Промовирани огласи »

Единствен здравствен сертификат во ЕУ ќе биде достапен за граѓаните на земјите членки од 15 јуни. Ова го објави Тиери Бретон, еврокомесар на ЕУ за внатрешен пазар, кој ја надгледува политиката за вакцинација во Европската комисија (ЕК).

Докуменот ќе биде достапен од 15 јуни низ цела Европа. Сертификатот не е потребен, но авиокомпаниите може да го бараат тоа, изјави Бретон за телевизијата LCI.

Документот ќе содржи име на сопственикот, датум на раѓање, број на пасош, како и информации дали е вакциниран и со која вакцина и дали е болен или не, рече тој. Во отсуство на таков сертификат, како што наведува еврокомесарот, патникот ќе мора да помине тест за корона вирус.

Промовирани огласи »

Вакцините „Астра зенека“ што пристигаа денеска на аеродромот Скопје преку ковакс механзимот се произведени во Кореја. Со нив вакцинацијата треба да стартува  в среда во вакциналните пунктови во здравствените домови. Покрај 24.000 -те илјади дози што на здравствените власти им беа испорачани денеска во присуство на дипломатскиот кор и претставници на СЗО и УНИЦЕФ, за до крај на април преку Ковакс има најава за уште 76.000 вакцини од истиот производител за нашата држава.

Како што изјави министерот за здравство Венко Филипче, со овие вакцини први ќе се вакцинираат 20.000  лица над 75 години со хронични болести и согласно местото на живеење ќе биде направена дистрибуција на вакцините во вакциналните пунктови во здравстевните домови.

Вакцината ќе се чува најпрвин во нашите фрижидери во Скопје, кога ќе се спроведе дистрибуцијата ќе биде во  фрижидерите кои веќе постојат  во вакциналните пункотови во здравствените домови  поради тоа што ова вакцина  што се чува на температура од 2 до 8 степени, што значи  буквално секој град може да се чува и да се дава понатаму, изјави Филипче.

Како што поајсни, во вакциналните пунктови кои се делови од здравствените домови се спроведува вакцинацијата од редовниот календар и имаат кадар со искуство во спроведување на вакцинацијата. Досега, информира Филипче, сите беа повикани и едуцирани во делот на некои специфични вакцини од страна на експертскиот тим. Во секој здравстевн дом буквално има опрема и практично мини вакцинален пункт  што значи дека во секој град  ќе се спроведува така како што се спроведува и редовната вакцинација, рече Филипче.

Тој се заблагодари на меѓународните претсавници за помошта за транспортот и приемот на вакцините изразувајќи надеж во континуитет на достава на вакцини преку  Ковакс механизмот, од каде, како што рече, според досегашните сознанија,  во април во држвавава треба да пристигнат дополнителни 76 илјади дози од  производителот „АстраЗенека“.

Во развивање на ковакс механизмот  инвестираа и учествуваа многу  држави во светот, СЗО, Глобалната алијанса за  имунизација со цел да имаме  еднаква и правична распределба на вакцините ширум светот. Сакам да се заблагодарам на сите земји клои го поддржаа овој систем посебно на претставниците на пријателските земји за нас кои се денеска тука со нас САД,  Германија, Велика Британија, Франција,  како и на претставниците и на СЗО и на УНИЦЕФ со чија помош го организиравме целокупниот систем за транспорт за прием и понатаму за користење на овие вакцини, а  врз основа на искуствата на сите земји каде што се користат,  изјави Филипче.

Сега, посочи, сме целосно посветени системот на имунизација да се спроведе брзо и ефиаксно, имаме најави и за пристигнување на други вакцини во текот на овој месец, очигледно очекувањата во делот на времето не се исполнија, но имајќи предвид дека е огромна побарувачката, добро е што системот покажа дека  функцонира така како што е замислен и дека ќе продолжи да функционира  на овој начин за да знаеме во следните месеци колку вакцини може да стигнат преку  ковакс системот за едноставно процесот на имунизација кога ќе започне да има континуитет, изјави Филипче.

Покрај дополнителните 76.000 дози преку ковакс системот,  како што рече, вчера имавме добри  вести и од ЕУ, во април треба да пристигнат и други вакцини од Кина, што значи дека  сите пријавени како ризични категории според приоритеите ќе бидат повикувани преку овој систем, како што ќе доаѓаат вакцините, а место за масовна имунизација ќе биде салата „Борис Трајковски“.

Промовирани огласи »

Јавен оглас за мерката Практиканство од АВРМ.

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Ве известува дека во тек е Јавниот оглас за мерката Практиканство која се имплементира согласно Оперативниот план за активни програми и мерки и услуги на пазарот на трудот за 2021 година.

Мерката Практиканство овозможува стекнување на практични работни знаења и вештини потребни за извршување на работни задачи на одредени работни места и е наменета за невработени лица до 34 години со минимум завршено средно образование.

За повеќе информации може да се обратите во работните клубови на 30-те Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на РСМ и на официјалната веб страна на АВРСМ.

Промовирани огласи »

Истакнати експерти сметаат дека работното време треба да се ограничи на четири часа дневно, тие сметаат дека човекот едниставно не е ниту ментално ниту физички способен да работи повеќе часови од тоа.

Тешко е за било кој човек да работи целосно концентриран повеќе од пет часа на ден, бидејќи остатокот од работното време бара само дел од фокусот и се сведува на чекање да помине времето, пишува Кварц. Една неодамнешна студија покажа дека луѓето постари од 40 години се најпродуктивни кога работат само три дена во неделата. Истражувачите заклучија дека когнитивните перформанси на средновечните луѓе се подобри кога тие работеле до 25 часа неделно. Од друга страна, кога работната недела траела повеќе од 25 часа, перформансите се намалуваат поради последиците од замор и стрес.

Во оваа студија, која беше објавена во Melbourne Institute Worker Paper, беа вклучени 3.000 мажи и 3.500 жени од Австралија чии работни навики беа анализирани. Таа ги тестираше способноста на учесниците гласно да читаат и бројат, како и нивната способност за помнење и размислување. Резултатите открија дека учесниците кои работат 25 часа неделно се најдобри, додека резултатите на оние кои работат 55 часа неделно биле полоши дури и од невработените учесници.

Како што истакнува професорот Колин Мекензи од Универзитетот Кејо, инаку еден од тројцата автори на студијата:

Многу земји ќе ја подигнат старосната граница за пензионирање, а тоа значи дека се поголем број на луѓе ќе продолжат да работат во подоцнежните фази од животот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »