Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Емотивната приврзаност на вработените со компанијата каде работата е директно поврзана со количината на ангажираност. Тоа е есенцијален двигател на компанијата во однос на конкуренцијата. 

За да остане вработениот целосно ангажиран и посветен, треба неговите претпоставени да се погрижат за тоа. 

Најчесто ангажираноста на вработениот е погрешно поврзувана со нови бенефиции, пинг- понг маси или предност во однос на останатите вработени во компанијата. Иако овие елементи играат улога, време е компаниите да сфатат дека секој вработен треба да биде различно третиран односно секој вработен го стимулира различен тип на награда. 

Како да препознаете кога некој вработен се „исклучил“:

  • намалено учество во активностите на компанијата
  • намалена продуктивност
  • отсутност и измореност
  • пропуштање на рокови
  • апатичност и циничност
  • недостиг на ентузијазам и иницијатива

„Исклучените“ вработени се мрзливи работници

Не сите „исклучени“ вработени имаат слаби резултати, нити пак сите задоволни вработени имаат најдобри резултати. Иако менаџерите вообичаено сакаат да ги отстранат „исклучените“ од компанијата, тоа не мора да значи дека тие не носат квалитет во работата на компанијата. Кога вработените ги посветуваат своето време и енергија во компанијата и не се чувствуваат ценето од страна на менаџерите, сосема оправдано е да ја „исклучат“ својата ангажираност и посветеност во однос на компанијата. 

„Исклучувањето“ не е нешто што се случува одеднаш, туку тоа се случува по серија настани кои го разочаруваат вработениот. Кога патеката кон успехот не им е на дофат, вработените се „исклучуваат“.

Наместо да ги отстрануваат овие вработени, менаџерите треба да го пронајдат и променат она што ги тера вработените да се „исклучат“. 

Секторот за човечки ресурси е одговорен за повторното вклучување на „исклучените“ вработени

Тоа е заедничка работа на секторот за човечки ресурси и менаџментот. Менаџментот го поставува примерот за работа. За да се постави пример треба отворено да се разговара за проблемите и да се пополнат „дупките“ во начинот на менаџирање. Секторот за човечки ресурси е одговорен за вработените во компанијата на макро ниво, додека пак менаџерите се одговорни на микро ниво. Овој исказ е баш мит, така што како менаџери би требало малку повеќе внимание да посветите на микро менаџирањето во вашата компанија. 

Лесно е да го вклучиш повторно „исклучениот“ вработен 

Повторното вклучување на „исклучениот“ вработен е постепен процес, а не еднократен настан. За тоа да се случи потребно е да се детектира и отстрани пречката во нивниот ентузијазам. 

Додека бонусот на плата е секогаш добредојден, личниот и професионалниот развој се она што најмногу ги мотивира вработените. Вработените сакаат предизвици, здрав баланс помеѓу работата и приватниот живот и признанине за нивниот труд од страна на претпоставените. 

Не оставајте вработените да се исклучат, полесно е да ја стимулирате нивната мотивација постојано, отколку повторно да ги вклучувате во процесот на работа на компанијата. 

Промовирани огласи »

Доколку по завршување на пандемијата на коронавирусот планирате да одите на печалба, скандинавските земји имаат највисоки плати.  

Иако македонските граѓани масовно заминуваа изминативе години во Германија, сепак оваа земја не е лидер по висината на платите во европското семејство.  Евростат објави во која земја колку изнесува просечната плата, при што на врвот е Данска. Оваа земја има просечна плата од 4.057 евра, а зад неа е Луксембург со плата од 3.671 евра месечно, проследено со Шведска (3.135 евра), Белгија (3.092 евра), Ирска (3.021 евра), Финска (2.958 евра) и Германија (2.891 евра). Износот на платите е многу важен фактор за луѓето кои заминуваат на работа во странство.

Повеќе на Фактор.мк

Промовирани огласи »

Компанијата Visa дозволи употреба на крипто валути за порамнување на трансакции во својата платежна мрежа, преку stablecoins на американскиот долар (USDC). Процесот е овозможен преку платформата Ethereum, една од најактивно користените blockchain платформи со отворен код. Овој проект се наоѓа во пилот фаза што Visa ја спроведува во партнерство со Crypto.com, најголемата крипто платформа во светот, а во план е можноста за порамнување преку stablecoins да им биде понудена на други партнери подоцна оваа година.   

Поддршката за дигиталните валути претставува важен чекор напред во стратегијата за развој на компанијата Visa, со цел да се продолжи со подобрување на сите форми на движење на парите, како во рамките на Visa мрежата, така и пошироко. Водејќи грижа за своето глобално присуство и сигурноста на брендот, Visa е насочена кон создавање додадена вредност во платежниот екосистем и кон правење крипто валутите да се побезбедни, покорисни и поприменливи за плаќање.  

Во претходната година, Visa работеше на создавање услови за воведување на дигитални валути во рамките на постоечката платформа, во рамките на која секојдневно се врши промет од милијарди долари, од преку илјада институции, на повеќе од 200 пазари и во 160 различни валути. Во соработка со Anchorage, ексклузивниот Visa партнер за порамнување на дигитални валути, Visa започна пилот проект кој овозможува преку Crypto.com компанијата Visa да плаќа со stablecoins за да го порамни делот од своите обврски во рамките кон Crypto.com со Visa програмата за картички.

Стандардната постапка за порамнување на компанијата Visa подразбира дека партнерите своите обврски ги извршуваат во традиционалната валута, што може да предизвика дополнителни трошоци и потешкотии за компаниите изградени на дигитални валути. Способноста да се сместат во stablecoins (USDC), според тоа, може да им помогне на Crypto.com и другите матични крипто компании да размислат за користење нови деловни модели без користење на традиционални валути. Подобрувањето на Visa трезорот и интеграцијата со платформата Anchorage, банката за дигитални средства, исто така ја зајакнуваат способноста на компанијата Visa директно да ја поддржува новата дигитална валута на централната банка (ЦБДЦ) кога ќе се појави во иднина.

“Авоторските крипто fintech компании сакаат партнери кои го разбираат нивниот бизнис и сложеноста на дигиталната валута,” изјави Џек Форстел, извршен потпретседател и директор за производите во компанијата Visa. “Оваа најава претставува пресвртна точка во нашите напори да одговориме на потребите на fintech кои работат со stablecoins или крипто валути, што е само продолжение на она што го правиме секој ден, а тоа е плаќањата во различни валути низ целиот свет да ги направиме поедноставни.”

Крис Марслек, ко-основачка и извршна директорка на Crypto.com истакна: “Забележавме рекорден раст на бизнисот во последната година. Со цел да продолжиме да ја забрзуваме транзицијата кон крипто валутите, потребни ни се партнери кои ја разбираат можноста и алатките што ќе ни помогнат побрзо и поефикасно да излеземе на пазарот. Бидејќи веќе неколку години сме партнери со компанијата Visa, драго ни е што заедно започнуваме еден возбудлив свет на stablecoins плаќања.”

“Anchorage платформата е специјално дизајнирана за институции како компанијата Visa, за да можеме да градиме нови крипто производи. Бевме заедно со компанијата Visa уште од 2019 година и драго ни е што можеме да видиме како првите stablecoins плаќања оживуваат преку Anchorage апликацискиот програмски интерфејс (API),” изјави Диаго Моника, ко-основач и претседател на Anchorage.

Дејвид Пут, директор на компанијата Centre, кој го надгледува лиценцирањето на stablecoins на американскиот долар (USDC), изјави: “Visa го предводи пазарот со својот иновативен пристап за плаќањата во многу форми. Импресионирани сме од нивните напори. Присуството на монети од американски долар на Visa мрежата е извонреден чекор напред во нашата мисија да го поврземе светот преку stablecoins изградени според стандардите на нашата компанија, почнувајќи од USDC.”

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »