Промовирани огласи »

Ги потсетуваме работодавачите дека средствата за плати од петтиот пакет економски мерки треба да легнат на сметките на работниците за двата месеци наеднаш, а срамно ќе биде доколку некој работодавач и покрај сите санкции повторно ги злоупотреби овие наменски средства“, предупредуваат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Сојузот на синдикати на Македонија ќе ја следи исплатата на финансиската поддршка за плати за февруари и март со цел навремено да се спречи секаков обид за злоупотреба на средствата од страна на работодавачите.

Ги потсетуваме работодавачите дека средствата треба да легнат на сметките на работниците за двата месеци наеднаш, а срамно ќе биде доколку некој работодавач и покрај сите санкции повторно ги злоупотреби овие наменски средства, велат од Синдикатот.

Апелираат до работниците, доколку не ги добијат платите за февруари и март, веднаш да се обратат до ССМ за да може навремено да се реагира.

Финансиската поддршка за исплата на плати за февруари и март е дел од петтиот пакет антикризни мерки. Законите од овој пакет беа донесени вчера на пленарна седница во Собранието.

Промовирани огласи »

Властите во Албанија одлучија сите македонски државјани кои ќе влезат во Албанија од утре да одат во 14 дневен карантин, објави NEWS1.AL.

Оваа одлука ќе трае до 3 ми мај, а дали истата ќе биде продолжена останува да видиме.

Ова значи дека македонските граѓани за престојните празници нема да можат да одмараат во соседна Албанија.

Инаку изминатиов период поготово за време на викенди, македонските државјани го користеа а за прошетка во соседна Албанија.

Во Албанија во моментов се спроведува масовна вакцинација. Албанскиот премиер Еди Рама информираше дека денеска во Албанија ќе пристигнат нови 208 илјади дози на вакцини.

Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу изјави денеска дека сите граѓани кои примиле вакцина против коронавирус на руски и кинески производители, ќе добијат потврда за вакцинација.

Таа рече дека, и покрај фактот што ЕУ сè уште не ги одобрила вакцините, граѓаните нема да трпат последици поради тоа, пренесува порталот „Егзит“.

Според неа, дури и ако се воведат т.н. ковид-пасоши, граѓаните кои примиле руска или кинеска вакцина нема да бидат дискриминирани.

Промовирани огласи »

Веќе од денеска Србите кои се вакцинирани или кои имаат негативен ПЦР тест може да патуваат во Србија со приложени докази за тоа. Инаку во Грција на важност е полициски час но тој нема да важи за туристите. Така изјавија од Туристичката организација во Србија додавајќи дека на влезот во Грција ќе треба и да се пополни одреден формулар.

Сите оние кои ќе се одлучат да одат во Грција нема да можат да уживаат во рестораните и кафулињата во Грција кои остануваат затворени до 4 мај но туристите ќе може да порачуваат и земаат нарачки.

Во информацијата се вели и дека е потврдена и одлуката на македонските туристички места дека за српските државјани престојот ќе биде 20 отсто поевтин.

Министерот за здравство, Венко Филипче на 31 март информираше дека е во постојана комуникација со неговиот грчки колега, а во разговор со грчкиот министер за туризам, Хари Теохарис бил известен дека на 14. мај Грција планира да ги отвори граничните премини „Дојран“ и „Евзони“ и за македонските граѓани. Граѓаните на Македонија кои планираат да патуваат во Грција ќе мора задолжително да покажат сертификат дека се вакцинирани или пак да имаат негативен ПЦР тест за ковид-19.

Дали ќе се реализира ова засега нема нови детали.

Промовирани огласи »

Македонскиот пасош е 43 по ред највреден на светот, а зад нас во регионот е Црна Гора, додека Србија е на 36 место по вредност на патната исправа. Од друга страна, Хрватска и Словенија се најдоа на листата 16-ти и 11-ти по ред.

Организацијата која се занимава со проценка на пасошите, „Хенли пасош индекс“, на својата веб-страница ја објави најновата листа на моментално највредните пасоши во светот, чии граѓани имаат најголема корист кога патуваат на глобално ниво.

Највредниот пасош во светот е јапонскиот, чии граѓани можат да влезат во 193 земји без виза, по што следат Сингапур (192), јужнокорејскиот и германскиот (по 191), потоа италијанскиот, финскиот и шпанскиот и луксембургскиот (190).

Американскиот пасош е на седмото место, заедно со уште четири други земји, а Американците можат да влезат во 187 земји низ целиот свет.

Руските граѓани можат да влезат во 118. земја без виза, а нивниот пасош е на 48. место, додека најслабо рангиран е авганистанскиот, со слободен влез во 26 земји за граѓаните на таа земја.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »