Промовирани огласи »

Цената на биткоинот достигна рекордни 62.575 долари вчера, што значи дека најголемата крипто валута во светот го продолжи порастот што го започна во 2021 година кон новите највисоки нивоа.

Глобално најпопуларната дигитална монета досега е двојно зголемена во вредноста оваа година, како резултат на растечкото прифаќање како средство за инвестирање и како средство за плаќање, бидејќи инвеститорите бараат средства со висок принос во средина со ниски камати.

Соборувањето на рекордот беше очекувано, особено откако Coinbeis го објави излегувањето на берзата.

Големи компании, вклучително и најстарата банка во Њујорк БНИ Мелоун, Мастеркард и Тесла, се меѓу оние кои прифатиле плаќање или инвестирале во криптовалути.

Промовирани огласи »

Казната од неколку милијарди долари наметната од кинеските регулатори на „Алибаба“ го стимулира растот на акциите на овој гигант во електронската трговија, што значително го зголеми богатството на основачот на компанијата Џек Ма.

Акциите на Алибаба, кои котираат на берзата во Хонг Конг, зајакнаа два дена по ред, а вчера пораснаа за околу 0,5 проценти, по скок од над 6,0 проценти, додека на Волстрит во понеделникот пораснаа за повеќе од 9,0 проценти, највисоко во последните скоро четири години, пренесува Раша Тудеј.

Порастот на вредноста на Алибаба беше од корист за основачот на кинескиот интернет гигант Џек Ма, чија нето вредност, според индексот на милијардери „Блумберг“, скокна за 2,3 милијарди долари за само еден ден, достигнувајќи 52,1 милијарда долари.

Тој во моментов е 25-тиот најбогат човек во светот и трет најбогат во Кина

Минатиот викенд, регулаторите на кинескиот пазар на Алибаба и изрекоа казна од 18,2 милијарди јуани (2,8 милијарди долари), што е еднакво на учество од 4,0 проценти од приходите на компанијата во 2019 година. Иако е висока, оваа казна сепак е помала од максималната можна мерка предвидена со кинескиот закон.

Кинескиот регулатор ја донесе пресудата со образложение дека Алибаба применила антиконкурентни практики, условувајќи ги трговците дека не можат да нудат добра и услуги што ги продаваат преку нивната мрежна мрежа на ривалските платформи за е-трговија.

Алибаба веднаш се согласи да ја плати казната и вети дека ќе обезбеди поотворено опкружување за работење за своите трговци и партнери.

Промовирани огласи »

Мажите со години се на чело на раководните одбори, доминирајќи во светот на бизнисот. Но, со подемот на влијателни жени како Коко Шанел и Есте Лаудер, започна промоцијата на цела нова ера за деловните жени низ целиот свет. 

Денес, жените седат рамо до рамо и ги основаат своите деловни активности како имиња на домаќинства во различни индустрии, вклучувајќи издаваштво, технологија, мода, радиодифузија и убавина.

МАРТА СТУЈАРТ

Компанија: Марта Стјуарт Ливинг Омнимедија

Возраст: 79 

Нето вредност: 638 милиони американски долари

Марта Стјуарт се прослави како квалитетен готвач, објавувајќи голем број книги за готвење и пишувајќи колумни за неколку списанија. Во 1997 година, деловната жена ги централизираше сите свои потфати со создавањето на нејзината медиумска компанија Марта Стјуарт Ливинг Омнимедија. Оттогаш се впушти во ТВ и радио етерот и продолжува да се фокусира на нејзиниот успех во готвењето.

ХУДА КАТАН

Компанија: Худа Бјути 

Возраст: 36

Нето вредност: 610 милиони американски долари

Худа Катан ја стартуваше својата империја за убавина откако се откажа од својата финансиска зделка во Дубаи. Борејќи се да најде одлични квалитетни вештачки трепки како хонорарен уметник за шминкање, Худа реши да започне со своја линија на синтетички и вештачки трепки. Откако стана новиот „it“ производ за Ким Кардашијан, трепките на Худа Бјути се распродадоа во текот на првиот ден, со што кралицата на шминката Катан стана личност за која луѓето почнаа сериозно да зборуваат. Оттогаш, нејзината империја за убавина се прошири на нега на кожата со лансирањето на нејзинината нова линија Wishful, промовирајќи природна и блескава кожа.

ВЕРА ВАНГ

Компанија: Вера Ванг 

Возраст: 71 

Нето вредност: 460 милиони американски долари

Вера Ванг беше доцен цвет, во споредба со останатите дами на оваа листа. Дури кога ја  дизајнираше својата венчаница на 40 години, реши да основа свој моден бренд. 

За среќа, Ванг ги имаше сите вистински контакти на располагање, работејќи во магазинот Вог, за да го направи својот бренд успешен. Оттогаш ја прошири својата компанија и сега дизајнира сè, од накит до домашни производи и прибор за готвење, како и облека, чевли и модни додатоци.

САРА БЛЕЈКЛИ

Компанија: Спанкс 

Возраст: 49 

Нето вредност: 1 милијарда американски долари 

Имаше малку пари за да инвестира во сопствената идеја, Сара Блејкли, идната жена претприемач на Спанк, се соочи со низа одбивања од страна на инвеститорите при лансирање на нејзиниот бренд. Конечно бизнисот се помести од мртва точка кога Опра Винфри јавно ја поздрави нејзината бизнис идеја. 

ДЕНИЗ КОУТС

Компанија: Bet365

Возраст: 52

Нето вредност: 9,5 милијарди американски долари 

Дениз Коутс е успешна сопственичка на страницата за обложување Bet365, за што и требаше една година да се развие и пушти во продажба. Таа успеа да го финансира бизнисот со добивање заем од 15 милиони фунти од Кралската банка на Шкотска (околу 20 милиони долари), претворајќи го во една од најголемите светски страници за коцкање преку Интернет.

‘Don’t be intimidated by what you don’t know. That can be your greatest strength and ensure that you do things differently from everyone else.’ - SARAH BLAKELY

 

Промовирани огласи »

Дигиталните зелени сертификати, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе бидат издавани за сите вакцини против ковид-19, а граѓаните на трети земји исто така ќе можат да ги имаат, порачано е од Брисел, пренесува Блиц.рс.

Европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс, во дебатата пред Комитетот за слободи и правда на Европскиот парламент, вели дека главната цел на дигиталните зелени сертификати е да го олеснат слободното движење во ЕУ и да им помогнат на граѓаните да го вратат своето право на слободно патување на начин кој е прилагоден на здравствената ситуација. 

Европската комисија предложи дигиталните зелени сертификати да се прошират на државјани на трети земји кои живеат или патуваат легално во ЕУ. Со текот на времето, европските зелени сертификати треба да станат интероперабилни со меѓународните стандарди. На среден рок, системот треба да се усогласи., така што сертификатите издадени од трети земји автоматски се прифаќаат во ЕУ , рече Рејндерс.

Тој во Европскиот парламент рече дека сите граѓани на ЕУ ќе добијат ист третман кога ќе бидат укинати ограничувањата за патување и дека ќе се издадат потврди за сите вакцини, без оглед дали се одобрени од ЕМА или не.

Земјите-членки ќе бидат обврзани да прифаќаат вакцини кои се одобрени на ниво на ЕУ и тие ќе можат слободно да ги прифаќаат сите други вакцини, вели Рејндерс.

Во Брисел, нагласуваат дека дигиталните сертификати не се „пасоши за вакцинација“, туку дека тие подразбираат три вида на сертификати што ќе бидат издадени во дигитална или хартиена форма и ќе се однесуваат на доказ за вакцинација против ковид-19, негативен тест или доказ за постоење на антитела.

Се наведува дека сертификатите ќе се издаваат бесплатно, дека планот е да стапи на сила до почетокот на летото и дека тие ќе бидат суспендирани кога СЗО ќе означи крај на пандемијата.

Кога пандемијата е зад нас, нема да има потреба од сертификати, но инструментот, кој сега го воведуваме, ќе се чува во случај да мора повторно да се активира поради нова пандемија, рече Рејндерс.

Тој рече дека дигиталните сертификати можат да се користат само за слободно движење и дека секоја друга употреба на национално ниво мора да биде законски утврдена, пропорционална и недискриминаторска.

За предлогот на Европската комисија да воведе дигитални зелени сертификати, треба да биде поддржан во Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »