Промовирани огласи »

Угостителските објекти, како и угостителскиот дел од обложувалниците се затвораат од утре за гости. Ваква одлука вчера донесе владата на одржаната седница во рамки на новиот пакет рестриктивни мерки.

Властите посочија дека новите рестриктивни мерки имаат за цел да се намали оптоварувањето на здравствениот систем, како и да се избегне потенцијално затворање за верските празници Велигден и Бајрам.

Одлуката за затворање ќе трае до 20 април 2021 година, а како што соопшти Владата по вчерашната седница, објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт.

Целосна забрана да примаат гости ќе имаат и хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна, а исклучок се рестораните во склоп на хотелите, мотелите, хостели и пансиони за оние лица кои се сместени како гости, како и угостителскиоте објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори бара итна финансиска помош за овој сектор по одлуката на Владата за затворање на угостителските објекти како дел од рестриктивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19.

Според проценките на Комората, без основни приходи ќе останат околу 30 илјади граѓани кои работат во овој сектор.

Со оглед на моменталните услови, ја разбираме потребната од носењето на нови рестриктивни мерки кои треба да доведат до подобрување на состојбите на здравствен план. Но, во исто време апелираме дека е неопходно паралелно со тоа итно да се додели и посебна финансиска помош за субјектите кои поради одлуката затворањето ќе останат без било какви приходи. Финансиска поддршка е неопходна за да се обезбеди основна егзистенција и да не се изгубат овие работни места, вели Мартин Анѓеловски од Туристичко-угостителската комора.

Од Комората посочуваат дека овој сектор е еден од најзасегнатите од кризата предизвикана од пандемијата и оти граѓаните кои работат во овој сектор тонат во долгови.

Промовирани огласи »

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск е претприемач со ракети, основач на корпорации, неуморен продавач и можен колонизатор на други планети, трудејќи се за да не спаси сите нас. Тој е ко-основач на Tesla Motors, PayPal и SolarCity и основач на SpaceX. Неговиот успех доведе до споредба со Хенри Форд и Стив Џобс. Во текот на тешкото детство, Илон Маск развил единствена визија и немилосрдна работна етика. Познато е дека работи до 100 часа неделно.

Интересот на Маск за романи од научна фантастика се рефлектира во неговата загриженост за влијанието на човековата активност. Тој работи во области за кои смета дека се клучни за нашата иднина, како што се Интернет, вселенска колонизација и транзиција кон обновливи извори на енергија. Со својата работа со SpaceX и SolarCity, тој напредуваше во сите овие три области.

Тој бил малтретиран од своите врсници додека бил мал

Според зборорвите на Маск, неговото детство било брутално и бил доста осамено дете бидејќи бил малтретиран. Тој рече дека неговите врсници го намамиле да се скрие еднаш и го претепале. Го бркале банди кои се обиделе да го повредат. Овие банди го следеле Маск без престан. Тој ниту дома не се чувствувал безбедно.

Неговите родители мислеле дека можеби е глув

Кога Маск бил мало дете, тој гледал во далечината додека другите луѓе му зборувале. Ова ги натерало неговите родители да мислат дека детето можеби е глуво. Лекарите му ги отстраниле аденоидите, но тој не престанал да гледа настрана. Неговата мајка Меј вели дека тој само го истражува својот мозок.

Неговиот татко бил насилен

Маск вели дека неговиот татко "е добар да го прави животот мизерен. Не знам како некој станува како него". Тој често го опишува својот татко како најтемниот аспект во неговиот живот. Се чини дека тој можеби бил насилен - ако не физички, тогаш психички. Маск одбива детално да зборува за неговиот татко.

Маск продал видео игра во 1984 година

Играта се викала Бластар, а Маск, кога имал 12 години, добил 500 долари кога го објавил изворниот код во јужноафриканското списание PC and Office Technology. Во 2015 година, софтверски инженер на Google го ревидираше кодот и ја активираше играта. Во играта, треба да ги уништите вонземјанските бродови со оружје.

За малку не ја продаде Tesla на Google 

Во 2013 година, Маск речиси ja продаде Tesla на Google "за 11 милијарди долари“, според Ешли Венс, автор на Илон Маск: Тесла, Спејс Икс и потрага по фантастична иднина. Во тоа време, иднината на Тесла изгледаше мрачна, а Маск гo контактираше  коосновачот и извршен директор на Google, Лери Пејџ за преземање “.

Организирал домашни забави за да си го плати факултетот

Маск организирал забави во куќата и наплаќал надомест од 5 долари додека студирал. Со овие пари можел да си плати за факултет. Тој и неговиот цимер биле жители на куќа со 10 спални соби и ги покривале sидовите со светла боја. Маск останувал трезен за време на забавите за да има сè под контрола.

Продолжува утре...

Промовирани огласи »

Курир дознава дека од утре ќе бидат воведени нови рестриктивни мерки во Македонија поради сериозната состојба со коронавирусот.

Неофицијално, според информациите на Курир, до Владата ќе се предложи зголемување на полицискиот час. Наместо како досега од 22 часот, полицискиот час ќе започнува од 20 часот.

Следна мерка која неофицијално ќе стапи на сила од утре е затворањето на угостителските објекти.

Во текот на денот се очекува прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче.

Промовирани огласи »

Повеќе компании, вклучувајќи ги PayPal и Starbucks, прифаќаат биткоин и други криптовалути за плаќање, и покрај предупредувањата за нестабилност, пишува Бизнис инсајдер. 

Ретко кој циклус на вести поминува без да се спомене растечката популарност на биткоинот, од обожаватели и скептици.

Цените  паднаа околу Денот на благодарноста минатата година -  за да постават историски максимум од 19,857 американски долари на 30 ноември.

Потоа, минатиот месец, криптовалутата достигна рекорд во историјата, со цени од 60.000 американски долари.

Нестабилноста на биткоинот е добро рекламирана и придонесе многу инвеститори, вклучително и Ворен Бафеф, да ги критикуваат и другите криптовалути како „ризични“ и „безвредни“. Сепак, ваквите предупредувања не одвратија повеќе компании да ја прифаќаат валутата како официјална опција за плаќање.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »