Промовирани огласи »

Денеска или утре Комисијата за заразни болести ќе има нов состанок за анализа на состојбата со заболените од Ковид – 19. Од Министерството за здравство велат дека е можно да се предложат, нови, построги мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, дознава „А1он“.

Состанокот ќе биде денес или најдоцна утре. Не ја исклучуваме можноста да има нови мерки, порестриктивни, по анализата на состојбата од последните неколку дена. Какви мерки и да се препорачаат, граѓаните ќе бидат навреме информирани. Нема да се случи од денес за утре да се усвои мерка, ќе има доволно време за граѓаните да се подготват. Викенд – карантин и затворање на подолг рок, засега не се предвидува, велат од Министерството за здравство за „А1он“.

Засега на сила е полицискиот час кој започнува во 22 часот навечер и трае до 05 часот наутро. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека доколку овој полициски час не вроди со плод, не е исклучена можноста од воведување на дополнителни мерки и скратувањето на работното време на угостителските објекти.

Промовирани огласи »

Викендов во Белград ќе се организира вакцинација за бизнисмени и нивни вработени од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија кои сакаат заштита од коронавирусот, изјави претседателот на Српската стопанска комора, Марко Кадез.

Како што е најавено, обезбедени се 10.000 вакцини.

Само заедно можеме да ја победиме чумата. Ние сме еден регион, нашите економии се тесно поврзани и само заедно можеме да го победиме ова зло. ПКС досега организираше вакцинирање на голем број наши бизнисмени и работници, а сега сакаме да им помогнеме на нашите соседи да успеат да ги зачуваат своите економии, бидејќи само тогаш целиот регион може да оди напред“, рече Кадез, кој е и претседател на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан.

Тој додава дека потребно е само компаниите од регионот да контактираат со нивните стопански комори, кои ќе организираат вакцинација во Белград во координација со Српската стопанска комора.

Во Србија изминатиов викенд се вакцинираа 105 медиумски работници, преку Македонската асоцијација на новинари (МАН), а Независниот синдикат на полицијата соопшти дека е во завршна фаза на преговори за обезбедување на количество на вакцини за своењто членство, истот така во Србија.

Во, меѓувреме се уште се чека во земјава да пристигнат вакцините од „Астразенека“ и од „Синофарм“. Досега со скромни количини од руската вакцина „спутник В“ и американската „Фајзер“ се вакцинираа здравствените работници. Граѓаните се во беззизлезна ситуација, поради немање вакцини во нашата земја, па мораат да се снаоѓаат за да се вакцинираат во други земји.

makfax.com.mk

Промовирани огласи »

Изминатата година со пандемијата излегоа на виделина проблемите што долго траат околу „искуството на вработените“ и самата работа. Препознавањето на промените во личните предизвици за одржување баланс помеѓу работата и семејството, здравјето и зголемената бројка на работни часови во денот паднаа на товар на менаџерите - луѓе во голема мерка обучени и вешти за нешто сосема друго.

Предолг период, менаџерите беа обучени да бидат обесхрабрени набљудувачи на своите вработени, имплементатори на системи и протоколи и крути спроведувачи на управувањето со времето и сето тоа во име на продуктивноста. Во последната година, тие работи станаа ирелевантни или целосно контрапродуктивни. Не е ни чудо што податоците и анкетите од meQuilibrium, McKinsey и Gartner покажуваат дека менаџерите се под стрес, имаат недоволни ресурси и бараат помош. Додека менаџерите работат на спроведување на промената, 37% од одговорните за секторот за човечки ресурси не веруваат дека нивните менаџери се обучени да ја предводат промената и 66% од нивните тимови не им веруваат ним или на раководството дека се способни да се движат низ промените или кризата.

Менаџерите го чувствуваат тоа. Податоците на meQuilbrium, кои се создадени по набљудување на стотици илјади вработени на глобално ниво низ многу индустрии, покажуваат дека од падот на 2020 година, зголемувањето на загриженоста за безбедноста на работата и здравјето е двојно поголемо кај менаџерите отколку кај членовите на тимот кои не се раководни лица. И многу менаџери се на ниско ниво на скалата на еластичност за што покажуваат многу од индикаторите за ПТС - со 34% повисоки стапки од оние на нивните соработници кои не се во управување.

Неизбежно, предизвиците на ниво на менаџментот ќе преминат во предизвици за целата организација. McKinsey известува дека динамиката на односот на вработените со раководството е одговорна за 86% од задоволството од меѓучовечките односи на работа - клучен двигател на задоволството од работата во целина. Всушност, во друго истражување, 75% од учесниците изјавиле дека лошиот непосреден шеф е најстресниот аспект на нивната работа.

Време е да се грижиме за менаџерите, да ги подготвиме за одговорната задача на водење бизниси во 2021 година и пoнатаму.

Постојат три клучни области на разбирање што ќе им помогнат на менаџерите да станат успешни во иднина.

  1. Потребна им е обука за емпатија, слушање и комуникациски вештини. Работната личност во форма на оклоп што луѓето го носат за да се одделат и да се фокусираат е пробиена. Во денешното опкружување на постојани и брзи промени, постојаната емпатична комуникација е од клучно значење за создавање доверба што ќе им овозможи на тимовите брзо да функционираат и да работат во средини со висок интензитет на стрес. Исто така, емоциите сега се поблиску до површината. Членовите на нивниот тим треба да се чувствуваат дека некој навистина ги слуша.
  2. На менаџерите им треба адаптивен капацитет и вештини за да ги поттикнат своите тимови. Менаџерите обично се признаени за компетентност во нивната област на експертиза. Денешниот императив за промена - во ангажманот на клиентите, виртуелната работна средина и технологијата - ги прави агилноста и флексибилното размислување основни вештини.
  3. На менаџерите им е потребна поддршка и акцент на сопствената грижа за себе, за да можат да им ја понудат на другите. Тие треба да бидат охрабрени искрено да ги препознаваат и да ги решаваат сопствените чувства на стрес, исцрпеност и несигурност.

Менаџерите можеби имаат нови потреби и предизвици, но исто така имаат и нови можности за успех. Тие можат да ја искористат флексибилноста и агилноста воведени во текот на минатата година за да изградат посреќни, поангажирани и на крајот попродуктивни тимови. За да се направи тоа потребни се снаодливост и флексибилност.


 

Промовирани огласи »

Љубителите на Tesla сега можат да си купат автомобил со биткоин, изјави основачот на компанијата, Илон Марс. Маск, кој е познат како ентузијаст за биткоин, таа најава ја направи на Twitter. Но, вредноста на биткоин брзо се намалува или расте, што значи дека и вредноста на автомобилите ќе се менува од ден во ден.

Tesla инвестираше доста пари во оваа дигитална валута – 1,5 милијарди долари. А тоа е доволна потврда за довербата која Маск ја има во биткоин, што пред околу еден месец предизвика огромен скок на вредноста на биткоин.

Вчерашниот твит на Маск исто така предизвика мало покачување на цената на криптовалутата.

Маск напиша дека Tesla ќе направи интерен софтвер кој ќе може да прими плаќање во биктоин. А во обид да ги смири ентузијастите за биткоин кои се плашат дека екосистемот на биткоин нема да напредува, Маск напиша: „Биткоините со кои ќе бидат платени автомобилите ќе останат биткоини, нема да се претворат во валута која ја контролира владата“.

Во САД нарачките за автомобилите на Tesla сега може да се осигураат со депозит од 100 долари во биткоин. Оваа опција ќе биде проширена и во други земји во текот на наредните месеци.

Нестабилната цена на биткоин ја комплицира употребата на валутата за купување предмети од реалниот свет. На пример, условите на Tesla велат дека ако треба да се рефундираат пари, може компанијата да ги врати парите како точната сума на платени биткоин или во долари во зависност од цената на автомобилот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »