Извршниот директор на Tesla, Илон Маск е претприемач со ракети, основач на корпорации, неуморен продавач и можен колонизатор на други планети, трудејќи се за да не спаси сите нас. Тој е ко-основач на Tesla Motors, PayPal и SolarCity и основач на SpaceX. Неговиот успех доведе до споредба со Хенри Форд и Стив Џобс. Во текот на тешкото детство, Илон Маск развил единствена визија и немилосрдна работна етика. Познато е дека работи до 100 часа неделно.
Интересот на Маск за романи од научна фантастика се рефлектира во неговата загриженост за влијанието на човековата активност. Тој работи во области за кои смета дека се клучни за нашата иднина, како што се Интернет, вселенска колонизација и транзиција кон обновливи извори на енергија. Со својата работа со SpaceX и SolarCity, тој напредуваше во сите овие три области.
Тој бил малтретиран од своите врсници додека бил мал
Според зборорвите на Маск, неговото детство било брутално и бил доста осамено дете бидејќи бил малтретиран. Тој рече дека неговите врсници го намамиле да се скрие еднаш и го претепале. Го бркале банди кои се обиделе да го повредат. Овие банди го следеле Маск без престан. Тој ниту дома не се чувствувал безбедно.
Неговите родители мислеле дека можеби е глув
Кога Маск бил мало дете, тој гледал во далечината додека другите луѓе му зборувале. Ова ги натерало неговите родители да мислат дека детето можеби е глуво. Лекарите му ги отстраниле аденоидите, но тој не престанал да гледа настрана. Неговата мајка Меј вели дека тој само го истражува својот мозок.
Неговиот татко бил насилен
Маск вели дека неговиот татко "е добар да го прави животот мизерен. Не знам како некој станува како него". Тој често го опишува својот татко како најтемниот аспект во неговиот живот. Се чини дека тој можеби бил насилен - ако не физички, тогаш психички. Маск одбива детално да зборува за неговиот татко.
Маск продал видео игра во 1984 година
Играта се викала Бластар, а Маск, кога имал 12 години, добил 500 долари кога го објавил изворниот код во јужноафриканското списание PC and Office Technology. Во 2015 година, софтверски инженер на Google го ревидираше кодот и ја активираше играта. Во играта, треба да ги уништите вонземјанските бродови со оружје.
За малку не ја продаде Tesla на Google
Во 2013 година, Маск речиси ja продаде Tesla на Google "за 11 милијарди долари“, според Ешли Венс, автор на Илон Маск: Тесла, Спејс Икс и потрага по фантастична иднина. Во тоа време, иднината на Тесла изгледаше мрачна, а Маск гo контактираше коосновачот и извршен директор на Google, Лери Пејџ за преземање “.
Организирал домашни забави за да си го плати факултетот
Маск организирал забави во куќата и наплаќал надомест од 5 долари додека студирал. Со овие пари можел да си плати за факултет. Тој и неговиот цимер биле жители на куќа со 10 спални соби и ги покривале sидовите со светла боја. Маск останувал трезен за време на забавите за да има сè под контрола.
Продолжува утре...