Промовирани огласи »

Скопје бележи пад на загадувањето во првиот квартал од 2021 година, споредено со истиот период од претходните години. При анализа на нивото на ПМ10 честички во воздухот од страна на државните мерни станици, месеците јануари, февруари и март покажуваат праволиниски пад на овие вредности на територијата на градот Скопје.

Групирањето на податоците, посебно на квартално и годишно ниво, ни овозможува исклучување на приликите како метеоролошки влијанија, кои што на месечно ниво може да ја компромитираат сликата. Односно, доколку примерокот на анализирани податоци е поголем, може да бидат донесени заклучоци кои пореално ја прикажуваат фактичката состојба, на подолг рок. До сега, највисоки вредности биле измерени во 2017 година кога имало дури 365.5 ПМ10 μg/m3. Од тогаш, вредностите се во постојан пад.

Дополнително, покрај постојаниот пад, доколку се вратиме само неколку години наназад, ќе видиме дека нивото на ПМ10 μg/m3 за само 4 години паднало речиси три пати.

Скопје кој до пред неколку години беше од врвот на листите на најзагадени градови, годинава е на 380 место, според IQair. Доказ е и тоа дека, оваа година, не беа воведени вонредни мерки со кои одредени категории на граѓани беа ослободувани од работа, се воведуваше бесплатен превоз, се зголемуваше цената на паркингот, со цел намалување на штетните гасови и последиците од нив.

Важно да се продолжи со спроведување на политиките насочени кон намалувањето на загадувањето на воздухот чии што ефекти стануваат видливи, и од страна на институциите и од стана на граѓаните. Да продолжат засилените инспекциски контроли, расчистувањето на дивите депонии, подигањето на нови зелени површини и подигањето на остатоците на стрништата од страна на градот. А граѓаните што помасовно да се вклучат во кампањите за пријавување на огнови на отворено, да користат велосипеди, електрични тротинети, да ги искористат субвенциите за чистење на оџаците и за купување инвертори.

Промовирани огласи »

Да ни следуваше лето без пандемија, ќе можевме сигурно многу повеќе дестинации да спомнеме во листата на најдобри места за одмор оваа година, но овој пат потрагата има посебни параметри, а тоа е безбедност на здравје во време на пандемија. Еве неколку предлози каде би можеле да одите да одморите ова лето и сепак да бидете колку-толку заштитени. 

Малта

Малта има релативно мал број случаи на Ковид-19, има успешно аплицирање на вакцините и започна да ги намалува ограничувањата на движење, па затоа може да биде во форма за безбеден одмор додека да дојде лето.

Малта, Гозо и Комино треба да бидат повторно отворени за туристите од 1 јуни 2021 година. Оние кои не се вакцинирале ќе може да приложат негативен PCR тест не постар од 72 часа. А ако сте вакцинирани нема да треба да направите тест, но ќе треба да покажете доказ за вакцината.

А и фактот дека островот нуди да им плати на туристите да го посетат ова лето е нешто што треба да се запомни за планирањето на вашиот одмор!

Гибралтар

Гибралтар има многу успешна стапка на вакцинација, над 85% од возрасните лица таму веќе добиле вакцина. (Всушност, тоа е една од првите земји во светот што го вакцинираше поголемиот дел од своето население).

Ова и фактот дека има многу мали бројки на случаи со Ковид-19 значи дека ограничувањата за движење во Гибралтар се укинати скоро целосно, со отворени барови и ресторани и без ограничувања на бројот на луѓе што можат да се соберат.

Грчките острови

Додека скоро цела Грција гледа трет бран случаи на Ковид-19, вреди да се напомене дека островите имаат помалку население и помал број на случаи со Ковид-19.

Всушност, според системот за патни коридори, Министерството за надворешни работи советуваше да не се патува во Грција, но од овој совет ги исклучи островите како Родос, Кос и Крф.

Во моментов има притисок низ островите за да се вакцинира нивното население на време за да ги пречекаат туристи во мај, за да бидат безбедни и жителите и туристите.

Агендата, наречена Операција Слобода, предвидува дека населението на над 60 острови ќе биде вакцинирано пред планираното мајско рестартирање.

Португалија

Португалија претходно беше на постојната црвена листа на Англија, но беше отстранета во март заедно со Мадеира и Азурските Острови.

Земјата планира да ги пречека туристите од мај, под услов да можат да покажат доказ за негативен тест Ковид-19 или доказ дека биле целосно вакцинирани.

Иако има зголемување на бројот на случаи Ковид-19, земјата спроведува програма за вакцинација, па затоа може да дојде летото, а ова е една од дестинациите што се нудат за сите кои ќе можат да патуваат ова лето.

Сејшели

На Сејшелите имаа мал број на случаи низ целата пандемија и веќе се проценува дека вакцинирале повеќе од половина од населението, така што може да биде дел од зелената листа кога повторно ќе се отворат границите.

Островите се веќе отворени за туристи - вакцинирани или не - кои можат да покажат доказ за негативен тест Ковид-19, направен до 72 часа пред патувањето.



 

Промовирани огласи »

Фирмите и самостојните вршители на дејност за помош за плати за февруари и март од петтиот пакет мерки ќе може да аплицираат до 30 април годинава. Пролонгирањето е направено преку усвоен амандман денеска на Комисијата за Комсисијата за финансирање и буџет, каде се разгледуваат законските решенија од петиотиот пакет антикризни мерки.

Поради доцнењето на усвојувањето на мерките, прифатен е едногласно амандманот на Законот за финансиска поддршка за самостојни вршители на дејност за месеците февруари и март, по скратена постапка, како и на законот за финансиска поддршка на работодавачите.

Не беше прифатен амандманот на ВМРО-ДПМНЕ со кои се бараше помошта да биде за февруари, март, април и мај, парите да се префрлат директно на трансакциска сметка на работниците, а средствата да бидат неповратни.

Според заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски мерките од петтиот пакет мерки се влезени во Буџетот и не може да се продолжат за месеците април и мај и дека платата на работиците се исплаќа преку работодавачите.

Поднесени се 27 амандмани, од кои 17 се од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и 10 од владејачкото мнозинство.

На дневен ред пред Комисијата за финанирање и буџет се предлог-законите за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност и за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза заради исплата на платите за февруари и март, како и измената на Законот за данок на личен доход, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет денека треба да разгледаат предлози за дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници во второ читање и Предлог – закон за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, исто така во второ читање.

Извор: Иновативност.мк

Промовирани огласи »

50GB интернет, 10% попуст на месечна претплата и нов избор на атрактивни смарт уреди на рати.

А1 Македонија со големо задоволство ја најавува најновата атрактивна промоција за сите свои корисници кои ќе направат онлајн нарачка на тарифниот модел A1 Neon+

Новите корисници на онлајн тарифниот модел A1 Neon+и А1 Neon+ SIM добиваат промотивно 50GB национален интернет за сурфање на најбрзата мобилна мрежа, а дополнително А1 Neon+ корисниците кои ќе склучат договор на 24 месеци,добиваат и 10% попуст на месечната претплата.

Во комбинација со А1 Neon+ тарифниот модел, корисниците можат да изберат и еден од одличните смарт телефони, како дел од новата пролетна онлајн понуда, со можност за плаќање на рати и тоа, iPhone 11 64GB за 1339ден./месечно, Huawei P40 lite за 259 ден./месечно, Honor9X за 109 ден./месечно, Samsung GalaxyA02s зa 89 ден./месечно, Samsung Galaxy A12 за 159 ден./месечно, како и моделите Samsung Galaxy A52 за 629 ден./месечно и Samsung Galaxy A72 за 799ден./месечно достапни на рати ексклузивно преку онлајн каналите за продажба.

Понудата на телефони важи за нови и постојни корисници на постпејд мобилни услуги, со склучување на нов или обнова на договорот на 24 месеци, само со испраќање на електронска нарачка или нарачка преку A1 Live Shop.

Дополнително на овие промотивни придобивки, корисниците на А1 Neon+ добиваат и можност за 12 месеци бесплатно слушање на омилената музика преку услугата A1 Xplore Music на музичката стриминг платформа – Deezer, без да трошат од месечниот интернет вклучен во тарифата.

Со оваа понуда, А1 Македонија уште еднаш ја потврдува својата заложба за креирање понуди и услуги кои ги пресретнуваат комуникациските потреби на корисниците и тоа преку дигиталните канали, за врвно корисничко искуство.

Повеќе информации за понудата се достапни тука.

ПР објава

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »