Промовирани огласи »

Веќе спомнавме неколку работи кои сигурно не сте ги знаеле за Илон Маск, но има уште интересни моменти од неговиот живот кои треба да се спомнат. 

Поседува автомобил користен во филм со Џејмс Бонд 

Во 2013 година, Маск го купи автомобилот - подморница „Лотус Есприт“ од филмот 007 „Шпионот кој ме сакаше“ за 866.000 американски долари. Тој вели дека како дете, постојано го гледал овој филм одново и одново. Се зачудил кога видел како Бонд го притиска копчето и автомобилот се трансформира во подморница.

Неговите вработени работат 24 часа на ден

Илон е жесток лидер. Кога има краен рок на проектот, како што е најавата за прототипот на Tesla Model S, вработените работат 24 часа на ден. Во 2010 година, SpaceX успешно ја лансираше својата Dragon Capsule. Маск ги повикал своите врвни директори и им се развикал пред другите луѓе.

Тој води училиште наречено Ад Астра

Ад Астра е училиште на Маск што тој го води во седиштето на SpaceX. Неговите деца посетуваат училиште заедно со децата на многу вработени во SpaceX. Маск го основал училиштето за да ги надмине другите училишта по важни предмети преку учење базирано на проекти. Според училишните извештаи, децата често работат во тимови и учат наука, математика и инженерство.

Маск е непоколеблив водач

Еден од вработените во SpaceX еднаш рече дека кога Илон не е среќен, сите го знаат тоа. На Стив Дејвис, друг вработен, му беше доделена задача што се чинеше невозможна. Тој рече дека дури и најголемиот инженер нема да се обиде да го заврши проектот. Тој работеше на тоа 9 месеци и се што Илон имаше да каже е „Добро“.

Неговиот прв бизнис бил Zip2

Маск и неговиот брат заедно го започнале својот прв бизнис, Zip2. Во суштина тоа било мапирање. И покрај тоа што можеле да ја продадат компанијата за 307 милиони долари, тие имале проблеми со инвеститорите. Инвеститорите го понудиле производот на медиумските компании, а не воделе сметка за сегментот B2C што Маск го претпочитал. Сепак Илон стана новото богато момче во Силиконската долина.

Промовирани огласи »

Mојата комуникација со министерот за здравство на Северна Македонија, за да го објасниме нашиот план за тоа како ќе отвориме и како би можело да биде на нашите граници - истакна министерот за туризам на Грција.

Ќе отвориме на 14 мај, ќе ги отвориме сите копнени премини, за да ги немаме тешкотиите што ги имавме лани, рече министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, одговарајќи на пратеничко прашање на пратеничката на СИРИЗА, Кирјаки Малама, во врска со туристичката сезона, конкретно за Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.

Теохарис уште еднаш го објасни владиниот план во пет точки со предусловите за патување во Грција: или вакцинација или негативен тест, во комбинација со контроли при влезот за доколку има позитивни посетители да се откриваат, хотели- карантин за изолација на заразените, вакцинација на туристичките работници, како и строго почитување на здравствените протоколи, „кои лани ги чуваа безбедни и туристите и граѓаните“.

Го соопштивме нашиот план и сме единствената земја која толку јасно го соопшти. Бев во низа земји во изминатиот период. Повеќето од нив, всушност, би рекол сите се за северна Грција. Тоа се Романија, Србија, мојата комуникација со министерот за здравство на Северна Македонија, за да го објасниме нашиот план за тоа како ќе отвориме и како би можело да биде на нашите граници – истакна министерот за туризам на Грција.

Говорејќи за патниот туризам лани објасни дека беше „воена состојба“ и земјата немаше капацитет за персонал на сите влезни точки, а контролата беше потешка и потсети дека бранот го погоди Балканот во моментите кога Грција го отвораше туризмот, но сега, истакна дека постојат повеќе алатки, брзи тестови, вакцини, како и искуство од ланската сезона.

Промовирани огласи »

Истражувањето кое го направи босанскиот klix.ba дојде до заклучок дека во регионот најскапите комерцијални ПЦР-тестови ги нуди Словенија, додека во Северна Македонија се најевтини.

Само неколку јавни здравствени установи во Федерацијата БиХ вршат комерцијално тестирање, а цената во приватните клиники е повисока од онаа препорачана од Институтот и е околу 60 - 72 евра.

Цените на комерцијалното тестирање за коронавирус во регионот се различни, а во повеќето здравствени институции граѓаните издвојуваат големи суми за тестирање на коронавирус.

Во Хрватска, новите цени ги утврди Институтот за јавно здравје. Од 7 април, граѓаните на оваа земја ќе платат 66 евра, односно 500 куни за комерцијален тест.

Додека цените на тестирањето на коронавирус стануваат поевтини, во соседна Србија ситуацијата е обратна.

Имено, првичната цена на ПЦР тестот беше 51 евро, односно 6.000 динари, на почетокот на 2021 година цената беше зголемена на 76,7 евра (9000 динари). Комерцијалното тестирање во Србија се спроведува само во државните здравствени установи.

Ако сте жител на Црна Гора, ќе платите 80 евраза лично тестирање, додека во  Македонија цената зависи од институцијата и се движи од 40 до 89 евра . Словенците за овој метод на тестирање треба да потрошат малку повеќе пари во споредба со другите земји во регионот, а цените на тестот достигнуваат 150 евра.

Ниту земјите од Европската унија не ги изедначија цените за ПЦР тестовите. Некои нудат бесплатно тестирање за своите граѓани, вклучително и Франција, а неодамна и граѓаните на Виена го имаат истото право. Во остатокот од Австрија, населението ја нема оваа опција и плаќа помеѓу 60 и 100 евра за тестирање.

Цената на комерцијалните тестови во Германија се движи од 100 до 180 евра, додека тестовите за лица со симптоми се бесплатни.

Во скандинавските земји се наплатува тестирање на коронавирус. Во Шведска, цената за комерцијален PCR тест е околу 140 евра, додека во Финска е многу повисока и изнесува дури 250 евра.

На југот на Европа во Италија, цените на комерцијалните тестови се различни според регионите, а највисоките достигнуваат120 евра. Населението во Шпанија ќе издвои помеѓу 100 и 150 евраза тест по сопствено барање.

Цената на комерцијалните тестови во Велика Британија варира во зависност од тоа која здравствена установа ве тестира. На почетокот на март, на некои аеродроми беа понудени најевтините тестови од 60 фунти, а најскапиот тест во Лондон е 214 фунти.

Не треба да заборавиме на фактот дека луѓето со симптоми се тестираат бесплатно во Велика Британија, а употребата на бесплатни тестови за патни цели е забранета со закон.

Низ цела Европа, генерално цената на тестирањето на коронавирус е исклучително висока. Исто така, малку земји обезбедуваат бесплатни услуги за комерцијално тестирање, а причината е првенствено намалување на патувањата во странство за борба против ширењето на коронавирусот.

Промовирани огласи »

Угостителските објекти, како и угостителскиот дел од обложувалниците се затвораат од утре за гости. Ваква одлука вчера донесе владата на одржаната седница во рамки на новиот пакет рестриктивни мерки.

Властите посочија дека новите рестриктивни мерки имаат за цел да се намали оптоварувањето на здравствениот систем, како и да се избегне потенцијално затворање за верските празници Велигден и Бајрам.

Одлуката за затворање ќе трае до 20 април 2021 година, а како што соопшти Владата по вчерашната седница, објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт.

Целосна забрана да примаат гости ќе имаат и хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна, а исклучок се рестораните во склоп на хотелите, мотелите, хостели и пансиони за оние лица кои се сместени како гости, како и угостителскиоте објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори бара итна финансиска помош за овој сектор по одлуката на Владата за затворање на угостителските објекти како дел од рестриктивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19.

Според проценките на Комората, без основни приходи ќе останат околу 30 илјади граѓани кои работат во овој сектор.

Со оглед на моменталните услови, ја разбираме потребната од носењето на нови рестриктивни мерки кои треба да доведат до подобрување на состојбите на здравствен план. Но, во исто време апелираме дека е неопходно паралелно со тоа итно да се додели и посебна финансиска помош за субјектите кои поради одлуката затворањето ќе останат без било какви приходи. Финансиска поддршка е неопходна за да се обезбеди основна егзистенција и да не се изгубат овие работни места, вели Мартин Анѓеловски од Туристичко-угостителската комора.

Од Комората посочуваат дека овој сектор е еден од најзасегнатите од кризата предизвикана од пандемијата и оти граѓаните кои работат во овој сектор тонат во долгови.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »