Германската компанија „Гересхајмер“ денеска официјално ќе отвори фабрика во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 во Бунарџик.
Станува збор за инвестиција од областа на фармацевтската и здравствената индустрија за производство на специјализирани производи од медицинско стакло и пластика.
На официјалното отворање на фабриката ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски Фатмир Битиќи, министрите за здравство и за економија, Венко Филипче и Крешник Бектеши, како и со директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.
Првиот инвестициски циклус на „Гересхајмер“ е петгодишен и започна во 2019 година, а се очекува да заврши до 2024 година со инвестиција од најмалку 25 милиони евра. Делегација на „Гересхајмер“, вчера на средба во Влада најави и втор инвестициски циклус за производство на стаклени шприцеви за медицински цели.
„Гересхајмер“ е водечки глобален партнер во фармацевтската и здравствената индустрија кој произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика.