Истражувањето кое го направи босанскиот klix.ba дојде до заклучок дека во регионот најскапите комерцијални ПЦР-тестови ги нуди Словенија, додека во Северна Македонија се најевтини.
Само неколку јавни здравствени установи во Федерацијата БиХ вршат комерцијално тестирање, а цената во приватните клиники е повисока од онаа препорачана од Институтот и е околу 60 - 72 евра.
Цените на комерцијалното тестирање за коронавирус во регионот се различни, а во повеќето здравствени институции граѓаните издвојуваат големи суми за тестирање на коронавирус.
Во Хрватска, новите цени ги утврди Институтот за јавно здравје. Од 7 април, граѓаните на оваа земја ќе платат 66 евра, односно 500 куни за комерцијален тест.
Додека цените на тестирањето на коронавирус стануваат поевтини, во соседна Србија ситуацијата е обратна.
Имено, првичната цена на ПЦР тестот беше 51 евро, односно 6.000 динари, на почетокот на 2021 година цената беше зголемена на 76,7 евра (9000 динари). Комерцијалното тестирање во Србија се спроведува само во државните здравствени установи.
Ако сте жител на Црна Гора, ќе платите 80 евраза лично тестирање, додека во Македонија цената зависи од институцијата и се движи од 40 до 89 евра . Словенците за овој метод на тестирање треба да потрошат малку повеќе пари во споредба со другите земји во регионот, а цените на тестот достигнуваат 150 евра.
Ниту земјите од Европската унија не ги изедначија цените за ПЦР тестовите. Некои нудат бесплатно тестирање за своите граѓани, вклучително и Франција, а неодамна и граѓаните на Виена го имаат истото право. Во остатокот од Австрија, населението ја нема оваа опција и плаќа помеѓу 60 и 100 евра за тестирање.
Цената на комерцијалните тестови во Германија се движи од 100 до 180 евра, додека тестовите за лица со симптоми се бесплатни.
Во скандинавските земји се наплатува тестирање на коронавирус. Во Шведска, цената за комерцијален PCR тест е околу 140 евра, додека во Финска е многу повисока и изнесува дури 250 евра.
На југот на Европа во Италија, цените на комерцијалните тестови се различни според регионите, а највисоките достигнуваат120 евра. Населението во Шпанија ќе издвои помеѓу 100 и 150 евраза тест по сопствено барање.
Цената на комерцијалните тестови во Велика Британија варира во зависност од тоа која здравствена установа ве тестира. На почетокот на март, на некои аеродроми беа понудени најевтините тестови од 60 фунти, а најскапиот тест во Лондон е 214 фунти.
Не треба да заборавиме на фактот дека луѓето со симптоми се тестираат бесплатно во Велика Британија, а употребата на бесплатни тестови за патни цели е забранета со закон.
Низ цела Европа, генерално цената на тестирањето на коронавирус е исклучително висока. Исто така, малку земји обезбедуваат бесплатни услуги за комерцијално тестирање, а причината е првенствено намалување на патувањата во странство за борба против ширењето на коронавирусот.