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат, а потоа реагираше и самата јавност.

Изјавите на министерот додека ја презентираше реформата за унапредување на фискалната децентрализација беа интерпретирани дека за справувањето со кризата нема да биде доволно само задолжувањето, туку дека ќе треба и да се спроведат непопуларни фискални мерки.

„Во насока на точно информирање на јавноста истакнуваме дека не се планира зголемување на стапките на ДДВ и на персоналниот данок. Имено, изјавата на министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата „Економски магазин“ се однесува на зголемување на уделот кој општините го добиваат од наплата на ДДВ-то и од персоналниот данок, како трансфери од централен буџет, а не на стапките на ДДВ и персонален данок“, објаснуваат од министерството.

И самиот автор на емисијата „Економски магазин“ Горан Теменугов преку социјалните мрежи посочи дека станува збор за ненамерна грешка.

„Поради мала непрецизност објавена на веб страната на Алсат, каде што стоеше дека ќе се зголемува ддв и персоналниот данок, дојде до забуна во јавноста. Информацијата се однесува на зголемување на тоа колку општините ќе добиваат од собраниот ддв и персоналец, а не на зголемување на даноците. Значи, ќе се зголеми процентот што ќе го добијат општините, а не даноците. Јас се извинувам за непрецизноста и во иднина ќе се потрудам да не се повтори ваков пропуст“, се извини водителот.

Промовирани огласи »

Дали може во Македонија да се замисли маркет без продавачи. Место каде сами си ја отклучувате продавницата, си земате производи, ги плаќате и излегувате? Колку ова е далеку од кај нас? Дали замислувате што би се случило само после еден ден работа? 

Но, во Шведска тоа функцонира одлично. 

Таму е отворена продавница, без касиери. Истата  работи 24/7, каде што потрошувачите сами ги скенираат купените продукти со помош на апликација и потоа плаќаат преку неа. Истовремено, иако продавницата е заклучена, потрошувачите можат да ја отворат вратата со помош на истата апликација.

Неверојатно, но вистинито. Целиот систем на работа се потпира на доверба помеѓу маркетот и потрошувачите.

Промовирани огласи »

Денеска или утре Комисијата за заразни болести ќе има нов состанок за анализа на состојбата со заболените од Ковид – 19. Од Министерството за здравство велат дека е можно да се предложат, нови, построги мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, дознава „А1он“.

Состанокот ќе биде денес или најдоцна утре. Не ја исклучуваме можноста да има нови мерки, порестриктивни, по анализата на состојбата од последните неколку дена. Какви мерки и да се препорачаат, граѓаните ќе бидат навреме информирани. Нема да се случи од денес за утре да се усвои мерка, ќе има доволно време за граѓаните да се подготват. Викенд – карантин и затворање на подолг рок, засега не се предвидува, велат од Министерството за здравство за „А1он“.

Засега на сила е полицискиот час кој започнува во 22 часот навечер и трае до 05 часот наутро. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека доколку овој полициски час не вроди со плод, не е исклучена можноста од воведување на дополнителни мерки и скратувањето на работното време на угостителските објекти.

Промовирани огласи »

Викендов во Белград ќе се организира вакцинација за бизнисмени и нивни вработени од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија кои сакаат заштита од коронавирусот, изјави претседателот на Српската стопанска комора, Марко Кадез.

Како што е најавено, обезбедени се 10.000 вакцини.

Само заедно можеме да ја победиме чумата. Ние сме еден регион, нашите економии се тесно поврзани и само заедно можеме да го победиме ова зло. ПКС досега организираше вакцинирање на голем број наши бизнисмени и работници, а сега сакаме да им помогнеме на нашите соседи да успеат да ги зачуваат своите економии, бидејќи само тогаш целиот регион може да оди напред“, рече Кадез, кој е и претседател на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан.

Тој додава дека потребно е само компаниите од регионот да контактираат со нивните стопански комори, кои ќе организираат вакцинација во Белград во координација со Српската стопанска комора.

Во Србија изминатиов викенд се вакцинираа 105 медиумски работници, преку Македонската асоцијација на новинари (МАН), а Независниот синдикат на полицијата соопшти дека е во завршна фаза на преговори за обезбедување на количество на вакцини за своењто членство, истот така во Србија.

Во, меѓувреме се уште се чека во земјава да пристигнат вакцините од „Астразенека“ и од „Синофарм“. Досега со скромни количини од руската вакцина „спутник В“ и американската „Фајзер“ се вакцинираа здравствените работници. Граѓаните се во беззизлезна ситуација, поради немање вакцини во нашата земја, па мораат да се снаоѓаат за да се вакцинираат во други земји.

makfax.com.mk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »