Истакнати експерти сметаат дека работното време треба да се ограничи на четири часа дневно, тие сметаат дека човекот едниставно не е ниту ментално ниту физички способен да работи повеќе часови од тоа.
Тешко е за било кој човек да работи целосно концентриран повеќе од пет часа на ден, бидејќи остатокот од работното време бара само дел од фокусот и се сведува на чекање да помине времето, пишува Кварц. Една неодамнешна студија покажа дека луѓето постари од 40 години се најпродуктивни кога работат само три дена во неделата. Истражувачите заклучија дека когнитивните перформанси на средновечните луѓе се подобри кога тие работеле до 25 часа неделно. Од друга страна, кога работната недела траела повеќе од 25 часа, перформансите се намалуваат поради последиците од замор и стрес.
Во оваа студија, која беше објавена во Melbourne Institute Worker Paper, беа вклучени 3.000 мажи и 3.500 жени од Австралија чии работни навики беа анализирани. Таа ги тестираше способноста на учесниците гласно да читаат и бројат, како и нивната способност за помнење и размислување. Резултатите открија дека учесниците кои работат 25 часа неделно се најдобри, додека резултатите на оние кои работат 55 часа неделно биле полоши дури и од невработените учесници.
Како што истакнува професорот Колин Мекензи од Универзитетот Кејо, инаку еден од тројцата автори на студијата:
Многу земји ќе ја подигнат старосната граница за пензионирање, а тоа значи дека се поголем број на луѓе ќе продолжат да работат во подоцнежните фази од животот.