Промовирани огласи »

Најдоцна до понеделник ќе се знае дали по 20 април ќе има седење во кафеани и ресторани или рестриктивните мерки ќе останат на сила. Министерот за здравство со објаснување дека тоа ќе зависи од епидемиолошката состојба – бројот на заразени и притисокот врз болниците. Филипче вели дека и викендот ќе прават проценки со Комисијата за заразни болести а според информации на Сител, една од опциите е рестрикциите да бидат продолжени уште една недела, односно до 27 април. Сегашната слика според здравствените власти има тренд на опаѓање на бројот на нови случаи, но се уште има голем број лица кои се во болничките соби. 1687 граѓани се наоѓаат во ковид центрите ширум државата. 

И додека граѓаните го чекаат епилогот какви мерки ќе има за време на претстојните празници, министерот за здравство очекува да има консезус во Собранието и пратениците да ги прифатат законските измени со кои се ограничуваат цените за лекување на ковид пациенти во приватни болници. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат и дополнување на Законот за здравствена заштита во кој треба да бидат опфатени и пациентите кои поради пандемијата не можат да стигнат на ред за хируршки интервенции во државното здравство.Од СДСМ, пак, се надеваат сите парламентарци да го поддржат регулирањето на ценовникот. 

- Со дополнувањата на Законот за здравствена заштита, ќе предвидиме граѓаните со хронични и останати болести, кои повеќе од 60 дена се на листа на чекање за некоја операција или друга здравствена, дијагностичка и интервентна услуга во државното здравство, да можат да отидат во приватна болница, а услугата да ја платат по цена како во државното здравство – рече Ели Панова пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Покрај ова, со предложените законски измени е предвидено и користење на ресурсите на приватните болници доколку условите го наложуваат тоа согласно состојбата предизвикана од пандемијата во име на заштита на јавното здравје и се забранува преземање на здравствени работници од јавното здравство од страна на приватните здравствени компании.

Истовремено, предвидени се и измени во делот на глобите за прекршоци доколку приватните здравствени установи не постапуваат согласно законските одредби, изјави Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

Во моментот на сила се мерките кои стапија на сила на 6-ти април – полициски час од 20 часот до 5 часот наутро, времено клуч на врата на фитнес клубови и спортски сали и затворени угостителски објекти кои работат само со нарачки. 

Промовирани огласи »

Авторот и предавач на Стенфорд, Ејми Вилкинсон ги открива вештините за основата на успехот во претприемништвото. Ејми Вилкинсон е основач и извршен директор на Ingenuity, предавач на Факултетот за бизнис на Стенфорд и автор на Кодексот на креаторот: Шесте основни вештини на вонредните претприемачи. Таа ги советува извршните директори и новите лидери ширум светот за тоа како да ги совладаат вештините што се основа на успехот во претприемништвото.

Кариерата на Вилкинсон опфаќа лидерски улоги во McKinsey & Company, J.P. Morgan и како основач на Alegre, странска компанија за извоз. Исто така, таа служеше во Белата куќа како висок советник за политика на трговски претставник на САД и соработник во Белата куќа.

Вилкинсон била главен говорник за корпорациите, институтите и универзитетите ширум светот. Неодамнешните настани со говори вклучувајќи ги и Светскиот економски форум во Давос, Изложбата на потрошувачи на електроника, NASSCOM (Форумот за лидерство во Индија), Мајкрософт, IBM, TD Ameritrade, Националната асоцијација на гувернери и Одборот на гувернери на Федералните резерви. 

Ејми Вилкинсон е само еден од светските примери за успешни жени претприемачи.

Промовирани огласи »

Прекршочната постапка не може да се поведе ниту да се води ако поминат три години од денот кога е сторен прекршокот. Застарувањето на прекршочното гонење започнува од денот кога е сторен прекршокот.

Застарувањето се прекинува со секое процесно дејствие што се презема заради гонење на сторителот на прекршокот. Застарувањето се прекинува и кога сторителот во времето додека тече рокот на застареноста стори, исто така, тежок или потежок прекршок.

По секој прекин застарувањето започнува повторно да тече. Застареност на прекршочното гонење настанува во секој случај кога ќе измине двапати онолку време колку што според закон се бара за застареност на прекршочното гонење.

Застареност на извршувањето на прекршочните санкции

Изречената прекршочна санкција не може да се изврши ако од денот на правосилноста на одлуката за прекршокот поминат три години.

Застарувањето на извршување на прекршочната санкција започнува да тече од денот кога одлуката за прекршокот станала правосилна.

Застарувањето се прекинува со секое дејствие на надлежниот орган што се презема заради извршување на прекршочната санкција. По секој прекин застарувањето почнува повторно да тече.

Застареност на прекршочната санкција настанува во секој случај кога ќе измине двапати онолку време колку што според закон се бара за застареност на извршувањето.

Доколку глобата се плаќа на рати рокот на застареност почнува да тече откако истекол рокот од последната рата. 

Промовирани огласи »

Скопје бележи пад на загадувањето во првиот квартал од 2021 година, споредено со истиот период од претходните години. При анализа на нивото на ПМ10 честички во воздухот од страна на државните мерни станици, месеците јануари, февруари и март покажуваат праволиниски пад на овие вредности на територијата на градот Скопје.

Групирањето на податоците, посебно на квартално и годишно ниво, ни овозможува исклучување на приликите како метеоролошки влијанија, кои што на месечно ниво може да ја компромитираат сликата. Односно, доколку примерокот на анализирани податоци е поголем, може да бидат донесени заклучоци кои пореално ја прикажуваат фактичката состојба, на подолг рок. До сега, највисоки вредности биле измерени во 2017 година кога имало дури 365.5 ПМ10 μg/m3. Од тогаш, вредностите се во постојан пад.

Дополнително, покрај постојаниот пад, доколку се вратиме само неколку години наназад, ќе видиме дека нивото на ПМ10 μg/m3 за само 4 години паднало речиси три пати.

Скопје кој до пред неколку години беше од врвот на листите на најзагадени градови, годинава е на 380 место, според IQair. Доказ е и тоа дека, оваа година, не беа воведени вонредни мерки со кои одредени категории на граѓани беа ослободувани од работа, се воведуваше бесплатен превоз, се зголемуваше цената на паркингот, со цел намалување на штетните гасови и последиците од нив.

Важно да се продолжи со спроведување на политиките насочени кон намалувањето на загадувањето на воздухот чии што ефекти стануваат видливи, и од страна на институциите и од стана на граѓаните. Да продолжат засилените инспекциски контроли, расчистувањето на дивите депонии, подигањето на нови зелени површини и подигањето на остатоците на стрништата од страна на градот. А граѓаните што помасовно да се вклучат во кампањите за пријавување на огнови на отворено, да користат велосипеди, електрични тротинети, да ги искористат субвенциите за чистење на оџаците и за купување инвертори.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »